Маја Вукичевиќ

македонска пејачка

Маја Вукичевиќ (8 април 1974) — македонска пејачка.[1]

Маја Вукичевиќ
Родена 8 април 1974
Позната пејачка
Занимање пејачка

Животопис

уреди

Најпрвин, кариерата ја започна како ТВ презентер и новинар, но музиката цело време била присутна во нејзиниот живот, благодарение на нејзината мајка Милка, која била оперска пејачка. Нејзиното пејачко деби се случи во септември 1997. година, кога на фестивалот Охридски трубадури ја исполни композицијата Единствен на Кире Костов и Огнен Неделковски, за чија интерпретација се здоби со награда. Потоа, Маја ја продолжува кариерата на фестивалите Еврофест ’97 и Скопје ’98. На Скопскиот фестивал настапува со песната Број до десет на Стево Чрчев и Александар Митевски, за која аранжманот го напиша познатиот белграѓанец Раде Радивојевиќ. Во текот на 1998. година Маја соработува со тандемот Дарко Димитров - Александар Ристовски - Принц, од која се изродува песната „Остави ме“, со која вокалистката успеа да се издигне над просекот и со која почна високо да котира на македонските топ листи. На штипскиот музички фестивал Макфест '98 настапува со техно-темата Слепец со која (без оглед што поминува без награда) успева уште поцврсто да ги зајакне своите позиции. Годината што следува, 1999 г., Маја Вукичевиќ најмногу ја посветува на својот визуелен изглед. За темата Јас со помош на белградскиот режисер Дејан Милиќевиќ реализира ефектен видеоспот, а со спот ја илустрира и својата следна композиција Признавам (од Макфест ’99) на Кристијан Габровски. За темата Немој да си наивен од Скопскиот фестивал 2000. година не бил реализиран видеоспот, иако со истата Маја имаше забележителен сценски настап. Потоа, заради семејните обврски Маја Вукичевиќ едно време апстинираше од музичката сцена, а ништо не се случи ниту со нејзината соработка со водачот на Архангел - Ристо Вртев, која беше помпезно најавувана, и која требаше да резултира со албум. Место тоа, вистинското враќање оваа пејачка го имаше на Макфест 2002, каде настапи со песната Зборови на Кристијан Габроски, и со која имаше забележителен настап. Успехот на оваа композиција ја иницираше повторната соработка на Маја Вукичевиќ со Кристијан Габроски, а веднаш по Макфест 2002, во неговото студио, Маја ги сними песните кои треба да се најдат на нејзиното деби-цеде - Зборови.[2]

Дискографија

уреди

Профил на Маја Вукичевиќ на ВБУ Музички Регистар Архивирано на 23 јануари 2023 г.

Наводи

уреди
  1. „Muzika.Net.Mk > Изведувачи > Маја Вукичевиќ“. web.archive.org. 2004-11-29. Архивирано од изворникот на 2004-11-29. Посетено на 2020-10-08.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. „Маја Вукичевиќ“. web.archive.org. 2012-05-31. Архивирано од изворникот на 2012-05-31. Посетено на 2020-10-08.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)