Личишта

село во Костурско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Личишча)

Личишта (дијалектно: Личишча; грчки: Πολυκάρπη, Поликарпи; до 1928 г. Λίτσιστα, Лициста)[2] — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур од истоимениот округ на Западна Македонија, Грција.

Личишта
Πολυκάρπη
Личишта is located in Грција
Личишта
Личишта
Местоположба во областа
Личишта во рамките на Костур (општина)
Личишта
Местоположба на Личишта во Костурско и областа Западна Македонија
Координати: 40°32′N 21°20′E / 40.533° СГШ; 21.333° ИГД / 40.533; 21.333
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски округ
ОпштинаКостур
Општ. единицаМакедон
Надм. вис.&10000000000000618000000618 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно747
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на неколку километри северно од градот Костур на источниот брег од Костурското Езеро во историско-географската област Корешта и на 1 километар и северно од Маврово. Селото се наоѓа на надморска височина од 618 метри.

Историја

уреди

За црквата „Свети Атанасиј“ се смета дека била изградена во текот на средниот век.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Личишта имало 270 жители Македонци и 120 Турци[4][5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Личишта се води како мешано македонско-турско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 100 куќи.[6]

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 560 македонски патријаршисти и работело грчко училиште[4][7], како и 496 македонски патријаршисти[8]. Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 340 Грци и 500 Турци. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 50 македонски и 50 турски семејства[9].

Во 1911 година било изградено ново грчко училиште во неокласичен стил, а во 1913 - црквата Света Варвара[10].

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[11]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 380 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 585 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Исома.[12] Во 1927 година, селото било преименувано во Поликарпи.[12] Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 5 деца од селото биле протерани како деца бегалци[13]

Демографија

уреди

Во 1928 година селото броело 585 жители.[14], додека во 1940 година селото броело 735 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 605 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 645 жители, во 1971 година имало 680 жители, во 1981 година имало 780 жители, додека во 1991 година имало 781 жител[15]. Денеска, населението на селото е 618 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 735 605 645 620 780 781 747
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

уреди
 
Трпко Василев
Родени во Личишта

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Πολυκάρπη
  3. Велев, Илија (1990). Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија. Наша Книга. стр. 27.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 100.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.
  8. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Sidiroxori.[мртва врска]
  9. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.
  10. Мрежно место на Македни[мртва врска]
  11. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја.
  12. 12,0 12,1 „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  13. „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Vissinia“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-15.
  14. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  15. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-15.
  16. Македонски дневник (спомени на отец Търпо Поповски), Издателство „Фама“, София, 2006, стр. 98-99.