Душан Манаковиќ

Душан Манаковиќ (роден на 19 март 1924 година во Скопје - починал на 12 август 1995 година во Скопје) — македонски географ, редовен професор на Природно-математичкиот факултет, Институт за географија.[1]

Душан Манаковиќ
Роден 19 март 1924
Скопје, Кралство Југославија
Починал 12 август 1995
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање географ

ЖивотописУреди

Манаковиќ основно и средно образование завршил во Скопје. Активно учествувал во Народноослободителната војна од 1944 година. По демобилизацијата во 1946 година работел како службеник во текстилната фабрика „Прогрес“, а од 1948 г. во Министерството за индустрија и рударство на НР Македонија. Студиите по географија ги завршил како вонреден студент во 1952 г. Во 1954 година бил избран за асистент на Катедрата за географија на Филозофскиот факултет во Скопје. Во 1960 година докторирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје на тема „Геоморфологија на поречието на Бабуна и Тополка со Титоввелешката Котлина“. Во 1961 г. бил избран во звање доцент, во 1966 г. за вонреден професор, а во 1972 г. за редовен професор, во кое звање бил преизбран во 1981 година. На 1 мај 1980 г. станал декан на Географскиот факултет. Во редовна пензија заминал во 1985 г.

Манаковиќ е основач и долгогодишен претседател на Спелеолошкото друштво на РМ, генерален секретар на Сојузот на спелеолозите на СФРЈ, претседател на Феријалниот сојуз при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Бил учесник во следните проекти: „Геоморфологија на Буковиќ“; „Бистра“; „Мариово – комплексни географски истражувања“; „Геоморфолошка карта на Р Македонија“, и повеќе секторски студии работени за Институтот за просторно планирање.

НаводиУреди

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). "Манаковиќ". Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. стр. 907-908.