Мултиплеј (ТВ филм)
Мултиплеј — хумористично-сатиричен македонски ТВ филм од 2007 година. Сценарист и режисер на филмот е Владимир Плавевски. Филмот е поддржан од Советот за Радиодифузија на Република Македонија.[1]
„Мултиплеј“ | |
---|---|
Омот од ДВД | |
Режисер | Владимир Плавевски |
Продуцент | Зоран Ристевски Ѓорге Билбиловски-Шефче |
Сценарист | Владимир Плавевски |
Главни улоги | Санела Емин Љупчо Бојковски Даница Георгиевска Александар Микиќ Мејди Алидеми-Жак Мустафа Јашар Мушереф Лозана Кирил Андоновски Зекир Сипахи Бајрам Северџан |
Жанр | хумористична сатира |
Музика | Јошко Бошковски |
Премиера | 2007 година |
Земја | Македонија |
Јазик | македонски, албански, турски, српски, бошњачки, ромски и влашки |
Кратка содржина
уредиВо нова зграда, чиј чувар е влавот Панде, се вселуват Македонците Трпе и Победа, Албанците Беким и Флора, Турците Мустафа и Наџија, србинот Жика, бошњакот Сафет и ромката Рефиџе. За вселувањето тие прават заедничка веселба и частење. Но, нивната зграда е само во бетонска изведба и сите станари се изненадени бидејќи имаат решенија за вселување. Преку Министерството за урбанизам сознаваат дека становите им се вселиви. Чуварот Панде ги известува оти инвеститорот и изведувачот исчезнале. Бидејќи немаат каде, сите се населуваат во зградата и тогаш почнуваат нивните заедички проблеми бидејќи се одвоени со ѕидови од најлон. Победа и Флора се бремени и мораат да одржуваат вежби за породилно дишење. На Рефиџе и доаѓа важен гостин и таа од сите позајмува кафе, шеќер, вода, џезве, филџани, плин и запалка за да го почести важниот гостин. Но, плинот експлодира и гостинот го исфрла низ прозорецот. Станарите се организират да го откопаат од песокот но тој доаѓа кај нив. Тој е американецот Џон кој е претставник на трансамериканско-балкански конзорциум и финансиски им помага во изградба на зградата под услов тие да не ги продаваат становите. Во новата зграда настануваат проблеми меѓу станарите кои сакат проширување. Зградата е без малтер и фасада, водата тече и избива струен курцшлус. Рефиџе има нов гостин за кој повторно позајмува кафе, шеќер, вода, џезве, шолји и плин од соседите но плинот повторно пука и новиот гостин, покриен со чаршав, ги престрашува станарите. Европеецот Карло, претставник на европскиот конзорциум за поправка на балканските фасади, им нуди средства за средување на фасадата на зградата под услов да не ја напуштаат. Во комплетно средена зграда Победа и Флора се породуваат а на Рефиџе и се враќа сопругот Рамче од Индија.
Улоги
уреди- Рефиџе (Санела Емин);
- Александар (Љупчо Бојковски);
- Победа (Даница Георгиевска);
- Жика (Александар Микиќ);
- Беким (Мејди Алидеми-Жак);
- Мустафа (Мустафа Јашар);
- Џон/Карло Коутон (Кирил Андоновски);
- Северџан (Бајрам Северџан);
- Мушерев (Мушереф Лозана);
- Зекир (Зекир Сипахи).
Посебна забелешка
уредиВо овој филм се застапени сите национални заедници во Р Македонија – мажи и жена Македонци – Трпе и Победа, маж и жена Албанци – Беким и Флора, маж и жена Турци – Мустафа и Наџија, србин Жика, бошњак Сафет, ромката Рефиџе и влавот Панде. Споредни улоги има американецот Џон, Европеецот Карло и изгубениот маж на Рефиџе – Рамче.
Главна сценаристичка идеја
уредиГлавната идеја на авторот сака да покаже дека во услови на живеење поставени во недовршена конструкција можат да живеат повеќе мултиетнички семејства помогнати од меѓународната заедница како морално-материјална поткрепа на нивната заедничка егзистенција и просперитет.
Споредна сценаристичка идеја
уредиДа ги отслика етничките заедници преку нивните локализми и навики во хумористично-сатиричен стил покажувајќи дека и нивната различност е еден од главните услови за нивното заедничко живеење.
Драматуршка поставеност
уредиХумористично-сатиричниот стил и наглите пресврти во драматургијата ги нагласуваат различностите на карактерите на личностите кои произлегуваат од нивната етничка одреденост, ја покажат апсурдноста на нивната политичка оптовареност и потребата од меѓународна условеност.
Посебна забелешка
уредиАртистите во одредени делови од драмата зборуваат на својот мајчин јазик ( македонски, албански, турски, српски, бошњачки, ромски и влашки) и според овој предуслов при кастингот на артистите треба да се внимава улогите да бидат поделени на артисти од соодветните националности.