Димитар Керамичиев

Димитар Керамичиев (роден на 2 август 1936 година во село Личишта, Костурско - починал на 25 мај 2008 година во Скопје) — македонски психолог и универзитетски професор.[1]

Димитар Керамичиев
Роден 2 август 1936
Личишта, Костурско, Егејска Македонија
Починал 25 мај 2008
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање психолог

Животопис

уреди

Димитар Керамичиев е роден на 2 август 1936 година во костурското село Личишта, во Егејска Македонија. Своето образование го започнал во родното место на грчки јазик. Средно образование завршил во Македонија, а во 1961 година дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Потоа завршил магистерски студии на Факултетот за политички науки на Белградскиот универзитет во 1979 година на тема: „Општествено-економската положба на работниците и нивната мотивација за работа во организациите на здружен труд на индустријата во Скопје“. Во 1981 година започнал да работи на Факултетот за физичка култура, каде што предава психологија и психологија на спортот, и на оваа високошколска институција останал до своето пензионирање. Во текот на професорувањето на Факултетот за физичка култура, Димитар-Таки Керамичиев бил член на бројни општествени организации. Меѓу нив, најзначајно било што тој како член на Претседателството на Матицата на иселениците од Македонија, во ноември 1993 година бил избран за нејзин претседател.

Автор е на низа трудови од областа на психологијата, презентирани во земјата и пошироко во поранешните југословенски простори. Едно од најголемите негови дел е „Психологија - во физичкото образование и спортот“. Книгата е издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, а рецензенти се доцент Виолета Арнаудова, доцент д-р Татјана Такашманова-Соколовска и професор д-р Димитар Циев. Делото содржи 430 страници и е поделено на 21 поглавје.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Керамичиев“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 688. Text "series " ignored (help)