Тажниот весел Владимир

„Тажниот весел Владимир“роман за деца и млади на македонската писателка Оливера Николова. Книгата е објавена во 1984 година од „Детска радост “, Скопје, библиотека Другарче, книга 30.[1]

Тажниот весел Владимир
АвторОливера Николова
Изработувач на
корицата
Владо Јоциќ
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрроман за деца
ИздавачДетска радост
Издадена
1984
Медиумпечатено издание

Содржина

уреди

Романот се состои од две приказни за Владимир. Првата со четири поглавја, а втората со седум. Во нив авторката со постапката на комбинација на модерно детско четиво и бајка ги раскажува случките од животот на детето Владимир. Како придружни ликови во книгата се јавуваат веселата тажна Кате,(споменувана во секое од поглавјата, но не активно вклучена во случувањата кои се актуелни во раскажувањето), мајката, таткото , сезнајната баба Епсиманија, и фантастичните ликови од бајките.

Во првата приказна се раскажува за ритуалот на бањање преку хумористичен писателски пристап, односно за походот на мајката да го „пробања“, а во фантазијата тој сака и да се „прожени“, замислувајќи се дека е принц кој треба да се ожени со принцезата на зрно грашок.

Во втората приказна повторно играчките, фантастичните суштества од приказните доаѓаат на припомош на мајката за принцот Владимир да се нахрани.Така еден обичен ден на чување, играње, капење, јадење и редовни домашни обврски, Оливера Николова успева на нејзиниот својствен начин да создаде четиво кое секојдневието го прави приказна и авантура. [2]

Наводи

уреди
  1. Тажниот весел Владимир, Оливера Николова, Детска радост, Скопје, 1984
  2. Тажниот весел Владимир, Оливера Николова, Детска радост, Скопје, 1984