Драган Василески (Горно Добреноец, Кичевско, 23 април 1954 - Скопје, 28 ноември 2011) бил виден македонски географски истражувач, научник и универзитетски професор. Бил сметан за еден од најеминентните хидролози на Балканот.[1]

Драган Василески
Роден 23 април 1954
Горно Добреноец, Кичевско , Македонија Македонија
Починал 28 ноември 2011
Скопје , Македонија Македонија
Занимање професор и научник - хидролог

Животопис Уреди

Василески е роден на 23 април 1954 година во кичевското село Горно Добреноец. Основното образование го завршил во ОУ „Слобода“ во селото Другово, а средното училиште во гимназијата „Мирко Милески” во Кичево во учебната 1975/76 година. По завршувањето на средното училиште, се запишува на студии на Географскиот факултет во Скопје и истите ги завршува во учебната 1978/79 г. Магистрирал во април 1987, а докторската дисертација под наслов „Радика – хидрографско хидролошка студија“ ја одбранил во април 1991 година. Соодветно на научното усовршување се одвива и универзитетското наставно унапредување, така што непосредно по дипломирањето во 1980 година, Василески се вработил како помлад асистент на Географскиот факултет во Скопје, во 1987 година е избран за асистент на факултетот, во 1992 година во доцент, во 1997 во вонреден професор и во 2002 година е избран во највисокото наставно научно звање редовен професор по група предмети од областа на хидрологијата и сродни дисциплини на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. На таа позиција останал сè до својата смрт, 28 ноември 2011. Професорот Василески бил ментор и член на комисии за поголем број на магистерски тези и докторски дисертации. Имал доста богата општествена активност. Активно бил вклучен во органите и телата на разни институции. Бил Шеф на Институтот за географија при природно математичкиот факултет во Скопје, беше член на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, член на одборот за доделување на наградата „Гоце Делчев“, продекан за финансии на Природно-математичкиот факултет и други функции и задолженија. Од посебно значење се и активностите во уредувачките одбори на списанијата Географски разгледи (издание на Македонското географско друштво) и Годишниот зборник на Институтот за географија. Како активен член на Македонското географско друштво го има добиено највисокото признание Плакета на заслужни географи од Македонско географско друштво.

Библиографија Уреди

Бил носител и реализатор на 11 научни проекти. Објавил 45 научни трудови во разни списанија и зборници од конгреси и симпозиуми, седум поединечни научни монографии за „Колешинскиот Слап“, „Планинските езера на Дешат“, „Планинските езера на Јабланица“, „Планинските езера на Пелистер“, „Водопадите на Ростушка Река и реката Битушница“, „Билјанин Слап“ (на Тресонечка Река) и „Смоларскиот Водопад“. бил и соавтор на средношколки учебници и помагала и друго.

Наводи Уреди

  1. „КРАТКА БИОГРАФИЈА: ДРАГАН ВАСИЛЕСКИ“. Институт за географија. Посетено на 2012-03-17.