Димитар Јаранов

Димитар Јаранов (роден на 18 октомври 1909 година во Солун - починал на 14 август 1962 година во Софија) — македонски географ.[1]

Димитар Јаранов
Роден 18 октомври 1909
Солун, Отоманско Царство
Починал 14 август 1962
Софија, Бугарија
Националност Македонец
Занимање географ

ЖивотописУреди

Основно и средно образование завршил во Софија. Географија дипломирал на Историско-филолошкиот факултет на Софискиот универзитет (1933). Истата година заминал на Хумболтовиот универзитет во Берлин, каде што одбранил докторска дисертација на тема „Јуротипниот релјеф на Алпите, Средна Европа и Стара Планина”, потоа заминал да специјализира физичка географија и геоморфологија на Сорбона во Париз. Во 1936 г. бил избран за доцент по физичка географија на Софискиот универзитет. Во Втората светска војна бил аташе за култура во Бугарската амбасада во Берлин. По војната бил отстранет од факултетот и му било забрането да објавува трудови во Бугарското географско друштво. Во 1947 г., на покана од македонската Влада во Скопје, бил назначен за раководител на Службата за хидроенергетски проучувања на Македонија. Во времето на Информбирото се вратил во Бугарија, каде што работел како главен геолог во изградбата на големите брани. Објавил 72 научни и стручни трудови, главно од областа на геологијата, регионалната географија и картографијата.

НаводиУреди

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Јаранов“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 635–636. Text "series " ignored (help)