Томе Андоновски
Томе Андоновски (Лазарополе, 5 септември 1940) — македонски геоморфолог.
Томе Андоновски | ||
Роден | 5 септември 1940 Лазарополе, Вардарска Бановина, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Занимање | геоморфолог |
Животопис
уредиТоме Андоновски е роден на 5 септември 1940 година, во Лазарополе. Основно и средно образование завршил во Битола. Во 1959/60 година се запишал на студии по географија на ПМФ во Скопје. Дипломирал во 1964 година. До 1971 година работел како професор по географија во гимназиите во Дебар и Битола. Од 1 септември 1971 година, бил примен за асистент на Институтот за географија при ПМФ во Скопје. Во 1977 година, завршил последипломски студии за карст, на ПМФ во Белград. Докторирал во 1983 година на Географскиот факултет во Скопје на темата „Кичевска Котлина ‒ геоморфолошки проучувања”. Во 1977 година бил избран за предавач. Во 1980 година, бил унапреден како виш предавач. Во 1984 година, Андоновски станал доцент. Тој станал вонреден професор во 1987 година додека во 1992 година станал редовен професор. Неговата научна активност, е во областа на физичката географија, а особено во областа на геоморфологијата. Напишал еден Универзитетски учебник и повеќе научни и стручни трудови. Работел на повеќе научни и применливи проекти. Бил продекан на ПМФ, шеф на Институтот за географија и други функции.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Маркоски, Благоја (2019). Македонската географска мисла по повод 70 години Македонско географско друштво. Скопје: Македонско географско друштво. стр. 38. ISBN 978-608-65155-5-3. line feed character во
|title=
во положба 60 (help);|access-date=
бара|url=
(help)