Демократска унија на Албанците
Демократска унија на Албанците (албански: Bashkimi Demokratik Shqiptar (BDSH)) — политичка партија на македонските Албанци во Република Македонија. Партијата била основана во јуни 2007 од страна на Бардуљ Махмути.
Демократска унија на Албанците ДУА Bashkimi Demokratik Shqiptar BDSH | |
---|---|
![]() | |
Водач | Бардуљ Махмути |
Основана | јуни 2007 |
Штаб | Тетово, Република Македонија |
Политичка положба | Заштита на правата на Албанците во Македонија |
Бои | црвена, црна и жолта |
Политика на Република Македонија Политички партии Избори |
Учество на избори уреди
Партијата учествувала самостојно за првпат на парламентарните избори во 2008 година на кои освоила 6.484 гласови (0,6%)[1], а на следните избори забележала пад од околу 1.900 гласови, односно освоила 4.517 гласови (0,4%).[2] На двата парламентарни изборни циклуси партијата не успеала да освои пратеничко место.
Наводи уреди
- ↑ Збирни резултати од гласањето на 1, 15 и 29 јуни 2008 година на ниво на ДРЖАВА[мртва врска], Државна изборна комисија на Македонија, 29,06.2008
- ↑ „Државна изборна комисија: Предвремени парламентарни избори 2011 - Резултати“. Архивирано од изворникот на 2017-01-18. Посетено на 2017-06-26.
Надворешни врски уреди
- Платформата на партијата, 21.03.2011, mojotizbor.mk