Партија на слободни демократи
Партијата на слободни демократи (ПСД) — македонска политичка партија.
Партија на слободни демократи (ПСД) | |
---|---|
![]() | |
Водач | Љупчо Јордановски († 2010) |
Основана | 21 октомври 2007 (осн. собрание) 27 декември 2007 (судски заверена) |
Штаб | Скопје, Република Македонија |
Идеологија | Либерализам |
Меѓународна припадност | нема |
Европска припадност | нема |
Бои | сина и црвена |
Политика на Република Македонија Политички партии Избори |
ИсторијаУреди
Партијата е формирана на 21 октомври 2007 година од поранешни членови на СДСМ поради незадоволство од партијата. За прв претседател е избран Љупчо Јордановски[1], кој таа функција за извршувал сè до својата смрт во октомври 2010 година. Со судска одлука партијата била регистрирана на 27 декември 2007 година.[2]
Учество на парламентарни избориУреди
Партијата за првпат учествувала на парламентарните избори во 2008 самостојно каде што освоила 4.362 гласови (0,4%) и не освоила пратенички мандат. На следните избори партијата се приклучила на коалицијата предводена од СДСМ. На овие избори партијата повторно не освоила пратеничко место. Партијата не учествала на парламентарните избори во 2014 и 2016.
СимболУреди
Партискиот симбол е името на партијата напишана со бели букви на сина основа, на која има стилизирана црвена оригами птица во лет.
НаводиУреди
- ↑ Дулови, Лирим (21 октомври 2007 00:00). „Јордановски избран за претседател на Партијата на слободни демократи“. А1. Посетено на 2010-10-07. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Слободните демократи и официјално на политичката сцена“. Утрински Весник. 11 јануари 2008. Посетено на 2010-10-07.