Македонски парламентарни избори (2008)
Предвремените парламентарни избори во Република Македонија се одржани на 1 јуни 2008 година, по изгласувањето и распуштањето на Собранието на Република Македонија на 12 април 2008 година. Тоа беа први предвремени парламентарни избори од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година.
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Идејата за предвремените парламентарни избори во Република Македонија дошла веднаш по самитот на НАТО кој се одржал во Букурешт 2008 година. Иницијативата за вонредни избори била поддржана од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ заедно со нејзиниот коалициски партнер Демократската партија на Албанците, додека опозициските СДСМ и ЛДП гласале против.
На изборите победи коалицијата За подобра Македонија, предводена од ВМРО ДПМНЕ. Во Собранието влегоа 17 политички партии, од кои 10 со само еден пратеник.
На 26 јули 2008 година е изгласана новата влада, составена од министри од ВМРО ДПМНЕ, од коалициските партнери во коалицијата За подобра Македонија и од ДУИ, како партија со најголема поддршка кај албанскиот електорат.
Правни прописи
уреди- Гласачките места биле отворени од 07:00 до 19:00 часот.
- Биле избирани 120 пратеници по пропорционален метод. Резултатите биле пресметувани по Донтова формула.
- Од 6 изборни единици биле избирани по 20 пратеници.
- Биле запишани 1.779.116 избирачи во избирачкиот список, или 37.667 повеќе во однос на 2006 година.
- Имало 1.540 кандидати за пратеници.
Учесници на изборите
уредиПоднесени биле 18 кандидатски листи, од кои 16 на политички партии и коалиции и 2 од група избирачи. Севкупно, на изборите учествувале 41 партија. Од нив, 14 настапиле самостојно, а 27 во коалициите За подобра Македонија и СОНЦЕ. Коалиција за Европа.
- Коалиција За подобра Македонија (ВМРО ДПМНЕ, Социјалистичка партија на Македонија, Демократски сојуз, Демократска обнова на Македонија, Демократска партија на Турците на Македонија, Демократска партија на Србите во Македонија, Сојуз на Ромите од Македонија, ВМРО - Македонска, Обединета Партија за Еманципација, Партија на Правдата, Странка на Демократска Акција на Македонија, Партија на Власите од Македонија, Партија за Интеграција на Ромите, Народно Движење за Македонија, Бошњачка Демократска Партија, Партија на Зелените, Демократска Унија на Ромите, Работничко Земјоделска Партија на Р Македонија, Партија за Целосна Еманципација на Ромите).
- СОНЦЕ. Коалиција за Европа (Социјалдемократски сојуз на Македонија, Нова социјалдемократска партија, Либерално демократска партија, Либерална партија на Македонија, Нова Алтернатива, Зелена Партија на Македонија, Партија на пензионерите на Р Македонија, Демократски Сојуз на Власите од Македонија)
- Демократска унија за интеграција
- Демократска партија на Албанците
- Партија за европска иднина
- Партија за демократски просперитет
- Демократска унија на Албанците
- Социјалдемократска партија на Македонија
- Партија на слободни демократи
- Радикална странка на Србите во Македонија
- ТМОРО-ВЕП
- Движење за национално единство на Турците
- Сојуз на Титови леви сили
- ВМРО – Демократска партија
- ТМРО
- Национална демократска унија
- Група избирачи Панчо Минов
- Група избирачи Пецо Грујовски
Текот на кампањите на политичките партии
уредиСпоред анкетите спроведени од 11 април до 15 април од вкупно 1.108 граѓани на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ имала рејтинг од 29%, наспроти СДСМ со 11%, ДУИ со 10% и ДПА со 7%.
Изборни резултати
уредиПолитички партии и коалиции | Гласови | % | +/- | Мандати | % | +/- | |
---|---|---|---|---|---|---|---|
За подобра Македонија (ВМРО-ДПМНЕ и др.) | 481.501 | 48,78 | +14,43 | 63 | 52,5 | ▲17 | |
СОНЦЕ. Коалиција за Европа (СДСМ и др.) | 233.284 | 23,64 | -5,71 | 27 | 22,5 | ▼12 | |
Демократска унија за интеграција | 126.522 | 12,82 | +0,70 | 18 | 15,0 | ▲1 | |
Демократска партија на Албанците | 81.557 | 8,26 | +0,76 | 11 | 9,2 | ▬ | |
Партија за европска иднина | 14.474 | 1,47 | +0,27 | 1 | 0,8 | ▬ | |
Партија за демократски просперитет | 7.213 | 0,73 | ДУИ | 0 | 0 | ▼3 | |
Демократска унија на Албанците | 6.484 | 0,66 | +0,22 | ||||
Социјалдемократска партија на Македонија | 6.406 | 0,65 | -0,19 | ||||
Партија на слободни демократи | 4.362 | 0,44 | +0,44 | ||||
Радикална странка на Србите во Македонија | 4.326 | 0,44 | +0,29 | ||||
ТМОРО-ВЕП | 4.317 | 0,44 | +0,36 | ||||
Движење за национално единство на Турците | 3.782 | 0,38 | +0,31 | ||||
Сојуз на Титови леви сили | 3.758 | 0,38 | +0,05 | ||||
Група избирачи Панчо Минов | 2.744 | 0,28 | -0,36 | ||||
ВМРО – Демократска партија | 2.335 | 0,24 | +0,11 | ||||
ТМРО | 1.856 | 0,19 | +0,02 | ||||
Национална демократска унија | 1.651 | 0,17 | -0,29 | ||||
Група избирачи Пецо Грујовски | 449 | 0,05 | +0,05 | ||||
Вкупен одзив 57,06% | 1.015.164 | 100.0 | -11,46 | 120 | 100.0 | ||
Извор: Државна изборна комисија[мртва врска] Собрание на Република Македонија |
Освоени мандати по политички партии
уредиРаспределбата на мандатите по партии е следната:
Партија/коалиција | Мандати | +/- | |
---|---|---|---|
Коалиција За подобра Македонија | ВМРО ДПМНЕ | 53 | ▲15 |
Социјалистичка партија на Македонија | 3 | ▬ | |
Демократски сојуз | 1 | ▬ | |
Демократска обнова на Македонија | 1 | ▬ | |
Демократска партија на Турците на Македонија | 1 | ▼1 | |
Демократска партија на Србите во Македонија | 1 | ▬ | |
Обединета Партија на Ромите на Македонија | 1 | ▬ | |
ВМРО - Македонска | 1 | ▲1 | |
Странка на Демократска Акција на Македонија | 1 | ▲1 | |
СОНЦЕ. Коалиција за Европа | Социјалдемократски сојуз на Македонија | 18 | ▼5 |
Либерално демократска партија | 4 | ▼1 | |
Нова социјалдемократска партија | 3 | ▼4 | |
Либерална Партија на Македонија | 1 | ▼1 | |
Нова Алтернатива | 1 | ▲1 | |
Демократска унија за интеграција | 18 | ▲1 | |
Демократска партија на Албанците | 11 | ▬ | |
Партија за европска иднина | 1 | ▬ | |
Вкупно | 120 |
Освоени мандати по изборни единици
уредиИзборна единица | ВМРО-ДПМНЕ | СДСМ | ДУИ | ДПА | ПЕИ | |||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Гласови | % | Гласови | % | Гласови | % | Гласови | % | Гласови | % | |||||||||||||
ИЕ 1 | 85,805 | 49.86% | 41,679 | 24.22% | 23,229 | 13.50% | 11,413 | 6.63% | 1,937 | 1.13% | ||||||||||||
ИЕ 2 | 76,627 | 48.44% | 27,693 | 17.51% | 28,885 | 18.26% | 13,878 | 8.77% | 661 | 0.42% | ||||||||||||
ИЕ 3 | 112,155 | 65.35% | 51,418 | 29.96% | 2,710 | 1.58% | 554 | 0.32% | ||||||||||||||
ИЕ 4 | 106,660 | 59.95% | 61,981 | 34.84% | 2,355 | 1.32% | ||||||||||||||||
ИЕ 5 | 77,366 | 49.74% | 39,109 | 25.14% | 15,361 | 9.88% | 9,888 | 6.36% | 7,669 | 4.93% | ||||||||||||
ИЕ 6 | 22,888 | 15.09% | 11,404 | 7.52% | 56,337 | 37.15% | 45,824 | 30.22% | 1,852 | 1.22% | ||||||||||||
Вкупно | 481,501 | 38.98 | 233,284 | 23.64 | 126,522 | 12.82 | 81,557 | 8.26 | 14,474 | 1.47 | ||||||||||||
Извор: ДИК |
Освоените мандати по изборни единици се следните:[1]
Изборна единица | ВМРО-ДПМНЕ | СДСМ | ДУИ | ДПА | ПЕИ | Вкупно | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
ИЕ 1 | 11 | 5 | 3 | 1 | 0 | 20 | ||||
ИЕ 2 | 11 | 3 | 4 | 2 | 0 | 20 | ||||
ИЕ 3 | 14 | 6 | 0 | 0 | 0 | 20 | ||||
ИЕ 4 | 13 | 7 | 0 | 0 | 0 | 20 | ||||
ИЕ 5 | 11 | 5 | 2 | 1 | 1 | 20 | ||||
ИЕ 6 | 3 | 1 | 9 | 7 | 0 | 20 | ||||
Вкупно | 63 | 27 | 18 | 11 | 1 | 120 | ||||
Извор: ДИК[2] |