Црква „Вознесение Христово“ - Довезенце

црква во Довезенце, Кумановско

Вознесение Христово (или Свети Спас) — главна селска црква во кумановското село Довезенце, Македонија.[1]

Вознесение Христово

Воздушен поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Кумановско-осоговска
Архијерејско намесништво Кумановско-кратовско
Парохија Клечовска
Местоположба

Карта

Координати 42°06′25″N 21°54′45″E / 42.10694° СГШ; 21.91250° ИГД / 42.10694; 21.91250
Место Довезенце
Општина Куманово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Вознесение Христово
Изградба XVI - XVII век
Архитектонски опис
Архит. тип двокорабна
Стил византиски

Црквата потекнува доцниот среден век, односно од крајот на XVI или почетокот на XVII век.[2] Прогласена е за значајно културно наследство на Македонија.[3]

Денес, црквата се наоѓа во делумно разурната состојба.[2]

Местоположба

уреди

Црквата се наоѓа во Селиште, во источниот дел на селото Довезенце. Покрај црквата се наоѓаат селските гробишта, како и зградата на старото училиште, кое било подигнато уште во 1820 година.[4]

Историја

уреди

Ова е гробишна црква, подигната на рид во XVIXVII век.[2] Според истражувањето на Јован Трифуноски од 1972 година, црквата била изградена пред крајот на отоманскиот период на остатоци на поранешен храм.[4]

Архитектонски опис

уреди

Црквата претставува двокорабен храм и се состои од правоаголен наос со апсидална ниша во северниот кораб, припрата во јужниот кораб со правоаголен облик во основата. Црквата е асиметрична по нејзините оски. Влезот од западната страна низ еднокрилна дрвена врата води право во северниот кораб. Од јужната страна, еднокрилна дрвена врата води во јужниот кораб. Според архитектурата, се смета дека јужниот кораб е постар. Помалиот јужен и поголемиот северен кораб се поврзани со четири отвора со лачни завршетоци во горниот дел, носени од три кврадратни камени столба. Во источниот дел на северниот кораб има апсида со ѓаконик и проскомидија.[5]

Црквата е изградена од делкан камен и варов малтер. За сводната конструкција и трите столба на аркадите се употребени камени блокови. Сводниот систем на северниот кораб и горното подрачје на северниот ѕид заедно со покривот во голем дел се оштетени. Подовите во корабите се изработени од убави камени плочки. Во централниот дел на наосот е направена украсна розета со округол облик, со седум светли и седум потемни трапезоидни камени плочки, а во средината има една округла плоча.[5]

Во северниот кораб, до самиот ѕид има камен столб со капител, релјефно обработен, а околу столбот има плитка плетеница. Другите два столба се наоѓаат во јужниот кораб и еден столб надвор пред самата црква.[5]

Живопис

уреди

Живописот е фрагментарно зачуван. Во олтарниот простор има дел од стариот живопис, кој на другите ѕидови е малтерисан. Во апсидната конха е претставена Богородица Поширока од небесата во полн раст. Северно и јужно од неа е Благовештението со Архангел Гаврил и Богородица во медалјони. Под Богородица Поширока од небесата се претставени допојасни фигури на архијереите св. Василиј Велики и Јован Златоуст. Над Богородица Поширока од небесата фрагментарно е зачувана композицијата Вознесение Христово – Христос во медалјон. Во конхата на проскомидијта е претставен ѓаконот Стефан. На јужниот ѕид во олтарниот простор е светиот воин Прокопиј Кесариски во полн раст. Долниот дел на фреската е оштетен, а над него има фрагменти од двајца старозаветни пророци во медалјони.[5]

Икони од црквата

уреди

Сите икони од црквата денес се сместени во Галеријата на икони во Куманово.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 55. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1339. ISBN 978-608-203-024-1.
  3.   Културно добро бр. 250: „Црква Св. Спас“Национален информативен систем за културното наследство на УЗКН
  4. 4,0 4,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје: САНУ. стр. 183.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 „Црква Св. Спас“. Управа за заштита на културното наследство. Посетено на 10 април 2014.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди