Салот Сар или Мин Хаи (19 мај 192815 април 1998), нашироко познат како Пол Пот[1] — водачот на камбоџанското комунистичко движење познато како „Црвени Кмери“ и премиер на Демократска Кампучија од 19761979 година.[2]

Салот Сар
„Пол Пот“
Пол Пот

Пол Пот во 1978 година.


Генерален секретар на комунистичката партија на Кампучија
Мандат
1963 г. – 1979 г.
Претходник Ту Самут

Роден 19 мај 1928 г.
Француска Индокина
Починал 15 април 1998 г.
(на возраст од 69 години)
Камбоџа
Партија Црвени Кмери
Сопружник 1. Кхиеу Понари (развед.)
2. Меа Сон
Религија Атеист, порано будист

Животопис

Ран живот

Пол Пот на кој Камбоџанците се сеќаваат не бил тиран, туку голем патриот и националист, љубител на домородната култура и домородниот начин на живеење. Тој бил израснат во кралските палатски кругови, неговата тетка била љубовница на претходниот крал. Студирал во Париз, но наместо да заработува пари и да направи кариера, се вратил дома и поминал неколку години живеејќи со племиња во џунгла за да учи од селаните. Имал сочувство спрема обичниот селански народ кој бил ограбуван катадневно од страна на градските луѓе, буржоаските паразити. Тој создал војска за да го брани селанството од овие владеечки експлоататори. Пол Пот, монашки човек со едноставни потреби, не барал богатство, слава или власт за себе. Тој имал една голема амбиција: да му стави крај на колонијалниот капитализам кој веќе пропаѓал во Камбоџа, да ја врати земјата на селанската традиција и да изгради нова земја од почеток.

Востание

Во 1970 година, Американците го прогониле легитимен владетел на Камбоџа, кралот Сиханук, и го замениле со свој овластен воен диктатор Лон Нол. Прекарот на Лон Нол бил Мито, а неговите следбеници украле сѐ што можеле, пренесувајќи ги своите украдени богатства во странство а потоа ги префрлиле во Соединетите Американски Држави. Како врв на сето ова дошле изненадните бомбардирачки напади од САД Селаните им се придружиле на герилските единици на Црвените Кмери во џунглата, коишто биле предводени од неколку дипломци на Сорбона и на крајот успеале да го прогонат Лон Нол и неговите американски поддржувачи.

Водач на Демократска Кампучија

Пол Пот станал де факто-водач на Камбоџа во средината на 1975 година. Во 1975 година, земјата била опустошена од бомбардирачката кампања на САД којашто била насилна колку таа во Дрезден. Американските авиони фрлиле повеќе бомби врз оваа сиромашна земја отколку што фрлиле врз нацистичка Германија (од 4 октомври 1965 до 15 август 1973, САД фрлиле 2 756 941 тони бомби на територијата на Камбоџа), и ги расфрлиле своите мини ширум целата земја. Ако Камбоџанците мора да го кажат својот голем уништувач, тоа е професор Хенри Кисинџер, а не другарот Пол Пот.

Црвените Кмери се обиделе радикално да го променат поредокот во линија на својата единствена традиционалистичка конзервативна селанска револуција под знамето на комунизмот. Во тоа време социјалистичкото движење достигнало чаталесто ниво: дали да напредува кон повеќе социјализам во Маов стил или да се повлече кон помалку социјализам во советски стил. Експериментот на Црвените Кмери траел само три години, од 1975 до 1978.

Полпотовата визија била многу различна од советската. Советите ја изградиле својата индустрија искрвувајќи го селанството додека Пол Пот сакал прво да го обнови селанството и само отпосле да изгради индустрија за да ги задоволи потребите на селаните. Ги презирал градските луѓе, тие не придонесувале ништо корисно, според неговото гледиште. Мнозина од нив биле поврзани со ајкулестите кредитори, кои биле посебна одлика за послеколонијална Камбоџа, другите им помагале на странските компании да го ограбуваат богатството на народот. Како силен националист, Пол Пот не им верувал на виетнамските и кинеските малцинства. Но, она што тој најмногу го мразел биле лакомоста, алчноста, желбата да се поседуваат работи. Свети Франческо од Асизи и Лав Толстој ќе го разбереле.

Пол Пот и неговите Црвени Кмери наследиле опустошена земја. Селата биле напуштени, милиони бегалци се собрале во главниот град да ги избегнат американските бомби и американските мини. Сиромашни и гладни, тие морале да бидат нахранети. Но, поради бомбардирачката кампања, никој не садел ориз во 1974 година. Пол Пот заповедал сите да ги напуштат градовите и да заминат на оризовите полиња да ги обработуваат. Ова било суров, но неопходен чекор и за една година Камбоџа имала изобилство од ориз, доволно за да се нахранат сите и дури да продава одреден вишок за да купи неопходни стоки. Црвените Кмери ги укинале парите, ги кренале во воздух банките и ги испратиле банкарите на оризовите полиња. Новата Камбоџа (или Демократска Кампучија, како што била именувана) под Пол Пот и неговите Црвени Кмери била кошмар за привилегираните, за богаташите и за нивните соработници, но сиромашните луѓе имале доволна храна и биле описменети.

„Полињата на смртта“

Мошне цитираниот американски професор, Рудолф Џозеф Румел, напишал дека „од популацијата во 1970 година која веројатно изнесувала близу 7 100 000, скоро 3 300 000 мажи, жени и деца биле убиени, повеќето од овие биле убиени од комунистичките Црвени Кмери“. Секое второ лице било убиено, според неговата проценка. Сепак, населението на Камбоџа не било преполовено, туку повеќе од удвоено после 1970 година, наспроти наводните многукратни геноциди. Изгледа, пописниците на геноциди биле неспособни или пак нивниот обем бил во голема мера преувеличен.

Што се однесува до масовните убиства, победничките селани ги стрелале пљачкашите и шпионите, но многу повеќе биле убиени од мините поставени од Американците, и за време на последователната окупација од страна на Виетнам.

„Полињата на смртта“ во Чоеунг Ек се спомен место каде што наводните жртви биле убиени и закопани. Ова место е околу 30 километри оддалечено од Пном Пен, тоа е уреден зелен парк со мал музеј, многу посетуван од туристи, камбоџанскиот Јад Вашем (официјален израелски меморијален центар на Евреите кои биле погубени во Холокаустот). Декоративна плоча вели дека црвенокмерските чувари доведувале околу 20 до 30 притворени лица двапати или трипати месечно и многу од нив ги убивале. Во текот на три години од владеењето на Црвените Кмери, оваа бројка достигнала помалку од две илјади мртви, но друга плоча вели дека се ископани околу 8 илјади тела. Сепак, друга плоча вели дека имало над еден милион убиени. Ноам Чомски проценил дека вкупната бројка на убиени во Камбоџа може да била надувана „за фактор од илјада“.

Не постојат фотографирани убиства, па наместо тоа, скромниот музеј поседува неколку наивни слики коишто покажуваат голем, силен маж кој убива ситен, слаб маж во прилично традиционален стил. Други плочи велат: „Овде биле чувани алатките за убивање, но сега ништо нема останато“ и слични натписи. Луѓето кои сега се на власт во САД, Европа и Русија сакаат да ја претстават секоја алтернатива за нивното владеење како јалова или крвожедна или обете. Тие посебно ги мразат неподмитливите водачи, нека биде тоа Робеспјер или Ленин, Сталин или Мао – и Пол Пот. Тие претпочитаат водачи кои се склони за корупција и на крајот да ги постават на власт. Американците имаат дополнителна добра причина: убиствата на Пол Пот служат да ги скријат нивните сопствени злосторства, милионите Индокинези кои тие ги палеа со напалм од воздух и ги бомбардираа.

Судир со Виетнам

Камбоџанците велат дека многу повеќе луѓе биле убиени од нападот на Виетнамците во 1978 година додека Виетнамците претпочитаат да ја префрлат вината на Црвените Кмери. Но, сегашната влада не го промовира ова или каква било друга истрага во минатото и тоа поради добра причина: практично сите важни јавни службеници над одредена возраст биле членови на Црвените Кмери и често водечки членови. Покрај тоа, скоро сите од нив соработувале со Виетнамците. Сегашниот премиер, Хун Сен, бил командант на батаљон на Црвените Кмери во источниот регион на Камбоџа, а подоцна дал поддршка за виетнамската окупација. Кога Виетнамците заминале дома, тој бил поставен на власт.

Кралот Нородом Сиханоук, кој бил прогонет од Американците, исто така ги поддржувал Црвените Кмери. Тој се вратил дома во својата отмена кралска палата и во својот напореден посребрен храм со Буда во светлозелена боја откако заминале Виетнамците.

Црвените Кмери на Пол Пот не успеале во својата надворешна политика отколку во својата внатрешна политика. Нивниот неуспех се состоел во тоа што тие не ја зеле предвид својата позиција наспроти Виетнам, и се обиделе да војуваат повеќе отколку што можеле. Виетнам била многу моќна – само што ги поразила САД –  и нема да трпела каква било глупост од своите помлади браќа во Пном Пен. Виетнамците планирале да создадат Индокинеска федерација којашто ќе ги вклучила Лаос и Камбоџа под нивно водство. Тие ги нападнале и ги собориле од власт тврдоглавите Црвени Кмери кои биле премногу желни за своја независност. Црвените Кмери исто така ја поддржувале црната легенда за геноцид од Виетнамците за да ја оправдат својата крвава интервенција против Виетнам.

Во 1979 година, по инвазијата врз Камбоџа од страна на соседен Виетнам во Камбоџанско-виетнамската војна, Пол Пот избегал во џунглите на југозападна Камбоџа и режимот на Црвените Кмери се распаднала. Од 1979 до 1997 година тој и остаток од Црвените Кмери управувале од граничниот регионот помеѓу Камбоџа и Тајланд, каде што тие ја држеле власта со потврдување од Обединетите нации како легитимната влада на Камбоџа.

Пол Пот умрел во 1998 година од срцев напад додека бил во домашен притвор.[3]

Наводи

  1. „BBC – History – Historic Figures: Pol Pot (1925–1998)“. BBC. Посетено на 25 јануари 2011.
  2. Chandler, David (23 август 1999). „Pol Pot“. Time Magazine. Архивирано од изворникот на 2009-01-26. Посетено на 4 февруари 2011.
  3. Horn, Robert (25 март 2002). „Putting a Permanent Lid on Pol Pot“. Time Magazine. Архивирано од изворникот на 2009-05-31. Посетено на 3 септември 2008.