Велимир Ј. Костовски
Велимир Ј. Костовски (Девич, 23 октомври 1922 – Битола, 1984) ― македонски-југословенски географ.
Велимир Ј. Костовски | ||
Роден | 23 јуни 1922 Девич, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 22 јануари 1984 Битола, СР Македонија, СФРЈ | (возр. 61)|
Занимање | географ |
Живот и дејност
уредиГимназија завршил во Прилеп. Дипломирал на скопскиот Филозофски факултет, на Природно-математичкиот отсек, во групата географија во 1950 година, како студент на првата генерација. Потоа до 1954 година, работел како професор по географија во Велес а потоа во Битола (1954/55-1963/64), Во периодот од 1958/59 година, бил назначен за околиски просветен инспектор по предметна настава. Учествувал во образувањето на Географската секција во Битола во 1956 година, и бил прв нејзин претседател. Се занимавал и со метеорологија, спелеологија и астрономија. Од 1964 година, до неговата смрт, бил професор на Педагошката академија. Напишал околу дваесетина трудови, 4 учебници и читанки по географија за VI и VII одделение и I за II година гимназија. Бил еден од иницијаторите за создавање на Друштвото за наука и уметност во Битола (ДНУБ) и бил негов активен член. Работел на докторска дисертација за областа Демир Хисар, но прераната смрт на 22 јануари 1984 година, го спречило да ја оствари неговата животна желба.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Маркоски, Благоја (2019). Македонска географска мисла - 70 години македонско географско друштво. Скопје: Македонско географско друштво. стр. 65-66. ISBN 978-608-65155-5-3.
|access-date=
бара|url=
(help)