Васа Даскаловски

македонски социјален географ

Васа Даскаловски (Јабука, 21 јуни 1948 – Скопје, 2003) — македонски географ.

Васа Даскаловски
Роден 21 јуни 1948
Јабука, САП Војводина, НР Србија, ФНРЈ
Починал 2003 (на 54–55 г.)
Скопје, Македонија
Занимање социјален географ

Животопис

уреди

Д-р Васа Даскаловски бил роден на 21 јуни 1948 година во Јабука, близу Панчево, во САП Војводина. Основното образование го стекнал во Јабука и во Панчево, а гимназија завршил во Охрид во 1967 година. Студирал на Институт за географија на ПМФ во Скопје од 1968-1972 година каде дипломирал со среден успех 9,23 за што е награден и пофален. По стажирањето на Институтот за географија, на 1 јануари 1975 година, бил избран за помлад асистент. Магистрирал во 1980 година на Отсекот за географија и просторно планирање при ПМФ во Белград. Докторирал на Географскиот факултет во 1984 година на темата „Просторно-морфолошка структура и популациски развиток на населбите во Скопската Котлина”. За предавач бил избран во учебната 1981/82 година, за доцент во 1985 година, за вонреден професор во 1991 година, а за редовен професор во 1996 година и бил повторно избран во 2001 година, по предметите географија на населението и географија на населбите. Тој е еден од најначитаните географи. Како самостоен истражувач и раководител учествувал во 16 проекти. Објавил околу 70 научни и стручни трудови и 1 скрипта. Починал во 2003 година во Скопје.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Маркоски, Благоја (2019). Македонската географска мисла по повод 70 години Македонско географско друштво. Скопје: Македонско географско друштво. стр. 39. ISBN 978-608-65155-5-3. line feed character во |title= во положба 60 (help); |access-date= бара |url= (help)