Историја на Камбоџа
Историјата на Камбоџа е долга и исполнета со голем број бурни историско важни настани. Од 9-от до 15-от век Камбоџанското царство владее со голем дел од Индокина. Од 1863 до 1953 година, Камбоџа е протекторат на Франција. Независност добива на 9 ноември 1953 година, при што се конституира како монархија на чело со кралот Нородом Сиханук. Со разгорувањето на Виетнамската војна, Сиханук усвојува политика на неутралност. Во 1970 година е извршен државен удар при кој е соборен Сиханук и е прогласена Кмерската Република. Новата власт води проамериканска политиката, а соборениот монарх се поврзува со Пекинг и со Црвените Кмери.
На 17 април 1975 година Црвените Кмери го освојуваат Пном Пен и ја прогласуваат Демократска Кампучија. Режимот што го воведуваат комунистите претставува еден од најрепресивните режими во 20-от век и е одговорен за смртта на околу 1,7 милиони Камбоџанци.
Овој режим е соборен по поразот од Виетнам во Камбоџанско-виетнамската војна. Виетнам ја воспоставува Народна Република Кампучија и останува во Камбоџа до 1989 година. По неговото повлекување и по обновувањето на политичката стабилност на земјата, во 1993 година се одржуваат избори под покровителство на Обединетите Нации, а Нородом Сиханук е повторно поставен за крал.
Праисторија
Цврстите материјални докази за постоење на човечка цивилизација во праисторијата се присутни во помал број на територијата на Камбоџа. Воглавно, до сега се пронајдени алатки изработени од кварц на терасите на реката Меконг во покраините Стунг Тренг и Кампот, но нивната веродстојност не сè уште сигурна.[1]
Некои археолошки докази кои се пронашле во Камбоџа посочуваат на постоење на заедници од берачи на плодови и ловци на животни. Најстарото археолошки место во Камбоџа се верува дека е Ланг Спеан во покраината Батамбанг. Според ископините во долните делови на наоѓалиштето биле пронајдени радиокарбонати кои датираат од 6000 г.п.н.е.[1][2] Во истото наоѓалиште, во погорните слоеви, се пронајдени неолитски остатоци кои воедно се и најстарите керамички артефакти пронајдени во Камбоџа.[3]
За периодот од Холоценот па сè до периодот на Железното доба постојат ограничен број материјални докази. Останати праисториски наоѓалишта со несигурен датум на постоење се Самронг Сен, каде за првпат почнало да се ископува во 1877 година,[4] и Пум Снај.[5] Праисториските артефакти доста често се пронаоѓаат за време на рударските операции во Ратанакири.[1]
Најпознатите праисториски докази во Камбоџа се кружните обликувања на почвата кои се пронајдени во Мемот и се составени од вештачки ископини во црвеника. Нивната намена и датумот на создавање сè уште не се разјаснети, но некои археолози предлагаат дека тие датираат од 2 милениум п.н.е.[6][7]
Важен елемент во праисториска Камбоџа било населнувањето на одгледувачите на ориз, кои почнале да се населуваат во 3 милениум п.н.е. и се движеле од север кон југ. Се претпоставува дека овие луѓе зборувале на мон-кмерски јазик.[8]
Обработката на железо во Камбоџа започнала уште во 500 г.п.н.е. Најголем број докази за овој период од камбоџанската историја доаѓаат од наоѓалиштата на висорамнината Корат, денес во Тајланд. Под ангкорските храмови, како што е Баксеј Чамкронг, се пронашле исто така одреден број на населни од Железното доба.
Ангкорски период
За време на третиот, четвртиот и петтиот век, индизираните кралства Фунан и Ченла опстојувале на денешните територии на Камбоџа и југозападен Виетнам. Според голем број научници, овие две држави биле кмерски, но имале големо влијание од Индија.[9]
Повеќе од 2000 години, Камбоџа била под силно влијание од Индија и Кина, влијанија кои преминале кон Тајланд, Виетнам и Лаос.[10] Кмерската Империја се развила на денешната територија на Камбоџа во периодот од 9 до 13 век.[11] Во 13 век, будизмот започнал да се расширува во регионот преку монаси од Шри Ланка.[12] Од тој период, постепено будизмот започнал да се зајакнува и со тек на времето станала најголема религија во државата. Иако Кмерската Империја својот најголем подем го имала до 13 век, сепак таа била значаен политички елемент сè до 15 век. Центар на Кмерската Империја бил Ангкор, каде се граделе и наоѓале неколку главни града на Империјата. Според проценките, во тоа време Ангкор можел да опстојува и со милион жители.[13] Ангкор, најголемата пред-индустриска населба во светот,[14] и Ангкор Ват, најпознатиот и најпосетуван храм во Камбоџа, биле и се значајни сегменти во камбоџанската историја и цивилизација.
Црн период
После долг период исполнет со војни со соседните кралства, Ангкор потпаднал под власт на Кралството Ајутаја и бил напуштен во 1432 година поради еколошки причини и пропаст на инфраструктурата.[15][16] Кралското семејство и кралскиот двор се преселил во Ловек, каде краток период се одржала одредена независност на чело со кмерскиот крал. По овој краток период, повторно продолжиле војните со Ајутаја кои резултирале со губење на уште голем дел од територијата. Во 1594 година Ловек потпаднал под целосна окупација. Во следните три века, Кмерското Кралство било вазалско кралство на Кралството Ајутаја и на виетнамскиот крал.
Француска Индокина
Во 1863 година, кралот Нородом, кој бил инсталиран од страна на Тајланд[17], побарал заштита од Франција поради зачестените тензии помеѓу Тајланд и Виетнам. Во 1867 година, тајландскиот крал потпишал договор со Франција кога се прогласило сизеренство врз Камбоџа, а Тајланд поради тоа во замена ги зазел териториите на покраините Батамбанг и Сием Реап. Овие покраини се вратиле под власт на Камбоџа со пограничниот договор помеѓу Франција и Тајланд во 1906 година.
Камбоџа останала под француска контрола од 1836 до 1953 година, иако во периодот од 1941 до 1945 била под јапонска контрола.[18] По смртта на кралот Нородом во 1904 година, Франција манипулирала со изборот на новиот крал и братот на Нородом, Сисват, бил прогласен за нов крал на Камбоџа. Престолот на Камбоџа бил празен во 1941 година кога умрел кралот Монивонг, син на Сисоват, и Франција не дозволила синот на Монивонг да биде прогласен за крал бидејќи се плашела дека тој сака да ја види Камбоџа како слободна земја. Наместо него, како крал на Камбоџа бил прогласен внукот на Сисоват кој имал само 18 години. Французите го крунисале Нородом Сиханоук бидејќи мислеле лесно ќе го контролираат[18], но тие се излажале и под негово владеење Камбоџа се стекнала со независност на 9 ноември 1953 година.[18]
Независност и Виетнамската војна
Камбоџа станала уставна монархија кога на чело на државата бил кралот Нородом Сиханоук. Кога Француска Индокина ја предала независноста, Камбоџа официјално ја изгубила контролата на делатата на реката Меконг, бидејќи таа област била дадена под контрола на Виетнам. Оваа област била контролирана од Виетнамците од 1698 година кога кралот Чеј Чета II дал дозвола на Виетнам за доселување на народот.[18]
Во 1955 година, Сиханоук се откажал од кралскиот престол, кој го презел неговиот татко, и станал премиер на Камбоџа. По смртта на неговиот татко во 1960 година, Сиханоук повторно станал крал на Камбоџа, но овој пат со титула Принц на Камбоџа. Како што се развивала Виетнамската војна, Сиханоук прогласил политика на неутралсност за време на Студената војна, иако се знаело дека бил симпатизер на комунизмот. За време на неговата посета на Пекинг во 1970 година се случил државниот удар во Камбоџа предводен од пермиерот и генерал Лон Нол, поддржан од САД. Кралот побарал веднаш да се отфрли власта во Камбоџа која била поддржана од САД, но после ова следела граѓанската војна во Камбоџа.[19] Многу наскоро припадниците на Црвените Кмери се приклучиле кон поддршката за кралот, но нивната намера била сосема друга.
Помеѓу 1969 и 1973 година, кога САД воделе војна во Јужен Виетнам, на краток период САД навлегле и во Камбоџа со намера да ги соборат комунистичките органи во Северен Виетнам и Камбоџа.[20] Околу два милиони Камбоџанци избегале и се населиле во Пном Пен. Бројката на настрадани Камбоџанци за време на бомбардирањето не сосема позната. Според Воздухопловната седма единица на САД, бомбардирањата го спречиле потпаѓањето на Пном Пен под контрола на Црвените Кмери.[21] Спротивно на тоа, новинари кои се занимавале со оваа проблематика тврдат дека во рамките на Црвените Кмери имало и обични граѓани кои насилно биле регрутирани, како резултат на американските бомбардирања.[22]
Период на Црвените Кмери
Како што војната завршувала, така американските воени експерти забележале дека во Камбоџа започнала да се шири глад, кога околу 75% од живата стока била уништена, а сеидбата и жетвата на ориз не ни биле планирани.
Црвените Кмери стигнале во Пном Пен и ја презеле контролата на градот во 1975 година. Црвените Кмери биле предводени од Пол Пот и името на државата било официјално променето во Демократска Кампучија. Властите веднаш го евакуирале градот и населението го испратиле во руралните области каде се одвивале работнички проекти. Тие се обиделе да го обноват земјоделието на Камбоџа според модел од 11 век. Покрај тоа, тие воопшто не воделе грижа за медицината, уништувале храмови, библиотеки и сè што се сметало за дел од западната култура. Околу еден милион Камбоџанци, од вкупно осум милиони, умреле од замор, глад и болести.
Проценките за тоа колку луѓе умреле од власта на Црвените Кмери варира од еден до три милиони жители.[23][24] Оваа ера од историјата на Камбоџа е позната по теминот Полиња на смртта, додека затворот Туол Сленг бил симбол на смртта и симбол за масивните убиства во Камбоџа. Стотици граѓани пребегале во соседен Тајланд за да се спасат од смртоносната власт во Камбоџа. Власта најмногу обрнала внимание, во негативна смисла, кон етничките малцинства. Така, Чамите најмногу страдале и околу половина од Чамите умреле.[25] Во средината на 1960-те години околу 425.000 Кинези живееле во Камбоџа, но како резултат на власта во 1984 година останале живи само 61.400 Кинези.[26]
Падот на Црвените Кмери
Во ноември 1978 година, виетнамските трупи навлегле на територијата на Камбоџа.[27] Народна Република Кампучија била набрзо основана, предводена од партијата Кампучиски Обединет Фронт за Национален Спас, кои пак биле во тесна соработка со СССР.
Три години по навлегувањето на Виетнамците, Камбоџа била додатно поделена на три дела, владеена од „коалициска власт“ составена од Црвените Кмери и Кмерскиот Народен Национален Ослободителен Фронт. Претставник во ООН биле Црвените Кмери.[28][29]
Низ 1980-те години Црвените Кмери, поддржани од Тајланд, САД[30][31] и Обединетото Кралство[32] продолжиле да ја контролираат земјата и нападнале територии кои не биле под нивна власт.
Овие напади кои ги вршеле Црвените Кмери довеле до целосни економски санкции кон земјата[33] од страна на САД и нивните приврзаници. Мировните преговори започнале во Париз во 1989 година, кои завршиле две години подоцна во 1991 година. ООН имал мандат каде се водела грижа за бегалците и разоружувањето. Овој мандат е познат како Транзициска власт на ООН во Камбоџа.[34]
Обновување на монархијата
Во последните години, во Камбоџа се појавиле напори за создавање на стабилна политичка атмосфера во рамките на уставнка повеќепартиска монархија.[35] Така, во 1993 година, Нородом Сиханоук бил вратен на престолот како Крал на Камбоџа. Стабилноста на политичката сцена се одржала, иако во 1997 година имало државен удар во Камбоџа[36] Денешен крал на Камбоџа е Нородом Сихамони, кој го презел престолот по смртта на неговиот татко Нородом Сиханоук.
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Miriam Stark (2005). „Pre-Angkorian and Angkorian Cambodia“ (PDF). Во Glover, Ian; Bellwood, Peter S. (уред.). Southeast Asia: from prehistory to history. Routledge. ISBN 978-0415391177. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-06-10. Посетено на 2010-09-30.
- ↑ Tranet, Michel (2009-10-20). „The Second Prehistoric Archaeological Excavation in Laang Spean (2009)“. Архивирано од изворникот на 2011-01-01. Посетено на 2009-11-17.
- ↑ „The Oldest Ceramic in Cambodia's Laang Spean (1966–68)“. 2009-10-20. Архивирано од изворникот на 2011-01-01. Посетено на 2009-11-17.
- ↑ Charles Higham (1989). The Archaeology of Mainland Southeast Asia. Cambridge University Press. ISBN 978-0521275255., p.120
- ↑ Dougald J.W. O'Reilly; Angela von den Driesch; Vuthy Voeun (2006). „Archaeology and Archaeozoology of Phum Snay: A Late Prehistoric Cemetery in Northwestern Cambodia“. 45 (2). ISSN 0066-8435. Наводот journal бара
|journal=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ „Research History“. Memot Centre for Archaeology. Посетено на 2009-02-06.
- ↑ Gerd Albrecht; и др. (2000). „Circular Earthwork Krek 52/62 Recent Research on the Prehistory of Cambodia“ (PDF). Asian Perspectives. 39 (1–2). ISSN 0066-8435. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-04-22. Посетено на 2009-11-15.
- ↑ Charles Higham (2002-01). The civilization of Angkor. Phoenix. ISBN 978-1842125847. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)CS1-одржување: датум и година (link), pp.13–22 - ↑ Country-Studies.com. Country Studies Handbook; information taken from US Dept of the Army. Retrieved July 25, 2006.
- ↑ Britannica.com. History of Cambodia.. Retrieved July 25, 2006.
- ↑ „Khmer Empire Map“. Art-and-archaeology.com. Посетено на 2010-06-27.
- ↑ „Windows on Asia“. Архивирано од изворникот 2007-05-21. Посетено на 2010-09-30.
- ↑ Metropolis: Angkor, the world's first mega-city, The Independent, August 15, 2007
- ↑ „Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America: A comprehensive archaeological map of the world's largest preindustrial settlement complex at Angkor, Cambodia“. Pnas.org. Архивирано од изворникот на 2018-12-25. Посетено на 2010-06-27.
- ↑ Chandler, David P. "The Land and the People of Cambodia". 1991. HarperCollins. New York, New York. p 77
- ↑ Scientists dig and fly over Angkor in search of answers to golden city's fall, The Associated Press, June 13, 2004
- ↑ Chandler, D.P (1993). A history of Cambodia (2nd ed.). Boulder, Colorado: Westview Press.
- ↑ 18,0 18,1 18,2 18,3 Kamm, Henry (1998). Cambodia: report from a stricken land. New York: Arcade Publishing. стр. 27. ISBN 1559704330.
- ↑ Sihanouk, Norodom (1973). My War with the CIA, The Memoirs of Prince Norodom Sihanouk as related to Wilfred Burchett. Pantheon Books.
- ↑ Shawcross, William (1987). Sideshow: Kissinger, Nixon and the destruction of Cambodia. United States: Touchstone.
- ↑ Shawcross, Sideshow p. 298.
- ↑ e.g. Chandler, David P. Pacific Affairs, vol. 56, no. 2, Summer 1983, p. 295.
- ↑ Shawcross, William, The Quality of Mercy: Cambodia, Holocaust and Modern Conscience, Touchstone, 1985, pp. 115–116.
- ↑ Vickery, Michael, Correspondence, Bulletin of Concerned Asian Scholars, vol. 20, no. 1, January–March 1988, p. 73.
- ↑ The Cambodian Genocide and International Law, By Dr. Gregory H. Stanton, Presented February 22, 1992 at Yale Law School
- ↑ Cambodia the Chinese. Country Studies.
- ↑ CambodianGenocide.org.A Brief History of the Cambodian Genocide. Архивирано на 23 јули 2006 г.. Retrieved July 25, 2006.
- ↑ „Yale University, ''http://www.yale.edu/cgp/thiounn.html''; accessed April 7, 2010“. Yale.edu. Посетено на 2010-06-27. Надворешна врска во
|title=
(help) - ↑ „United Nations, ''http://disarmament.un.org/Library.nsf/d7ae8ea134b27b838525755c00537cf2/f5b3eb8b58ae67c7852575a100632a27/$FILE/A-40-PV69.pdf''; accessed April 7, 2010“ (PDF). Посетено на 2010-06-27. Надворешна врска во
|title=
(help) - ↑ „Cato Institute, ''http://www.cato.org/pubs/pas/pa074.html''; accessed April 7, 2010“. Cato.org. Посетено на 2010-06-27. Надворешна врска во
|title=
(help) - ↑ „''Khmer ruse. (U.S. aid to the Khmer Rouge)'' (editorial), The Nation, August 13, 1990“. Encyclopedia.com. 1990-08-13. Посетено на 2010-06-27.
- ↑ „TVNZ Interview with ex SAS operative, ''http://tvnz.co.nz/view/tvnz_smartphone_story_skin/123740''; accessed April 7, 2010“. Tvnz.co.nz. 2002-08-13. Посетено на 2010-06-27. Надворешна врска во
|title=
(help) - ↑ „site, ''http://findarticles.com/p/articles/mi_m1584/is_n3_v3/ai_11875348/ US Department of State Dispatch''; accessed April 7, 2010“. Findarticles.com. 1992. Архивирано од изворникот на 2012-05-26. Посетено на 2010-06-27. Надворешна врска во
|title=
(help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link) - ↑ US Department of State. Country Profile of Cambodia.. Retrieved July 26, 2006.
- ↑ CIA – The World Factbook. Cambodia. Архивирано на 29 декември 2010 г.. Retrieved September 13, 2009.
- ↑ UN OHCHR Cambodia [1] PDF (10.3 KB)