Миниатурк
Миниатурк (турски: Miniatürk) е минијатурен парк кој се наоѓа во североисточниот дел од Златниот Рог во Истанбул, Турција. Бил отворен на 2 мај 2003 година.
Миниатурк Miniatürk | |
---|---|
Аја Софија | |
Општи податоци | |
Град | Истанбул |
Земја | Турција |
Неговата површина изнесува 60.000 m², од кои 40.000 m² се наоѓаат на отворен, 3.500 m² на затворен простор, а околу 2.000 m² на дрвјата. Комплексот поседува паркинг од 500 возила. Овој минијатурен парк е еден од најголемите во светот.