Густав Свенсон (роден на 7 февруари 1987 година во Гетеборг) — шведски фудбалер, играч од средниот ред на Сиетл Саундерс и на шведската репрезентација.

Густав Свенсон
Лични податоци
Полно име Карл Густав Јохан Свенсон
Роден на 7 февруари 1987(1987-02-07)(37 г.)
Роден во Гетеборг, Шведска
Држава Шведска Шведска
Висина &100000000000001830000001,83 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Сиетл Саундерс Сиетл Саундерс
Број 4
Младинска кариера
Азалеа БК
Ле Кане-Рошевил
Гетеборг Гетеборг
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005-2010 Гетеборг Гетеборг 101 (8)
2010-2012 Бурсаспор Бурсаспор 25 (0)
2012-2014 Таврија Таврија 21 (0)
2014-2015 Гетеборг Гетеборг 52 (1)
2016 Гвангжу Р&Ф Гвангжу Р&Ф 28 (0)
2017- Сиетл Саундерс Сиетл Саундерс 57 (4)
Репрезентација
2007-2009 Шведска Шведска 21 24 (1)
2009- Шведска Шведска 22 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Клупска кариера уреди

Почетоци уреди

Свенсон ја започнал фудбалската кариера во екипата на Азалеа БК, каде што неговиот татко бил тренер.[1] Во тој клуб играл до својата 13 година, кога се преселил со своето семејство во Франција и таму продолжил да игра фудбал за клубот Ле Кане-Рошевил. После шест месеци во Франција, семејството повторно се вратило во Шведска каде набргу потоа Свенсон се приклучил на младинските категории на Гетеборг.

Гетеборг уреди

Своето деби за првиот тим на сино-белите го имал на 2 мај 2006, играјќи како стартер во победата со 2-1 во гости против ГАИС во шведското првенство. Својот прв погодок за клубот како професионален фудбалер го постигнал на 15 септември 2007, во ремито 2-2 против Елфсборг на домашен терен. Во 2007 година, исто така, Свенсон го освоил шведското првенство со Гетеборг, забележувајќи 22 настапи и еден гол во шампионската кампања на клубот. Истата година тој бил номиниран и за Откритие на сезоната во шведскиот фудбал, но ја загубил наградата од Јохан Оремо. Во периодот додека играл за Гетеборг од 2006 до 2010 година, Свенсон бил еден од најдобрите и најважните играчи на клубот.

Бурсаспор и Таврија Симферопол уреди

На 1 септември 2010, тој потпишал тригодишен договор со тогашниот турски шампион Бурсаспор.[2] Дебитирал за новиот клуб во натпреварот од Лигата на шампионите Бурсаспор-Валенсија 0-4, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Иван Ергиќ во 78-мата минута.[3] Шест дена подоцна дебитирал во турското првенство, во победата со 3-0 над Газиантепспор играјќи го целиот натпревар. Првата сезона во Турција ја завршил со 25 настапи во сите натпреварувања без постигнат гол. А откако во следната добивал многу помалку можности за игра Свенсон ја напуштил Бурса во летото 2012.

На 7 јули 2012, Свенсон потпишал тригодишен договор со украинскиот клуб Таврија Симферопол.[4] Свенсон започнал добро во клубот, играјќи од почеток до крај во секој од првите 11 натпревари во првенството и 2 во купот по неговото доаѓање во клубот, меѓутоа на 16 февруари 2013 на тренинг се здобил со тешка повреда на предните вкрстени лигаменти поради која морал да го пропушти остатокот од сезоната и бил надвор од фудбалските терени цели 184 дена.[5] Тој се вратил во акција кон крајот на август 2013 година и одиграл уште десет натпревари за Таврија, пред да го раскине договорот со клубот во март 2014 поради несигурната состојба во регионот заради војната во Крим.[6]

Враќање во Гетеборг и Гвангжу Р&Ф уреди

На 23 март 2014, Свенсон се вратил во Гетеборг, клубот во којшто поникнал потпишувајќи четиригодишен договор.[7] Во својот втор престој во Гетеборг тој му помогнал на клубот да го освои Купот на Шведска, со победа од 2-1 над Еребро во финалето, во кое Свенсон ги одиграл комплетните 90 минути.[8]

На 14 јануари 2016, потпишал тригодишен договор со кинескиот клуб Гвангжу Р&Ф.[9] Дебитирал во Суперлигата на Кина на 4 март 2016, во поразот со 1-2 на домашен терен од Хебеј Чајна Фортјун. Во Гвагжу Р&Ф се задржал само една сезона, забележувајќи 28 настапи во првенството и 5 во ФА купот на Кина.

Сиетл Саундерс уреди

 
Свенсон играјќи за Сиетл Саундерс во 2017.

На 30 јануари 2017, Свенсон му се приклучил на американскиот клуб Сиетл Саундерс кој се натпреварува во МЛС лигата.[10] Своето деби за Саундерс го направил во првиот натпревар од сезоната во МЛС лигата, играјќи на несвојствена позиција за него дотогаш како десен бек во поразот со 2–1 од Хјустон Дајнамо.[11] Својот прв гол за клубот во МЛС го постигнал на 20 јули 2017, во победата со 4-3 на домашен терен над Ди Си Јунајтед. Тој бил стандарден протимец на Сиетл во текот на регуларниот дел од сезоната забележувајќи 32 настапи и 1 гол и играјќи на различни позиции како десен бек, централен дефанзивец и дефанзивен играч за врска.

Откако Сиетл се пласирал во плејофот од МЛС купот, Свенсон продолжил редовно да игра и настапил во сите 5 натпревари на клубот, вклучувајќи го и финалето, притоа постигнувајќи еден гол во победата со 2-0 на гости против Хјустон во првиот натпревар од конференциското финале на западната конференција. Во финалето на МЛС купот одиграно на 9 декември 2017, Свенсон го одиграл целиот натпревар за Саундерс но не успеал да му помогне на клубот да ја одбрани титулата откако биле поразени со 2-0 од Торонто.[12][13]

Следната сезона тој одиграл 24 натпревари и постигнал 3 гола за Саундерс во регуларниот дел од сезоната во МЛС лигата, и два во плејофот од МЛС купот каде Сиетл бил елиминиран во конференциското полуфинале од Портланд Тимберс на пенали.

Гвагжу Сити уреди

На 9 април 2021, Свенсон се вратил во кинеското првенство потпишувајќи договор со екипата на Гвангжу Сити.[14]

Репрезентативна кариера уреди

Свенсон е поранешен репрезентативец на Шведска во селекцијата под 21 година за која во периодот од 2007-2009 година одиграл 21 натпревар и постигнал еден гол - против Белорусија со удар од повеќе од 30 метри на Европското првенство 2009 на кое Шведска била домаќин и стигнала до полуфиналето.

Своето деби во сениорската репрезентација го имал во 2009 година, во пријателскиот натпревар САД-Шведска 3-2 одигран во Карсон.

Во мај 2018 година, бил избран во составот на шведската репрезентација за Светското првенство 2018 во Русија.[15] Свенсон одиграл три натпревари на турнирот против Јужна Кореја и Мексико во групната фаза и против Швајцарија во осминафиналето, а Шведска стигнала до четвртфиналето каде биле елиминирани од Англија.

Хронологија на репрезентативните настапи уреди

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Шведска
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
23-1-2009 Карсон САД   3 – 2   Шведска Пријателска -
29-1-2009 Карсон Мексико   1 – 0   Шведска Пријателска -   87'
12-10-2015 Солна Шведска   2 – 0   Молдавија Квал. за Евро 2016 -   57'
17-11-2015 Копенхаген Данска   2 – 2   Шведска Квал. за Евро 2016 -   69'
6-1-2016 Абу Даби Шведска   1 – 1   Естонија Пријателска -   61'
10-1-2016 Абу Даби Шведска   3 – 0   Финска Пријателска -   46'
3-9-2017 Борисов Белорусија   0 – 4   Шведска Квал. за СП 2018 -   69'
10-10-2017 Амстердам Холандија   2 – 0   Шведска Квал. за СП 2018 -   68'
10-11-2017 Солна Шведска   1 – 0   Италија Квал. за СП 2018 -   83'
13-11-2017 Милано Италија   0 – 0   Шведска Квал. за СП 2018 -   19'
24-3-2018 Солна Шведска   1 – 2   Чиле Пријателска -
2-6-2018 Солна Шведска   0 – 0   Данска Пријателска -   46'
9-6-2018 Гетеборг Шведска   0 – 0   Перу Пријателска -   90+1'
18-6-2018 Нижни Новгород Шведска   1 – 0   Јужна Кореја СП 2018 - Прва фаза -   81' дет.
27-6-2018 Екатеринбург Мексико   0 – 3   Шведска СП 2018 - Прва фаза -   57' дет.
3-7-2018 Санкт Петербург Шведска   1 – 0   Швајцарија СП 2018 - Осминафинале - дет.
6-9-2018 Прага Австрија   2 – 0   Шведска Пријателска -   78'
11-10-2018 Калининград Русија   0 – 0   Шведска УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -
17-11-2018 Ескишехир Турција   0 – 1   Шведска УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -   81'
20-11-2018 Солна Шведска   2 – 0   Русија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -   80'
23-3-2019 Солна Шведска   2 – 1   Романија Квал. за Евро 2020 -   67'   90+3'
26-3-2019 Осло Норвешка   3 – 3   Шведска Квал. за Евро 2020 -   66'
Вкупно Настапи 22 Голови 0

Титули уреди

  Гетеборг уреди

Наводи уреди

  1. „Gustav Svensson inför kommande säsong“. svenskafans.com. 11 март 2008. Посетено на 18 март 2014.
  2. „Bursaspor'a İsveçli orta saha“. NTV Spor. Посетено на 2 February 2015.
  3. „UCL 2010-2011 Bursaspor - Valencia 0-4“. transfermarkt. 14 септември 2010. Посетено на 27 март 2019.
  4. „Ofitsial'no: Gustav Svensson — igrok Tavrii“. Football. Посетено на 2 February 2015.
  5. „Gustav Svensson: Injury History“. transfermarkt. Посетено на 27 март 2019.
  6. gp.se, уред. (18 март 2014). „Svensson har brutit kontraktet i förtid“ (шведски).
  7. „Gustav tillbaka i Blåvitt“. IFK Göteborg. Архивирано од изворникот на 2014-03-28. Посетено на 27 April 2014.
  8. „Svneska Cupen Final 2015 IFK Göteborg - Örebro SK 2-1“. transfermarkt. 17 мај 2015. Посетено на 27 март 2019.
  9. „Gustav till Guangzhou“. IFK Göteborg. 14 January 2016. Архивирано од изворникот на 2017-01-26. Посетено на 14 January 2016.
  10. Krasnoo, Ryan (30 January 2017). „Seattle Sounders sign Gustav Svensson, strengthen midfield crop“. SoundersFC.com. Посетено на 31 January 2017.
  11. Sounders FC Communications (4 March 2017). „Sounders FC falls 2–1 in Houston to open 2017 MLS season“. SoundersFC.com. Посетено на 15 March 2017.
  12. Toronto FC defeats Seattle Sounders to win first MLS Cup sportsnet.ca
  13. „Toronto FC 2, Seattle Sounders 0 - 2017 MLS Cup Final Recap & Line ups“. mlssoccer. 9 декември 2017. Посетено на 27 март 2019.
  14. „官方:瑞典球员斯文森回归加盟广州城,双方签约一年“ (кинески). Dongqiudi. 9 April 2021. Посетено на 9 April 2021.
  15. http://www.goal.com/en-gb/amp/news/revealed-every-world-cup-2018-squad-23-man-preliminary-lists/oa0atsduflsv1nsf6oqk576rb

Надворешни врски уреди