Награда „Гоце Делчев“
Со наградата Гоце Делчев се оддава општествено признание за особено значајно остварување во сите области од науката од интерес на Република Македонија. Наградата се доделува за научно остварување објавено во претходната година. Наградата под услови определени со Закон за државните награди (“Службен весник на Република Македонија” бр. 52/2006) се доделува на поединци или на група творци од земјата или од странство.
Конкурирање и доделување
уредиПраво на конкурирање имаат дела што се објавени, рецензирани и каталогизирани. За датум на објавувањето се смета датумот што е објавен во каталогизацијата на публикацијата. Поединец или група творци може да биде добитник на награда за остварување во истата област само еднаш. Член од група творци може како поединец да биде добитник на наградата за друго остварување и во истата област.
Предлози за доделување на наградата можат да поднесат: Македонската академија на науките и уметностите, универзитетите, научните установи, истражувачко – развојните единици во стопанството, научни и стручни здруженија и граѓани.[1]
За првпат, наградата е доделана во 1949 година, а прв добитник бил Блаже Конески. Вториот добитник на наградата бил Драган Ташковски. Доделувањето на наградата мирувало до 1978 година, кога била возобновена и оттогаш постојано се доделува на еден, двајца или тројца научни работници (или колектив).[2]
Добитници
уреди- 1949 - Блаже Конески
- 1950 - Драган Ташковски, Димитар Митрев
- 1978 - Љубен Лапе
- 1979 - Архив на Македонија, заедничка: Христо Андонов Полјански и Манол Пандевски
- 1980 - Наставно-научната студиска група за историја при Филозофскиот факултет во Скопје
- 1981 - Групна: Славко Димевски, Иван Катарџиев, Стеван Габер, Александар Христов, Владо Картов, Владо Поповски, Љупчо Арнаудовски и Петар Пепељугоски
- 1982 - Димитар Димески
- 1983 - Крсте Битоски
- 1984 - Александар Матковски
- 1986 - Ристо Кирјазовски, заедничка: Стјепан Антољак и Бранко Панов
- 1987 - Иван Катарџиев
- 1988 - Коста Пеев, Владимир Картов, Вера Битракова
- 1989 - Дончо Димовски, Лазар Лазаров, заедничка: Радмила Угринова Скаловска и Зденка Рибарова
- 1990 - Нијази Лимановски
- 1991 - Блага Алексова, Васил Тоциновски, Ристо Дамјановски
- 1992 - Златка Поповска
- 1993 - Гане Тодоровски
- 1994 - Сотир Голабовски, заедничка: Радмила Кипријанова и Лилјана Марковска
- 1995 - Лилјана Минова Ѓуркова, Трајан Гоцевски, Делчо Јовановски, Новица Велјановски, заедничка: Вера Петрова и Лилјана Илиевска[3]
- 1996 - Аница Карговска Клисарова, Цветан Грозданов, Данчо Давчев, колектив: Вангелија Десподова, Кита Бицевска, Димитар Пандев и Љупчо Митревски
- 1997 - Илија Васков, Владимир Ортаковски, Ѓорѓи Здравев
- 1998 - Вера Стојчевска-Антиќ, заедничка: Ирена Савицка и Људмил Спасов
- 1999 - Кирил Мицевски, Љубиша Новотни, заедничка: Алекса Попов и Петар Атанасов[4]
- 2004
- д-р Ванчо Ѓорѓиев за трудот „Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903“
- д-р Бојан Ортаков
- 2009 - заедничка: Нинослав Ивановски и Ристо Гроздановски, колектив: Трајче Стафилов, Роберт Шајн, Златко Панчевски, Блажо Боев, Марина Фронтасјева и Људмила Стрелкова; Томе Неновски[5]
- 2010 - Владо Матевски[6]
- 2012 - Иван Микулчиќ, Марко Китевски и Тони Јаневски[7]
- 2013 - колектив: Глигор Јовановски, Блаже Боев и Петре Макрески, колектив: Радмил Поленаковиќ и 17 соавтори[8]
- 2014 - Колектив: Благоја Маркоски, Тодор Чепреганов, Ратомир Грозданоски и Дејан Николовски; заедничка: Лилјана Гавриловска и Владимир Атанасовски; колектив: Мирјана Кочова, Гордана Илиева, Елена Шокарова Ангеловска, Светлана Кочева и Виолета Атанасовска[9]
- 2015 - Билјана Јолевска-Тунеска, Аслан Хамити и колектив: Елизабета Бандиловска-Ралповска, Олгица Додевска-Михајловска, Снежана Велковска, Снежана Веновска-Антевска, Елка Јачева-Улчар, Виолета Николовска, Фани Стефановска-Ристеска, Катица Топлиска-Евроска и Живко Цветановски[10]
- 2016[11]
- д-р Јасна Котеска за делото „Киркегард за консумеризмот (етичко естетско и религиозно читање)“
- д-р Ванчо Спиров за „Форензичка ДНК-анализа на забите“
- д-р Трајче Стафилов и д-р Роберт Шајн за „Геохемиски атлас на Република Македонија“
- 2017[12]
- Славчо Ковилоски за трудот „Прилеп и Прилепско во XIX век (културно-историски процеси)“
- Енис Рафет Јакупи за трудот „Архитектонски конструкции1“
- Дончо Донев за трудот „Првите 15 македонски доајени на Медицинскиот факултет“
- 2018 - не е доделена.
- 2019 - не е доделена.
- 2020 - не е доделена[13]
- 2021[14]
- Соња Генадиева Ставриќ со група автори за „Интерна медицина“ и
- Катица Ќулавкова за „Сите лица на речта: беседи“
- 2022 - Мишо Докмановиќ[15] Докмановиќ е добитник на наградата за делото „Сами на своето – кратка историја на македонската независност (1990 – 1993)“.
- 2023[16]
- проф. д-р Трифче Сандев и д-р Александар Иомин за делото „Специјални функции на фракционо сметање: Апликации на дифузија и случајно пребарување“;
- проф. д-р Нано Ружин за делото „Балкански иконографии“;
- д-р Александар Василевски за делото „Поствизантиски претстави на Страшниот суд од Република Северна Македонија - идејна основа, ликовни извори и иконографска анализа“
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Конкурс за доделување на наградата "Гоце Делчев" во 2016 година“. www.mon.gov.mk. Посетено на 2018-10-20.[мртва врска]
- ↑ Колектив (1999). Книга на факти. Скопје: Детска радост. стр. 198–199. ISBN 99-89-30-516-1.
- ↑ Колектив (1999). Книга на факти. Скопје: Детска радост. стр. 198. ISBN 9989-30-516-1.
- ↑ Колектив (1999). Книга на факти. Скопје: Детска радост. стр. 199. ISBN 9989-30-516-1.
- ↑ „Награда Гоце Делчев за 2009“.
- ↑ „награда Гоце Делчев за 2010“.[мртва врска]
- ↑ „Одлука за доделување на наградата „Гоце Делчев" за особено значајни остварувања од интерес за Републиката во областа на науката“ (PDF). 23 април 2012. Посетено на 20 март 2021.
- ↑ „Награда Гоце Делчев за 2013“.[мртва врска]
- ↑ „Награда Гоце Делчев за 2014“.
- ↑ „Награда Гоце Делчев за 2015“.
- ↑ „Објавени добитниците на државната награда „Гоце Делчев" за наука“. Архивирано од изворникот на 2019-01-29.
- ↑ „Награда Гоце Делчев за 2017“.
- ↑ „https://sdk.mk/index.php/makedonija/za-pandemijata-barame-spas-vo-naukata-a-drzhavnata-nagrada-za-nauchnitsi-gotse-delchev-ne-se-dodeli-ni-godinava-reagira-akademik-vlado-kambovski/“. СДК. 4.05.2020. Посетено на 15 јануари 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help); Надворешна врска во|title=
(help) - ↑ „ОДЛУКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА "ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ" ЗА 2021 ГОДИНА, ЗА ОСОБЕНО ЗНАЧАЈНИ ОСТВАРУВАЊА ОД ИНТЕРЕС ЗА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ОБЛАСТА НА НАУКАТА“. De Iure. 6.05.2021. Посетено на 15 јануари 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Проф. д-р Мишо Докмановиќ е добитник на државната награда „Гоце Делчев"“. fakulteti.mk. 4.05.2022. Посетено на 15 јануари 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ"“. sobranie.mk. 4.05.2023. Посетено на 10 ноември 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)