Ристо Самарџиев

Ристо Самарџиев (роден на 17 август 1964 година во Скопје[1]) — македонски македонски пејач и текстописец[2].

Ристо Самарџиев
Роден(а)17 август 1964 (1964-08-17) (56 г.)
ПотеклоСкопје, СР Македонија, СФРЈ
Жанровипоп
Занимањапејач, текстописец
Период на активност1980 – денес
Соработници

ЖивотописУреди

Ристо Самарџиев ја започнал својата музичка кариера кога имал 16 години. Тој бил еден од основачите на музичката група Цилиндар во 1981 година[3][4], која била една од првите рок њу бејв бендови во Македонија. Тој исто така бил фронтмен на групата Хаос ин Лаос[5]. Во 1987 година бил поканет да настапи на Макфест, најголемиот музички фестивал во земјата. Песната што ја извел, „Чили Вили“ потоа станала хит во Македонија[6]. По тој настап продолжил да работи самостојно, да се појавува на фестивалите[7], а потоа станал и вокалист на Меморија. Тој го има освоено четири пати првото место на Макфест како изведувач[8], а исто така напишал и песни за други пејачи[9]. Во 2009 година победил на Охридскиот фестивал во дует со Влатко Илиевски со песната под наслов „За љубов се пее крај[10]. Тој, исто така, учествувал повеќепати на македонските национални избори за натпреварот за песна на Евровизија[11].

НаводиУреди

  1. „Muzika.Net.Mk > Изведувачи > Ристо Самарџиев > Лична карта“. 26 April 2005.
  2. „Профил на Ристо Самарџиев“. www.muzichkiregistar.com.
  3. „VEST - Macedonian daily newspaper“. 27 April 2005.
  4. „ESC Reporter - Interview with Risto Samardziev: 2015 Macedonian hopeful“. 12 November 2014.
  5. „20 Godini umetnicka dejnos“. 16 February 2008.
  6. „Кога имам време, и се посветувам на песната“.
  7. „Ристо Самарџиев по третпат на престолот“.
  8. „Досегашни Победници МАКФЕСТ – Фестивал на забавни мелодии МАКФЕСТ – ШТИП“. www.makfest.mk.
  9. „МАКФЕСТ ГОДИНАВА БЕЗ СТРАНСКИ ПЕЈАЧИ, РИСТО САМАРЏИЕВ ЈА БРКА ПЕТТАТА ТИТУЛА - СМАРТ - СДК МК“. 4 October 2018.
  10. http://www.ohridskitrubaduri.mk/page-image-alignment/сите-награди-низ-годините/
  11. „Meet the 20 hopefuls from F.Y.R. Macedonia - Eurovision Song Contest Tel Aviv 2019“. eurovision.tv.

Надворешни врскиУреди