Партија за целосна еманципација на Ромите

Партија за целосна еманципација на Ромите — политичка партија која ги претставува Ромите во Македонија. Партијата е основана на 12 август 1990 од страна на Фаик Абди. По парламентарните избори во 1990, Абди станал првиот пратеник од ромска националност во македонското Собрание. Во периодот помеѓу 1994 и 1998 година, ПЦЕР имала двајца пратеници: Фаик Абди и Амди Бајрам. Партијата во периодот 1998–2011 дејствувала вонпарламентарно, сѐ до влегувањето на Самка Ибраимовски во Собранието како дел од коалицијата предводена од СДСМ. Ибраимовски е трет и актуелен претседател на партијата. Дел од членството на ПЦЕР во 2016, предводено од генералниот секретар Мемедов, ја напуштило партијата за да влезе во коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.[1] На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ.

Партија за целосна еманципација на Ромите
ВодачСамка Ибраимовски
Основана12 август 1990
ШтабСкопје
Боисина, зелена, црвена
Мрежно место
pcer.org.mk
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Наводи

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди