Митко Поптрандовски

македонски-југословенски геолог

Митко Поптрандовски (Косинец, 7 август 1937 – Скопје, 1976) ― македонски-југословенски и геолог.

Митко Поптрандовски
Роден 7 август 1937
Косинец, Кралство Грција
Починал 1976 (на 38–39 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Занимање Геолог

Живот и дејност

уреди

Во 1948 година, за време на Граѓанската војна во Грција, како дете бегалец принудно заминал во Чехословачка каде завршил гимназија. Дипломирал во 1960 година, на Природно-математичкиот факултет на Масариковиот универзитет во Брно. Во меѓупериодот од 1960 до 1969 година, работел во Чехословачка во Заводот за геолошки истражувања во Брно, а потоа бил и раководител на Одделението за неметали при Геолошкиот институт во Прага. Во 1969 година, се вратил во Македонија и бил ангажиран како асистент по геологија на Географскиот институт при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во звањето доцент, бил унапреден во 1971 година. Починал во 1976 година.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Маркоски, Благоја (2019). Македонска географска мисла - 70 години македонско географско друштво. Скопје: Македонско географско друштво. стр. 38. ISBN 978-608-65155-5-3. |access-date= бара |url= (help)