Стара Црква (Довезенце)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Стара Црква

Карта

Местоположба 42°6′6″N 21°54′27″E / 42.10167° СГШ; 21.90750° ИГД / 42.10167; 21.90750
Основни податоци
Место Довезенце
Општина Куманово
Тип

 населба  тврдина  црква  некропола

Период праисторија
доцноантичко време
среден век
Портал „Археологија“

Стара Цркваархеолошко наоѓалиште во кумановското село Довезенце. Претставува праисториска населба, доцноантичко утврдување и средновековна црква со некропола. Се наоѓа на 17 км источно од Куманово, на високата тераса над левиот брег на Крива Река, издолжена во правец запад-исток. Пристапна е од јужната страна преку седлото што ја поврзува со нејзиниот матичен рид Јеленец. Приближно на средината, на највискоте позиции на теренот има урнатини од еднокорабна црква со мали димензии, позната под името Св. Ѓорѓи. Околу неа на места се распознаваат масивни плочи и вертикално поставени камени блокови, што упатува на присуство на некропола. Северно од црквата, под работ на висорамнинката се гледаат остатоци од одбранбен ѕид, ѕидан од камен и варов малтер, во доцноримска техника. На површината има сосема мал број археолошки остатоци, и тоа главно фрагменти од градежна керамика. Од наоѓалиштето потекнуваат три латински натиписи од кој еден посветен на тракиското божество Збелтиурд, а најдени се и фрагменти од праисториски керамички садови.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 208, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069