Драгомир Фелба
Драгомир Фелба (Скопје, 7 јули 1921 година - Белград, 13 јули 2006 година) ― српски и југословенски филмски, театарски и телевизиски глумец.
Животопис
уредиСтудирал на Техничкиот и на правниот факултет, а подоцна и на Високата Белградска филмска школа, која ја завршил во 1950 година.
Сопругата на Драгомир, Соња извршила самоубиство во март 2000 година, додека нивната ќерка Ивана починала во декември истата година по долго и тешко боледување, по што тој целосно се повлекол од јавноста. Драгомир Фелба починал во 2006 година во Белград, и бил погребан во Алејата на Великаните на Новите гробишта во Белград.
Кариера
уредиДебитирал во Националниот театар во Крагуевац, но во 1952 година преминал во Југословенскиот драмски театар. Од 1956 година имал статус на хонорарен уметник.
Првата филмска улога ја играл во 1948 година во филмот „Софка“ и се прославил со улогата во филмот „Барба Жване“. За улогата во филмот „Козара“ бил награден со специјална диплома на филмскиот фестивал во Пула.
Филмографија
уреди- Езеро (1950)
- Мајорот Баук (1951)
- Момчето Мита (1951)
- Далеку е сонцето (1953)
- Тие двајца (1955)
- Зовриениот град (1961)
- Операцијата Тицијан (1963)
- Македонска крвава свадба (1967)
- Во расчекор (1968)
- Планината на гневот (1968)
- Пред вистината (1968)
- Прекубројната (1962)
- Вишна на Ташмајдан (1968)
- Крвава бајка (1969)
- Битката на Неретва (1969)
- Отпишаните (1974)
- СБ го затвора кругот (1974)
- Партизани (1974)
- Наивец (1975)
- ’Рбет (1975)
- Црвена земја (1975)
- Сè што беше убаво (1977)
- Хајка (1977)
- Тигар (1978)
- Соништата, животот и смртта на Филип Филиповиќ (1980)
- Некоја друга жена (1981)
- Сончогледи (1988)
Надворешни врски
уреди- Драгомир Фелба на Семрежната филмска база на податоци (англиски)