Љубе Димчев Петковски
Љубе Димчев Петковски ( 1924 во Довезенце, Кумановско — 20 октомври 1944 во Матка, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПроизлегува од средноимотно селско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. На 10 август 1944 година стапил во борбените редови на Третата македонска ударна бригада. Учествувал во низа жестоки борби против непријателот. Посебно успешни борби бригадата водела на велешкиот и кумановскиот терен. На 20 октомври 1944 година учествувал во борбата против балистите и Германците кај хидроцентралата Матка. На овој терен побројниот балистички непријател помогнат од страна на германските единици со тешко оружје, ја принудиле бригадата времено да се повлече. Во таа тешка битка, го изгубил својот живот.[1]