Демократска Десница

(Пренасочено од Демократска десница)

Демократска Десница — македонска политичка партија основана на 16 февруари 2011 година со седиште во Скопје.[1] Прв нејзин претсетедал бил Филип Петровски.

Демократска Десница
ВодачФилип Петровски
Основана16 февруари 2011
Распуштена12 февруари 2012
ШтабСкопје
Идеологијадесница
Боивиолетова, жолта
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

На Парламентарните избори на 5 јуни 2011 година партијата добила вкупно 1.515 гласови. Поради лошиот изборен резултат и неосвојувањето ниедно пратеничко место, претседателот Петровски на 9 јуни 2011 поднел неотповиклива оставка.[2]

На 12 февруари 2012 година, Филип Петровски изјавил дека неговата партија заедно со членството преминува во редовите на ВМРО-ДПМНЕ[3].

НаводиУреди

  1. „Промовирана нова „Демократска десница". Кајгана. 2011-02-16. Посетено на 2017-10-23.[мртва врска]
  2. „Филип Петровски поднесе оставка“. Net Press. Посетено на 2017-10-23.[мртва врска]
  3. Zurnal.mk. „И Демократска десница премина во ВМРО-ДПМНЕ“. Zurnal.mk (англиски). Посетено на 2017-10-23.[мртва врска]

Надворешни врскиУреди