Изборна единица 7
Изборната единица 7 е изборна единица при парламентарни избори во Република Македонија во која е овозможено да гласа македонската дијаспора. Од оваа изборна единица се избираат тројца пратеници за Собранието на Република Македонија, под услов да биде освоен одреден минимум на гласови. Преструктуирањето на Изборната единица 7 е извршено со измените на Изборниот законик во ноември 2015 година.
Претходно, Изборната единица 7 беше една од трите изборни единици во кои ја претставуваат македонската дијаспора. Таа ги опфаќаше македонските државјани од Европа и Африка и од неа се избираше еден пратеник за Собранието на Република Македонија. Заедно со останатите две изборни единици што ја претставуваат дијаспората, беше воведена со измените на Изборниот законик во октомври 2008 година.
Избирачки места
уредиВо 2011 година во оваа изборна единица биле предвидени 28 избирачки места. Од нив 27 биле во Европа, ниту едно во Африка, а едно во Азија (Анкара).
- Белград
- Приштина
- Подгорица
- Сараево
- Загреб
- Љубљана
- Софија
- Атина
- Букурешт
- Анкара
- Истанбул
- Виена
- Берлин
- Бон
- Минхен
- Берн
- Брисел
- Хаг
- Рим
- Венеција
- Мадрид
- Париз
- Лондон
- Копенхаген
- Стокхолм
- Будимпешта
- Прага
- Москва
На изборите во 2014 година биле предвидени 27 избирачки места. За разлика од 2011, не биле предвидени избирачки места во Атина, Будимпешта и Мадрид, а биле воведени избирачки места во Тирана и во Осло.
Вкупен број регистрирани гласачи
уредиРегистрирани гласачи за изборите во 2011 година биле 4.591,[1] а за изборите во 2014 година - 18.911.[2] Вкупниот број на Македонци во оваа изборна единица се проценува дека се движи од 300.000 до 500.000.[се бара извор]
Наводи
уреди- ↑ Државна изборна комисија: Предвремени парламентарни избори 2011 - Изборна единица 7[мртва врска]
- ↑ „Државна изборна комисија: Предвремени парламентарни избори 2014 - Изборна единица 7“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-08-19.