Станко Станковски
Станко Станковски (Самоков, 1936 – Скопје, 1989) ― македонски-југословенски географ, климатолог и хидролог.
Станко Станковски | ||
Роден | март 1936 Самоков, Вардарска Бановина, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 1989 (на 52–53 г.) Скопје, СР Македонија, СФРЈ | |
Народност | Македонец | |
Занимање | Географ, климатолог |
Живот и дејност
уредиОсновно училиште завршил во Самоков и Брод, а гимназија во Прилеп во 1957 година. Диференцијална матура завршил на Учителската школа во Скопје. Потоа работел како учител во селата Растеш и Зркле (Бродско). Во 1960/61 г. се запишал на Институтот за географија при ПМФ во Скопје и во 1964 година, дипломирал и бил избран за асистент на Географскиот институт при ПМФ. Последипломски студии завршил во Белград во 1971 година. Во 1972 година, бил избран за предавач по предметот биогеографија со педологија, звање со коешто бил повторно избиран во 1980 и во 1985 година. Докторирал на темата „Пелагониска Котлина, физичко-географски проучувања со посебен осврт на хидролошките појави и проблеми” во 1987 година. Истата година бил избран за доцент по предметот климатологија. Има публикувано 15 научни и повеќе стручни и научно-популарни трудови. Бил ангажиран во повеќе научни теми и проекти што биле изготвувани на Географскиот факултет. Има богата и активна општествена дејност надвор од Институтот, а меѓу другото бил и продекан на Географскиот факултет. Добитник е на повеќе признанија. Починал во 1989 година во Скопје.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Маркоски, Благоја (2019). Македонска географска мисла - 70 години македонско географско друштво. Скопје: Македонско географско друштво. стр. 36-37. ISBN 978-608-65155-5-3.
|access-date=
бара|url=
(help)