Септемвриски погром

Истанбулскиот погром, исто така познат како Септемвриски погром (грчки: Σεπτεμβριανά Septemvriana) претставува огранизиран погром во градот Истанбул, насочен кон грчкото население на градот, кој се случил на 6 и 7 септември 1955 година.

Септемвриски погром
МестоИстанбул, Турција
Датум6–7 септември 1955
Целгрчкото население во градот, нивните имоти и православните објекти
Вид нападпогром
Мртви13 до 30 или повеќе[1]
СторителиДемократска партија на Турција, Национална служба за безбедност.[2]

Конфликтот се смета дека започнал кога пристигнале гласините дека куќата во која живеел Кемал Ататурк во Солун била уништена од страна на грчките терористи. Во период од 9 часа, етничките Грци биле подложени на големи притисоци. Така, помеѓу 16 и 30 Грци биле убиени[1][3], како и најмалку еден Ерменец како последица од насилство. Помеѓу жртвите имало и двајца свештеници. 32 Грци биле тешко ранети. Покрај ова, околу десетина девојки од грчка националност биле силувани. Повеќе од илјада грчки куќи, училишта, цркви, хотели итн. биле уништени. Проценките за штетата се разликувале во зависност од изворот. Според турската влада, штетите изнесувале околу 69,5 милиони турски лири, според британските извори околу 100 милиони британски фунти, а според грчки околу 500 милиони долари. Немирите предизвикале брз процес на емиграција, а тоа довело до исчезнување на грчкото малцинство во Турција.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Λιμπιτσιούνη, Ανθή Γ. „Το πλέγμα των ελληνοτουρκικών σχέσεων και η ελληνική μειονότητα στην Τουρκία, οι Έλληνες της Κωνσταντινούπολης της Ίμβρου και της Τενέδου“ (PDF). University of Thessaloniki. стр. 29. Посетено на 3 October 2011.
  2. Birand, Mehmet Ali. “The shame of Sept. 6–7 is always with us Архивирано на 9 декември 2012 г.,” Turkish Daily News, 7 September 2005.
  3. de Zayas, Alfred. „International Law and the Istanbul Pogrom“ (PDF). Посетено на 4 October 2011.