Македонски парламентарни избори (2014)

парламентарни избори во Македонија

Предвремени парламентарни избори во 2014 година — избори одржани на 27 април 2014 година. Тие се одржаа истовремено со вториот круг на редовните Претседателски избори. Тие беа трети предвремени парламентарни избори од независноста на Македонија и трети предвремени парламентарни избори во низа.

Македонски парламентарни избори, 2014
Македонија
2011 ←
27 април 2014 → 2016

123 мандати во Собранието
62 места за мнозинство
Регистрирани 1.780.128
Излезност 62.96% 0,52%
  Прва партија Втора партија
  Никола Груевски Зоран Заев
Водач Никола Груевски Зоран Заев
Партија ВМРО-ДПМНЕ СДСМ
Водач од 2003 2013
Последни избори 56 мандати 42 мандати
Освоени места 61 34
Промена во местата 5 8
Добиени гласови 481,615 283,955
Удел 42.98% 25.34%

  Трета партија Четврта партија
 
Водач Али Ахмети Мендух Тачи
Партија ДУИ ДПА
Последни избори 15 мандати 8 мандати
Освоени места 19 7
Промена во местата 4 1
Добиени гласови 153.646 66.393
Удел 13,71% 5,92%

Резултати од изборите по изборни единици
     ВМРО-ДПМНЕ      СДСМ      ДУИ      ДПА      ГРОМ      НДП

Премиер пред изборите

Никола Груевски
ВМРО-ДПМНЕ

Избран за Премиер

Никола Груевски
ВМРО-ДПМНЕ

Изборите беа распишани на 6 март 2014 година.[1] Беа поднесени и прифатени 14 кандидатски листи, сите од политички партии и коалиции. Севкупно, на изборите учествуваа 51 партија. Од нив, 9 настапија самостојно, а 42 во некоја од коалициите. Во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ зедоа учество 23 партии, речиси половина од вкупниот број партии кои учествуваа на овие избори.

На изборите победи коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата предводена од СДСМ ги оцени изборите за нерегуларни и одлучи да го бојкотира Собранието. На 19 јуни 2014 година Собранието ја изгласа новата влада, која повторно е коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и на чие чело повторно застана Никола Груевски.

По 15-месечен бојкот на 1 септември 2015 година опозицијата предводена од СДСМ се врати во Собранието.[2]

Изборен модел

уреди

Парламентот се избира со мандат од четири години. Од вкупно 123 избрани пратеници, 120 се избираат според пропорционалниот модел во 6 изборни единици. Останатите тројца пратеници се избираат според мнозинскиот модел во еден изборен круг и тоа по еден пратеник од три изборни единици во Европа и Африка, во Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија.

Учесници на изборите

уреди

На изборите учествувале 4 коалиции, а самостојно учествувале 11 партии. Самостојно и во коалиција вкупно учествувале 46 партии.

  1. СДСМ и Нова социјалдемократска партија, Либерално-демократска партија, Обединети за Македонија, Партија за движење на Турците во Македонија, Партија за целосна еманципација на Ромите, Српска странка во Македонија, Демократски сојуз на Власите во Македонија, Санџачка лига
  2. Демократска партија на Албанците
  3. Коалиција Достоинство за Македонија (Достоинство и МОРО - Работничка партија)
  4. Демократска унија за интеграција
  5. ВМРО-ДПМНЕ и Социјалистичка партија на Македонија, Демократска партија на Србите во Македонија, Сојуз на Ромите од Македонија, Партија на правдата, Странка на демократска акција на Македонија, Партија на Власите од Македонија, Партија за интеграција на Ромите, Работничко-земјоделска партија на Република Македонија, Трајно македонско радикално обединување, Нова либерална партија, Партија на обединети демократи на Македонија, Татковинска македонска организација за радикална обнова - Вардар - Егеј - Пирин, Македонска алијанса, Демократска партија на Турците на Македонија, ВМРО-ДП, Демократски сојуз, Демократска обнова на Македонија, Демократски сили на Ромите, Демократска бошњачка партија, Обединета партија за еднаквост на Ромите, Демократска партија на Ромите, Социјалдемократска унија, Роми обединети од Македонија
  6. Национална демократска преродба
  7. Народно движење за Македонија
  8. ГРОМ
  9. Коалиција за позитивна Македонија (ПОПГМ и Алијанса за позитивна Македонија)
  10. ВМРО - Народна партија
  11. Социјалдемократска партија на Македонија
  12. Партија за економски промени 21
  13. Партија за демократски просперитет
  14. Партија за европска иднина

Резултати

уреди
e • d Преглед на резултатите од македонските парламентарни избори одржани на 27 април 2014
Партија Гласови % +/ Мандати +/
ВМРО-ДПМНЕ 481,615 42.97 +3.99 61 +5
СДСМ 283,955 25.34 -7.44 34 -8
ДУИ 153,646 13.71 +3.47 19 +4
ДПА 66,393 5.92 +0.02 7 -1
ГРОМ 31,610 2.82 Нова 1 +1
НДП 17,783 1.59 −1.08 1 −1
ВМРО-НП 16,772 1.50 -1,01 0
КПМ 10,566 0.94 Нова 0
ДМ 9,265 0.83 +0,04 0
СДПМ 4,700 0.42 +0,26 0
ПЕИ 3,194 0.28 Нова 0
НДМ 1,925 0.17 Нова 0
ПЕП 21 1,281 0.11 Нова 0
ПДП 385 0.03 +0,01 0
Вкупно важечки гласови 1,083,090 96.64 123
Неважечки гласови 37,654 3.35
Вкупно 1,120,744 100
Регистрирани гласачи & излезност 1,780,128 62.96 -0.52
Извор: ДИК

Освоени мандати по политички партии

уреди

Иако мандати на изборите добија само 6 политички субјекти (три изборни коалиции и три политички партии), поради големината на коалициите предводени од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, во Собранието на Република Македонија свои пратеници добија 15 партии. Од 15-те политички партии кои влегоа во Собранието, 8 добија по 1 пратеник.

61 19 34 7 1 1
ВМРО-ДПМНЕ и други ДУИ СДСМ и други ДПА ГРОМ НДП

Распределбата на мандатите по партии е следната:[3]

Партија/коалиција Мандати +/-
Коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ ВМРО ДПМНЕ 52 5
Социјалистичка партија на Македонија 3
Демократски сојуз 1
Демократска обнова на Македонија 1
Странка на демократска акција на Македонија 1
Демократска партија на Турците на Македонија 1
Демократска партија на Србите во Македонија 1
Сојуз на Ромите од Македонија 1
Коалиција предводена од СДСМ Социјалдемократски сојуз на Македонија 27 2
Нова социјалдемократска партија 3 1
Либерално-демократска партија 3 3
Партија на движење на Турците 1 1
Демократска унија за интеграција 19 4
Демократска партија на Албанците 7 1
Граѓанска опција за Македонија 1 1
Национална демократска преродба 1 1
Вкупно 123 3

Две пратенички од СДСМ беа исклучени од партијата и продолжија да бидат независни пратенички. А пратеничката на НДП стана членка на ДУИ.[4]

Резултати по изборни единици

уреди
Резултати по изборни единици
Изборна единица ВМРО-ДПМНЕ СДСМ ДУИ ДПА ГРОМ НДП
Гласови % Гласови % Гласови % Гласови % Гласови % Гласови %
ИЕ 1 73,554 37.88% 58,091 29.92% 26,657 13.73% 11,631 5.99% 8,725 4.49% 726 0.37%
ИЕ 2 74,649 40.53% 40,603 22.05% 32,061 17.41% 13,764 7.47% 5,503 2.99% 4,518 2.45%
ИЕ 3 112,176 56.41% 57,088 28.71% 3,516 1.77% 1,070 0.54% 5,169 2.60%
ИЕ 4 109,809 53.46% 70,004 34.08% 1,387 0.68% 8,428 4.10%
ИЕ 5 78,953 45.01% 45,370 25.87% 23,876 13.61% 5,219 2.98% 3,024 1.72% 2,366 1.35%
ИЕ 6 25,911 17.13% 12,142 8.03% 62,848 41.54% 34,600 22.87% 761 0.50% 9,745 6.44%
ИЕ 7 4,512 52.38% 521 6.05% 2,822 32.76% 104 1.21% 428 4.97%
ИЕ 8 1,170 63.41% 90 4.88% 475 25.75% 5 0.27%
ИЕ 9 881 89.71% 46 4.68% 4 0.41%
Вкупно 481,615 42.97 283,955 25.34 153,646 13.71 66,393 5.92 31,610 2.82 17,783 1.59
Извор: ДИК

Распределба на мандатите

уреди
Изборна единица ВМРО-ДПМНЕ СДСМ ДУИ ДПА ГРОМ НДП Вкупно
ИЕ 1 8 7 3 1 1 0 20
ИЕ 2 10 5 4 1 0 0 20
ИЕ 3 13 7 0 0 0 0 20
ИЕ 4 12 8 0 0 0 0 20
ИЕ 5 11 6 3 0 0 0 20
ИЕ 6 4 1 9 5 0 1 20
ИЕ 7 1 0 0 0 0 0 1
ИЕ 8 1 0 0 0 0 0 1
ИЕ 9 1 0 0 0 0 0 1
Вкупно 61 34 19 7 1 1 123
Извор: ДИК[5]

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди