Македонија на Евровизија 2008
Македонија учествуваше на Евровизија 2008 во Белград, Србија. Претставникот на Македонија беше избран преку национална селекција, Скопје фест 2008, во организација на македонскиот радиодифузер Македонска радио-телевизија (МРТ). Победник беше песната Во име на љубовта отпеана од Тамара Тодевска, Врчак и Адријан Гаџа.
Скопје Фест 2008
уредиСкопје Фест 2008 бил музички натпревар организиран од МТВ што служел како македонското националн финале за избор на нивниот претставник за Евровизија 2008. Натпреварот се одржал на 13 февруари 2008 во Метрополис Арена во Скопје, а домаќини биле Живкица Ѓурчиновска и Борислав Тноковски, и бил пренесуван на МРТ 1 и МРТ Сат.
Натпреварувачки песни
уредиМРТ добиле 130 апликации од заинтересирани изведувачи и композитори на отворениот конкурс кон крајот на 2007 затворен пред нова година. 15 песни биле одбрани од добиените апликации од страна на комисија составена и од претходни евровизиски претставници, додека дополнителни 6 песни биле поднесени од добро познати изведувачи и композитори директно поканети од МРТ за натпреварот. 21 натпреварувачки изведувачи и песни биле објавени на 12 јануари 2008.[1]
На 14 јануари 2008, сите 6 песни напишани од поканетите композитори: "Аполон" изведена од Маја Вукичевиќ, "Кубана" изведена од Агон и Џокси, "Животот е мој" изведена од Сања Лефкова, "Слатка мала" изведена од Игор Шаревски, "Еден чекор или два" изведена од Филип Јордановски, и "Холивуд" изведена од Бојан и Биг Мама, биле повлечени од натпреварот со интерна одлука поради негативни реакции од композиторите на песните одбрани преку отворениот конкурс.[2]
Финале
уредиПобедникот беше одбран со телефонско гласање (50%) и експертско жири (50%). Селекцијата беше пренесувана преку кабелска и сателитска телевизија.
Финалето се одржало на 23 февруари 2008.[3] 15 песни се натпреварувале и 50/50 комбинација од јавно телефонско гласање и жири комисија ја одбрале Во име на љубовта изведена од Тамара, Врчак и Адријан како победник. Покрај изведбите на натпреварувачките песни, натпеварот вклучувал гостински настапи од претставникот на Белорусија на Евровизија 2008, Руслан Алекно, претставникот на Босна и Херцеговина на Евровизија 2006, Хари Мата Хари, и оддавање почит на претставникот на Македонија на Евровизија 2004, Тоше Проески кој починал во 2007.[4]
Бр. | Изведувач/и | Песна | Композитор/и | Жири | Телефонско
гласање |
Вкупно | Место | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | Сашо Гигов - Гиш | "Доцна е" | Григор Копров | 7 | 1,420 | 5 | 12 | 4 |
2 | Анета Качуркова | "Порака" | Роберт Билбилов, Анета Качуркова | 2 | 195 | 0 | 2 | 12 |
3 | Паркети | "Strawberry" | Сашо Паркет | 5 | 953 | 3 | 8 | 6 |
4 | Ристо Самарџиев и Flash | "Дојди до мене" | Ристо Самарџиев | 10 | 1,761 | 7 | 17 | 3 |
5 | Алтуна Сејдиу Туна | "Прашувам без глас" | Дарко Димитров, Максим Ристевски | 6 | 615 | 0 | 6 | 7 |
6 | Ламбе Алабаковски | "Земјо моја" | Дарко Димитров, Ламбе Алабаковски, Максим Ристевски | 8 | 2,401 | 10 | 18 | 2 |
7 | Елвир Мекиќ | "Армија" | Јован Јованов, Елвир Мекиќ | 0 | 1,588 | 6 | 6 | 8 |
8 | Горан Наумовски | "Тајна скриена" | Саша Вучковиќ | 0 | 150 | 0 | 0 | 14 |
9 | Тамара, Врчак и Адријан | "Во име на љубовта" | Раде Врчаковски | 12 | 3,441 | 12 | 24 | 1 |
10 | Влатко Илиевски | "Со други зборови" | Влатко Илиевски | 0 | 827 | 1 | 1 | 13 |
11 | Ноне Неделковска | "Врати се" | Кристијан Габровски | 3 | 857 | 2 | 5 | 9 |
12 | Јова Радевска | "Јас сум овде" | Јова Радевска | 0 | 1,026 | 4 | 4 | 10 |
13 | Игор Митровиќ | "Јас и ти" | Владимир Дојчиновски, Весна Малинова | 0 | 121 | 0 | 0 | 15 |
14 | Соња Тарчуловска | "Север и југ" | Месрур Саут, Весна Малинова | 1 | 2,086 | 8 | 9 | 5 |
15 | Нокаут | "Самовила" | Никола Перевски, Владимир Крстевски | 4 | 222 | 0 | 4 | 11 |
Евровизија 2008
уредиНа Евровизија, Македонија настапи во второто полуфинале на 22 мај 2008, и иако заврши 10., не успеа да се квалификува во финалето, бидејќи таа година десеттиот што ќе оди во финале се избираше со бодови од жири комисија, и тоа место ѝ припадна на Шведска.[5] Ова беше првпат Македонија да не успее да се квалификува во финалето откако полуфиналниот формат беше воведен во 2004.
Гласноговорник за Македонија на Евровизија 2008 беше водителот и презентер на МТВ, Огнен Јанески.
Гласање
уредиПоени доделени на Македонија
уредиПоени | Држава |
---|---|
12 бодови | |
10 бодови | Бугарија |
8 бодови | Швајцарија |
7 бодови | |
6 бодови | |
5 бодови | |
4 бодови | Чешка |
3 бодови | |
2 бодови | |
1 бод |
Поени доделени од Македонија
уреди
|
|
Наводи
уреди- ↑ Royston, Benny (12 January 2008). „FYR Macedonia: The 21 participants and songs“. Esctoday.
- ↑ „6 commissioned songs withdrawn in Macedonia“. Esctoday (на англиски)
- ↑ „Macedonia decides on 23rd February“. Esctoday (на англиски)
- ↑ Floras, Stella (23 February 2008). „Live: F.Y.R. Macedonia decides for Belgrade“. Esctoday.
- ↑ „Second Semi-Final of Belgrade 2008“. European Broadcasting Union. Архивирано од изворникот 23 April 2021. Посетено на 23 April 2021.
- ↑ 6,0 6,1 „Results of the Second Semi-Final of Belgrade 2008“. European Broadcasting Union. Архивирано од изворникот 24 April 2021. Посетено на 24 April 2021.
- ↑ „Results of the Grand Final of Belgrade 2008“. European Broadcasting Union. Архивирано од изворникот 24 April 2021. Посетено на 24 April 2021.