Михаило Зиков (роден на 22 април 1949 година во Ќоселари) ― македонски Климатолог, Просторен планирач, професор.

Михаило Зиков
Роден 22 април 1949(1949-04-22)(75 г.)
Ќоселари, НР Македонија, СФРЈ
Занимање Климатолог, Просторен планирач, професор

Образование

уреди

Гимназија завршил во Велес. Дипломирал на Институтот за географија при ПМФ во Скопје во 1973 година. Магистрирал во 1975 година на студиите Урбанизам и просторно планирање на Архитектонскиот факултет во Загреб. Докторирал во 1985 година, на Институтот за географија при ПМФ во Скопје на темата „Валоризација на природните фактори и услови и нивното искористување во просторното планирање на примерот на петте општини: Виница, Кочани, Пробиштип, Свети Никола и Штип, во средниот слив на река Брегалница”.[1]

Кариера

уреди

Работната кариера ја започнал како планирач во РО за урбанизам, студии и проектирање „Мегапроект” од Штип, потоа работел како просторен планер во Институтот за просторно планирање ‒ Охрид, работејќи во Скопје. Во 1987 година, на Институтот за географија при ПМФ во Скопје, е избран за доцент, во 1993 г. во вонреден професор, а во 1998 година, во редовен професор по предметите просторно планирање и климатологија.[1]

Публикувал неколку книги и над 70 научни трудови, учествувал во повеќе научни проекти од кои 2 раководел. Бил шеф на Институтот за географија и продекан на ПМФ, раководел со последипломските студии од просторно планирање и др.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Маркоски, Благоја (2019). Македонската географска мисла по повод 70 години Македонско географско друштво. Скопје: Македонско географско друштво. стр. 42. ISBN 978-608-65155-5-3. line feed character во |title= во положба 60 (help); |access-date= бара |url= (help)