Под усвитеност (роман)
„Под усвитеност“ — роман на македонскиот писател Димитар Солев од 1957 година.
Содржина
уредиЗа романот
уредиВо романот „Под усвитеност“ Солев ја претставува воената атмосфера во поробениот град и судбината на младината во тие услови. Во таа смисла, романот може да се смета како продолжение на збирката „Окопнети снегови“ при што се среќаваат дури и некои слични ситуации. Сепак, за разлика од „Окопнети снегови“, во овој роман на прв план е ставена активната компонента на отпорот и борбата против злосторството при што младоста се јавува како носител на негацијата на црната реалност и откривач на нови, светли хоризонти. Централна тема на романот е неколкудневната историја, исполнета со психолошка тензија, на група млади луѓе кои подготвуваат атентат врз окупаторскиот шпион. Притоа, сложената раскажувачка материја, авторот ја предава низ згустен, драматичен и богат психолошки пресек на главните ликови. Истовремено, и во ова дело се среќава живата и течна реченица со складна композициска структура, карактеристична за неговото прво дело.[1]
Наводи
уреди- ↑ Александар Спасов, „Димитар Солев или Достоинство на авангардниот реализам“, во: Димитар Солев, Одбрани раскази. Скопје: Мисла, 1970, стр. 7-9.