Капали чаршија (телевизиска серија)
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Капали чаршија е турска серија која содржи 38 епизоди. Главни улоги во серијата ги толкуваат:Nejat Isler (Џемал), Asli Tandogan (Дијар), Olgun Simsek (Махмут), Tolga Tekin (Мустафа).
Во Капали чаршија се зборува за Џемал, Махмут и Арда кои се блиски пријатели кои живеат во иста куќа и работат како продавачи во најпознатата турска чаршија Капали чаршија. Тие имаат просечен живот и сонуваат да бидат богати. Затоа тие изнаоѓаат начин за да станат богати - треба да најдат млада девојка и да ја научат да исткае тепих што ќе стане магичен и од кој ќе заработуваат пари. Така одат во едно мало гратче познато по ткајачите на теписи. Таму Џемал ја запознава Дијар, убава и наивна девојка која не оди на факултет, но затоа е вешта во ткаење теписи. Таа отпрвин ја одбива понудата на Кемал да ја вработи, но откако нејзиниот татко со сила сака да ја омажи за Мустафа, таа решава да побегне во Истанбул и да остави се зад неа. Во Истанбул започнува љубовната приказна на Џемал и Дијар, родена во Капали чаршија, местото каде треба да се направи тепихот, а со тоа да дојде и богатството. Дијар и Џемал се вљубуваат еден во друг, но во Истанбул доаѓа и Мустафа, решен да го освои срцето на Дијар.