Изборна единица 9

поранешна изборна единица во Македонија

Изборната единица 9 — поранешна изборна единица при парламентарни избори во Република Македонија во која можеа да гласаат македонските државјани од Азија и Океанија. Од оваа изборна единица се избираше еден пратеник за Собранието на Република Македонија. Заедно со останатите две изборни единици што ја претставуваа дијаспората, беше воведена со измените на Изборниот законик во октомври 2008 година и во неа се гласаше на два парламентарни избори, во 2011 и 2014 година. Со измените на Изборниот законик во ноември 2015 година, Изборната единица 9, заедно со Изборната единица 8, влезе во составот на преструктуираната Изборна единица 7.

Избирачки места

уреди

И во 2011 и во 2014 година во оваа изборна единица биле предвидени 3 избирачки места. Од нив, две избирачки места биле во Австралија, а едно во Кина.

Вкупен број регистрирани гласачи

уреди

Регистрирани гласачи за изборите во 2011 година беа 798,[1] а за изборите во 2014 година - 1.534.[2] Вкупниот број на Македонци во оваа изборна единица се проценува дека се движи околу 200.000.[се бара извор]

Наводи

уреди
  1. Државна изборна комисија: Предвремени парламентарни избори 2011 - Изборна единица 9[мртва врска]
  2. „Државна изборна комисија: Предвремени парламентарни избори 2014 - Изборна единица 9“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-08-19.

Поврзано

уреди