Миливој Гашевски

македонски хидролог и климатолог

Миливој Гашевски (Скопје, 5 октомври 1924 – Скопје, 2010) ― македонски хидролог и климатолог.

Миливој Гашевски
Роден 5 октомври 1924
Скопје, Кралство СХС
Починал октомври 2010 (на 85–86 г.)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Народност Македонец
Занимање Хидролог, климатолог

Живот и дејност

уреди

Основно и средно образование завршил во Скопје. На Катедрата за географија на Филозофскиот факултет во Скопје се запишал во 1946 година и како вонреден студент своите студии ги завршил во 1950 година. Во почетокот работел како службеник, потоа како секретар во Заводот за водостопанство на Македонија. Докторирал во 1960 година, на темата „Планина Бистра - Физичко-географски проучувања” (во областа на хидрологијата). Во Заводот работел до 1974 година, со звање научен соработник, а потоа се вработил на Институтот за географија при ПМФ во Скопје. Во 1975 година, бил избран во вонреден, а во 1980 година во редовен професор. Наставната, научната и стручната работа му е од областа на хидрологија и климатологија. Посебна заслуга има со остварувањето на проектот Катастар на изворите во Република Македонија. Има значителен број трудови. Бил член на повеќе организации. Добитник е на повеќе плакети и пофалници. Се пензионирал во 1987 година. Починал во Скопје во 2010 година.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Маркоски, Благоја (2019). Македонска географска мисла - 70 години македонско географско друштво. Скопје: Македонско географско друштво. стр. 33-34. ISBN 978-608-65155-5-3. |access-date= бара |url= (help)