Митко Панов (географ)
- За филмскиот режисер, видете Митко Панов.
Митко Панов (роден на 16 декември 1927, Скопје - 2000, Скопје) ― македонски социјален географ.
Митко Панов | ||
Роден | 16 декември 1927 Скопје, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 2000 Скопје, Македонија | (возр. 72–73)|
Народност | Македонец | |
Занимање | Социјален географ |
Животопис
уредиОсновно и средно образование завршил во Скопје. Студирал на Катедрата за географија од 1948-1952 година, каде дипломирал, и по две години работа во Гимназијата „Мирче Ацев” во Прилеп, во 1954 година, бил избран за асистент на Катедрата по географија на Филозофскиот факултет. Докторирал во 1960 година, од областа на социјалната географија на темата „Сливот на Крива Лакавица и Отиња - антропогеографски и стопанско-географски проучувања”. Во 1961 година, бил избран во звањето доцент, во 1967 година, во вонреден професор, а во 1972 година, во звањето редовен професор. Тој е еден од основачите на првите последипломски студии на Институтот за географија од областа на Просторното планирање во 1976 година. Учествувал во голем број проекти, бил главен организатор на повеќе научни собири на географите. Публикувал над 300 научни и стручни трудови и првата книга Географија на СР Македонија. Добитник е на повеќе награди и признанија. Се пензионирал во 1987 година. Починал во 2000 година во Скопје.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Маркоски, Благоја (2019). Македонската географска мисла по повод 70 години Македонско географско друштво. Скопје: Македонско географско друштво. стр. 33. ISBN 978-608-65155-5-3. line feed character во
|title=
во положба 60 (help);|access-date=
бара|url=
(help)