Војислав Радовановиќ
Војислав Радовановиќ (Павлици, Кралство Србија, 27 јануари 1894 – Белград, ФНРЈ, 26 април 1957) — српски и југословенски географ, геоморфолог и универзитетски професор.
Војислав Радовановиќ | ||
Роден | 14 јануари 1894 Павлици, Кралство Србија | |
---|---|---|
Починал | 26 април 1957 Белград, НР Србија, ФНРЈ | (возр. 63)|
Занимање | географ, геоморфолог, антропогеограф, професор |
Животопис
уредиВојислав Радовановиќ роден е на 27 јануари 1894 година во село Павлици, Кралство Србија. Основно училиште завршил во село Врбовец, а гимназија во Шабац и Ниш. По завршувањето на студиите во 1921 година, работел во гимназија во Скопје од 1921 до 1922 година. На повик на Јован Цвииќ, станал асистент кон крајот на 1922 година. Во јуни 1924 година положил докторски испит на Универзитетот во Белград.[1]
Бил кустос и управник на музејот во Скопје, доцент, вонреден и редовен професор на универзитетите во Скопје, Загреб и Белград. Бил управник на Етнографскиот институт на САНУ како и уредник на бројни публикации: Гласник на Скопското научно друштво, Зборник за етнографија и фолклор на Скопското научно друштво, Годишник на Музејот во Скопје и други.[1]
Објавил преку четириесет научни прилози, студии и расправи од областа на физичката географија, антропогеографијата, етнологијата и културната историја. Тој има значаен придонес во геоморфолошките проучувања на релјефот на некои краеви во Македонија. Неговиот најобемен труд e докторската дисертација „Тиквеш и Раец“ која се однесува на антропогеографските испитувања во споменатите области.[2] Починал на 26 април 1957 година.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Маркоски, Благоја (2019). Македонската географска мисла 70 години. Скопје: Македонско географско друштво. стр. 17. ISBN 978-608-65155-5-3.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ Насеља и порекло становништва, књ. XVII, Београд, 1924
Дополнителна книжевност
уреди- Терасе изнад ушча Тополке у Вардар објавен во Гласник Географског друштва св. 12. Београд 1926
- Мали денудациони облици гнајсног земјишта во Гласник Скопског научног друштва, кн. IV, Оддељење природних наука, св.1, Скопље, 1927
- Ступњевити отсеци Бабе над Плетваром-прилог денудационо структурним облицима рељефа во Гласник Географског друштва св. XVI. Београд, 1930.