Ламбе Алабаковски

македонски пејач

Ламбе Алабаковски (роден на 15 ноември 1987 во село Љубојно, Македонија[1]) — македонски пејач.

Ламбе Алабаковски
Роден(а)15 ноември 1987(1987-11-15)(36 г.)
Љубојно, СФР Југославија (денес Македонија)
Жанровипоп
Занимањапејач
Период на активност2004–сè уште активен

Биографија уреди

Алабаковски покажал интерес за музиката уште како дете и бил охрабрен од својот татко. Студирал на Еуро-колеџот во Куманово. Станал познат откако победил на М2 продукција „Плеј - потрага по ѕвезди 2004". Неговиот прв хит бил Спаси ме, компониран од страна на познатиот македонски композитор Дарко Димитров. Заедно со него биле откриени и новите М2 ѕвезди Елена Ристеска и Александра Пилева. Во 2005 тој ја снимил својата втора песна Каде песно моја, компонирана од Славе Димитров.

Во 2005 година тој заедно со Александра Пилева отпатувал во Брашов, Романија каде учествувал на фестивалот Golden Stag. Во октомври истата година учествувал на домашниот фестивал Макфест, каде ја промовирал неговата песна Ех, да можам.

Алабаковски се натпреваруваше на македонскиот избор на песна за Евровизија Скопје фест во 2007 годиа. Тој ја изведе песната „Бело е се“ која е напишана од Елена Ристеска, а компонирана од Роберт Билбилов. Исто така, Алабаковски се натпреваруваше на истиот фестивал во 2008 година со песната „Земјо моја“.

Личен живот уреди

Во 2013 се оженил со Магдалена Лена Јовчевска.[2] Алабаковски пет години живеел во Америка, но во јули 2021 година се вратил во Македонија.[3]

На 7 јуни, 2022 година Алабаковски бил приведен за палењето на влезната врата на бугарскиот центар „Иван Михаилов“ во Битола.[4][5]

Дискографија уреди

Албуми уреди

  • Море од солзи
  • Врати ми го срцето
  • Да не те љубев (2009)

Песни уреди

  • Спаси ме
  • Каде песно моја
  • Ех, да можам
  • Кажано е сè
  • Море од солзи
  • И после сè
  • Бело е сè
  • Врати ми го срцето
  • Земјо моја
  • Сè е по старо
  • Да не те љубев
  • Најдобро до сега
  • Биди пријател наш
  • Зар не е добро
  • Кога сонце грее, плачам

Спотови уреди

Спот Година Режисер
Каде песно моја 2005
Ех, да можам 2005
Кажано е сè 2006
Море од солзи 2006
Врати ми го срцето 2007
Сè е по старо 2007
Да не те љубев 2008 Чедо Поповски
Научи да се радуваш 2009
Сакам да те ах... 2009
Биди пријател наш 2010 Томато продукција
Најдобро до сега 2011 Томато продукција
Кога сонце грее плачам 2011 Принц
Зар не е добро 2012 Даниел Јовески
Земи се 2013 Фабрика
Дојди ми 2014 Plan B Production
Ќе те чекам јас 2014 Фабрика
Што е твое,твое е 2014 Plan B Production
Ти само кажи 2015 Фабрика
Оган да го гори 2023 Скендеровски Продукција
Дејгиди луди млади години 2024

Награди уреди

  • (2006) Хит на годината "Море од солзи" (според слушателите на Радио Фортуна)

Наводи уреди

  1. „Lambe biography“. Last.fm (англиски). Посетено на 2020-11-13.
  2. „Во кругот на семејството, колегите и пријателите Ламбе Алабаковски се ожени (Фото)“. MUZIKA24.MK. Посетено на 2020-10-14.
  3. „Ламбе се врати дома по пет години во Америка: Научив повеќе да ценам што е татковина и дом“. Женски Магазин. Посетено на 2022-06-07.
  4. „Пејачот Ламбе Алабаковски е приведеното лице за палењето на вратата на бугарскиот клуб во Битола“. 360степени. Посетено на 2022-06-07.
  5. „Пејачот Ламбе Алабаковски го подметнал пожарот пред културниот центар во Битола“. Телевизија Телма. Посетено на 2022-06-07.

Надворешни врски уреди