Европско првенство во водени спортови

Европското првенство во водени спортови е раководено од страна на Европската пливачка федерација (ЛЕН), раководното тело за водени спортови во Европа. Од 1999, првенството содржи четири пливачки дисциплини: пливање (долг курс/50м базен), скокови во вода, синхронизирано пливање и далечинско пливање. Од 2000, првенството се одржува на секои две парни години.

Првенствата генерално се одржуваат во период од две недели во средината или кон крајот на летото; а во годините кога се одржуваат Олимписките игри се одржуваат на пролет.

Пливачкиот дел од првенствата се смета како еден од првите пливачки натпреварувања во светот.

Белешка: ЛЕН исто така одржува Европско првенство во 25 метарски базени, кое е посебно и е одвоено (типично се одржува кон почетокот на декември).

Локации

уреди

Првото Европско првенство во водени спортови било одржано во 1926 година, и вклучувало ватерполо сè до 1999 година кога ватерполото се одвоило и почнало да се одржува Европско првенство во ватерполо. Од 1999 година, Светските првенства се одржуваат во непарните години, а Европските првенства во парните години. Жените за првпат добиле можност да се натпреваруваат во 1927 година.[1]

Година Град домаќин Држава Датум
1926 Будимпешта   Унгарија 18–22 август
1927 Болоња   Италија 31 август–4 септември
1931 Париз   Франција 23–30 август
1934 Магдебург   Германија 12–19 август
1938 Лондон   Обединето Кралство 6–13 август
1947 Монте Карло   Монако 10–14 септември
1950 Виена   Австрија 20–27 август
1954 Торино   Италија 31 август–5 септември
1958 Будимпешта   Унгарија 31 август–6 септември
1962 Лајпциг   Источна Германија 18–25 август
1966 Утрехт   Холандија 20–27 август
1970 Барселона   Шпанија 5–13 септември
1974 Амстердам
Виена
  Холандија
  Австрија
18–25 август
1977 Јенчепинг   Шведска 14–21 август
1981 Сплит   Југославија 4–12 септември
1983 Рим   Италија 22–27 август
1985 Осло
Софија
  Норвешка
  Бугарија
4–11 август
1987 Стразбур   Франција 16–23 август
1989 Бон   Западна Германија 15–20 август
1991 Атина   Грција 18–25 август
1993 Шефилд   Обединето Кралство 3–8 август
1995 Виена   Австрија 22–27 август
1997 Севиља   Шпанија 19–24 август
1999 Истанбул   Турција 26 јули–1 август
2000 Хелсинки   Финска 3–9 јули
2002 Берлин   Германија 29 јули–4 август
2004 Мадрид   Шпанија 5–16 мај
2006 Будимпешта   Унгарија 26 јули–6 август
2008 Ајндховен   Холандија 13–24 март
2010 Будимпешта   Унгарија 4–15 август
2012 Дебрецин
Ајндховен
  Унгарија
  Холандија
15–27 мај
2014 Берлин   Германија

Табела на медали (1926–2012)

уреди
Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   Германија 148 139 102 389
2   Источна Германија 143 116 68 327
3   Русија 136 82 56 274
4   СССР 97 87 80 264
5   Унгарија 91 81 57 229
6   Франција 72 79 67 218
7   Италија 68 83 114 265
8   Холандија 64 78 76 218
9   Обединето Кралство 53 63 89 205
10   Шведска 51 68 62 181
11   Западна Германија 41 33 49 123
12   Украина 38 40 49 127
13   Шпанија 27 40 34 101
14   Данска 21 12 27 60
15   Полска 16 13 19 48
16   Австрија 12 16 16 44
17   Финска 12 6 8 26
18   Романија 8 23 32 63
19   Норвешка 6 6 5 17
20   Белгија 5 5 13 23
21   Белорусија 4 7 14 25
22   Ирска 4 6 0 10
23   Словачка 3 10 2 15
24   Грција 3 5 17 25
25   Швајцарија 3 5 15 19
26   Чешка 3 1 15 19
27   Југославија 2 14 13 29
28   Хрватска 2 7 6 15
29   Чехословачка 2 4 11 17
30   Словенија 2 4 7 13
31   Бугарија 2 3 9 14
32   Србија 2 0 0 2
33   Израел 1 2 8 11
34   Литванија 0 2 2 4
35   Естонија 0 1 0 1
  Фарски Острови 0 1 0 1
  Сојузна Република Југославија 0 1 0 1
  Португалија 0 1 0 1
39   Турција 0 0 1 1
Вкупно 1142 1144 1143 3429

Белешка: Табелата ги вклучува медалите освоени во пливање (од 1926), скокови во вода (од 1926), синхронизирано пливање (од 1974), далечинско пливање (од 1993) и ватерполо од 1926 сè до 1997 година. Од 1999 ватерполото се одвоило од Европското првенство и бил создаден самостоен турнир, т.н. Европско првенство во ватерполо.

Наводи

уреди
  1. Европски Првенства Архивирано на 24 јули 2011 г., 17 април 2011

Надворешни врски

уреди