Феличе Борел

италијански фудбалер

Феличе Пласидо Борел (роден на 5 април 1914 година во Ница) — поранешен италијански фудбалер и фудбалски тренер, кој играл на позицијата напаѓач.

Феличе Борел
Лични податоци
Полно име Феличе Пласидо Борел
Роден на 5 април 1914(1914-04-05)
Роден во Ница, Франција
Починал на 21 јануари 1993(1993-01-21) (возр. 78)
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001750000001,75 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 1949 (35 г.)
Младинска кариера
Торино Торино
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1932-1941 Јувентус Јувентус 205 (119)
1941-1942 Торино Торино 25 (7)
1942-1946 Јувентус Јувентус 75 (24)
1946-1948 Алесандрија Алесандрија 1 (0)
1948-1949 Наполи Наполи 1 (0)
Репрезентација
1933-1941 Италија Италија 3 (1)
Раководител на екипите
1942-1946 Јувентус Јувентус
1946-1948 Алесандрија Алесандрија
1948-1949 Наполи Наполи
1954-1955 Фосанезе
1966-1967 Тернана Тернана
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Тој бил светски шампион со италијанската репрезентација на Светското првенство 1934.

Животопис

уреди

Борел бил познат по прекарот Farfallino (малата пеперутка).[1] Тој е син на Ернесто и помлад брат на Алдо, кои исто така биле фудбалери; за да се разликува од својот брат, во фудбалските алманаси Феличе се појавувал и како Борел II. Феличе учел во класично средно училиште.[2]

Технички одлики

уреди

Борел обично играл како централен напаѓач, и се смета за еден од најдобрите напаѓачи на Италија и на Јувентус на сите времиња. Тој бил познат по неговата брзина, движење, шут, реализација, дриблинг, тимската игра и техничките квалитети. Во подоцнежните години од кариерата тој обично играл како внатрешен напаѓач, мецала, па дури и како централен играч од средниот ред. И покрај неговите големи фудбалски квалитети, тој бил доста склон кон повреди.[3][4][5]

Кариера

уреди

Клупска кариера

уреди
 
Борел со Јувентус во 1930-тите.

Феличе Борел го имал своето деби во Серија А со екипата на Јувентус со само осумнаесет години, на 2 октомври 1932 година, по натпревар во кој неговиот тим бил поразен од Наполи.[5] Од 1932 до 1935 година, тој придонел за освојување на 3 последователни скудета, и бил најдобар стрелец во сезоните 1932-33 (со 29 гола на 28 настапи) и 1933-34 (со 31 гол на 34 настапи):[5] во првата, бројот на голови бил поголем од бројот на одиграните натпревари, поставувајќи рекорд кој бил изедначен од Кристијан Виери седумдесет години подоцна со 24 гола на 23 настапи.[6] Тој, исто така, бил и најмладиот играч кој станал најдобар стрелец во италијанската лига.[7] Во сезоната 1937-1938, тој го освоил и својот прв трофеј во Купот на Италија со Јувентус.

Сепак, и покрај тоа што бил голем протагонист на Јувентус во периодот познат како Quinquennio d'oro (пет освоени скудета по ред), неговиот придонес во повеќето сезони бил ограничен со бројни повреди.[5] По само една сезона во Торино, тој повторно се вратил во „Старата дама“, останувајќи таму до 1946 година.[5] Тој потоа ја завршил кариерата бранејќи ги боите на Алесандрија и Наполи, во последниот клуб дури играјќи во Серија Б (неговата единствена сезона во понизок ранг), пред да замине во пензија во 1949 година.

Репрезентативна кариера

уреди

Тој одиграл 3 натпревари за италијанската репрезентација, постигнувајќи еден гол; и тоа на своето деби против Унгарија.[8] Учествувал на Светското првенство 1934, главно како резерва за напаѓачот на Болоња Анџело Скијавио,[9] играјќи само во повторениот натпревар од четвртфиналето против Шпанија.[8]

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
22-11-1933 Будимпешта Унгарија   0 – 1   Италија Куп на Централна Европа 1
3-12-1933 Фиренца Италија   5 – 2   Швајцарија Куп на Централна Европа -
1-6-1934 Фиренца Италија   1 – 0   Шпанија СП 1934 - Четвртфинале -
Вкупно Настапи 3 Голови 1

Клупска статистика

уреди
Сезона Клуб Првенство Национален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1932-1933   Јувентус А 28 29 - - - МК 4 1 32 30
1933-1934 А 34 31[10] - - - МК 6 5 40 36
1934-1935 А 29 14[10] - - - МК 7 6 36 20
1935-1936 А 8 5[11] КИ 0 0 - - - 8 5
1936-1937 А 26 17 КИ 2 1 - - - 28 18
1937-1938 А 14[12] 7 КИ 3 4 МК 0 0 17 11
1938-1939 А 19 1 КИ 1 0 - - - 20 1
1939-1940 А 17 6 КИ 3 2 - - - 20 8
1940-1941 А 30 8 КИ 2 2 - - - 32 10
1941-1942   Торино А 25 7 КИ 1 0 - - - 26 7
1942-1943   Јувентус А 25[13] 7[14] КИ 0 0 - - - 25 7
1944 АИ 22 5 - - - - - - 22 5
1945-46 ДН 28[15] 12[16] - - - - - - 28 12
Вкупно Јувентус 280 142 11 9 17 12 308 163
1946-1947   Алесандрија А 1 0 - - - - - - 1 0
1947-1948 А 0 0 - - - - - - - -
1948-1949   Наполи Б 1 0 - - - - - - 1 0
Вкупно во кариерата 307 149 12 9 17 12 336 170

Титули

уреди

Клупски

уреди

  Јувентус

уреди
1932-1933, 1933-1934, 1934-1935
1937-1938

Репрезентативни

уреди

  Италија

уреди
1934

Поединечни

уреди
1932-1933 (29 гола), 1933–1934 (31 гол)[4]

Наводи

уреди
  1. vol. 1: Protagonisti Text "Sappino" ignored (help); Text "p. 96" ignored (help).
  2. Gianni Romeo (25 април 1990). „Borel: «È tutto da rifare»“ (италијански). La Stampa. стр. 20.
  3. Caminiti, Vladimiro. „BOREL Felice Placido: il volo di Farfallino“ (италијански). storiedicalcio. Посетено на 19 May 2020.
  4. 4,0 4,1 Bedeschi, Stefano (1 April 2019). „Gli eroi in bianconero: Felice Placido BOREL“ (италијански). Tutto Juve. Посетено на 19 May 2020.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Garanzini, Gigi. „BOREL, Felice Placido“ (италијански). Treccani: Enciclopedia del Calcio (2002). Посетено на 19 May 2020.
  6. Празен навод (help).
  7. Mirko Graziano (30 ноември 2016). „Inter, Icardi ne segna sempre due“.
  8. 8,0 8,1 Празен навод (help).
  9. Aldo Pacor (7 мај 1986). „Meazza perse a poker il premio del duce“. la Repubblica. стр. 21.
  10. 10,0 10,1 Празен навод (help).
  11. 4 според Enciclopediadelcalcio.it, cfr. Myjuve.it.
  12. 15 според Enciclopediadelcalcio.it, cfr. Myjuve.it.
  13. 14 според Enciclopediadelcalcio.it, cfr. Myjuve.it.
  14. 3 според Enciclopediadelcalcio.it, cfr. Myjuve.it.
  15. 27 според Enciclopediadelcalcio.it, cfr. Myjuve.it.
  16. 10 според Enciclopediadelcalcio.it, cfr. Myjuve.it.

Библиографија

уреди

Marco Sappino, Dizionario biografico enciclopedico di un secolo del calcio italiano, Baldini & Castoldi.

Giorgio Armadori, Tra storia e leggenda - Almanacco illustrato della Ternana dalle origini al 2000, Ternana Calcio.

Gigi Garanzini, BOREL, Felice Placido.

Almanacco illustrato del calcio 2019, Panini Editore.

Надворешни врски

уреди