Иван Ергиќ (роден на 21 јануари 1981 година) бил поранешен српски фудбалер кој настапувал на позицијата како играч од средниот ред.

Ергиќ како капитен во Базел во 2007 година

Иван е роден во денешна Хрватска, а израснат во Австралија. Својата кариера ја започнал во екипата на Перт Глори, а накратко настапувал и за Јувентус од Торино пред да премине во 2001 година во швајцарскиот клуб ФК Базел, каде одиграл вкупно 202 првенствени натпревари. Во 2009 година заминал да игра во Турција во екипата на Бурсаспор, каде што поминал вкупно две сезони, освојувајќи ја турската Супер лига во првата сезона.

Ергиќ бил член на репрезентацијата на Србија и Црна Гора на Светското првенство во фудбал во 2006 година, а одиграл 11 меѓународни натпревари за својата репрезентација помеѓу 2006 и 2008 година.

Клупска кариера

уреди

Перт Глори

уреди

Ергиќ е роден во поморскиот град Шибеник во СР Хрватска, СФР Југославија, но израснал во блиското село Гаќелези.

Тој во 1997 година со своето семејство се преселил во градот Карнарвон, Западна Австралија.[1][2] Подоцна тренирал фудбал во Австралискиот институт за спорт, добивајќи фудбалска стипендија финансирана од владата.

Ергиќ во 1989 годинаја започнал својата фудбалска кариера во екипата Перт Глори и му помогнал на клубот да заврши на втората позиција во сезоната 1999-2000. Тој го постигнал "златниот гол" во полуфиналето со што му овозможил на својот клуб да игра во NSL- големото финале.

Базел

уреди

Во 2000 година, Ергиќ се преселил во италијанскиот гигант Јувентус, но подоцна, во текот на сезоната заминал како позајмен играч во составот ФК Базел од Швајцарија. Подоцна потпишал договор со ФК Базел за сума од 1,6 милиони CHF (швајцарски франци). Иван станал капитен на клубот во 2006 година откако соиграчот Паскал Зубербилер си заминал, но во 2008 година тој се откажал од капитенската лента и му ја предал на својот соиграч Франко Костанцо. На 10 мај 2008 година тој го одиграл својот 150-ти натпревар за првиот тим на Базел против екипата на ФК Јанг Бојс на стадионот Сент Јакоб-Парк. Базел го добил натпреварот со 2:0,и подоцна станал шампион на својата држава. На 16 јуни 2009 година, Ергиќ бил ослободен од обврските во ФК Базел откако новоангажираниот тренер Торстен Финк одлучил да не му понуди нов договор. Тој поминал вкупно девет години во клубот и при тоа одиграл преку 200 натпревари.[3]

Бурсаспор

уреди

Подоцна Ергиќ потпишал за екипата на Бурсаспор од турската Супер лига. Во првата сезона со Бурсаспор во 2009-10 клубот ја освоил Супер лигата, првпат во историјата. Тој настапил на пет натпревари од Лигата на шампионите на УЕФА во сезоната 2010-11.

Меѓународна (репрезентативна) кариера

уреди

Ергиќ во февруараи 1999 година настапил за австралиската репрезентација до 20 години на пријателскиот натпревар против селекцијата на Јужна Кореја, постигнувајќи гол во поразот од 3:2.[4]

Сепак, Ергиќ подоцна избрал во меѓународениот фудбал да не настапува за селекцијата на Австралија, туку за репрезентацијата на Србија. На 15 мај 2006 година, тој бил назначен како член на тимот за учество на Светското првенство во фудбал 2006 во Германија. Својот прв натпревар за селекцијата на Србија и Црна Гора го имал на 27 мај 2006 година, во нерешениот натпревар од 1:1 со составот на Уругвај на стадионот на Црвена ѕвезда во Белград. Репрезентацијата ја напуштил во 2007 година, но повторно се вратил во 2008 година.

Надвор од фудбалот

уреди

Ергиќ се самоидентификувал и се попишувал како Југословен.[5]

Депресија

уреди

Во јуни 2004 година, Иван Ергиќ се лекувал од депресија во психијатриската универзитетска клиника во Базел, а неговата понатамошна кариера како фудбалер во тоа време била доведена во прашање. Сепак, клубот ФК Базел го задржал како играч и на крајот му ја доделил честа да биде капитен на клубот. Егриќ бил близок пријател со Љубо Миличевиќ.[6] Настапувал во швајцарското вечерно шоу Ашбахер, каде изјавил дека фудбалерите заработуваат премногу пари и помеѓу другото изразил симпатии за идеите на социјалистот Карл Маркс. Тој се појавил и во емисијата Кључ на РТС (српски јавен радиодифузен сервис), каде отворено разговарал за неговата борба со депресијата, како и за третманот на кој бил подложен.

Новинарство

уреди

Од декември 2008 година, Ергиќ започнал да пишува нередовни колумни за српскиот дневен весник Политика. Неговите теми биле за прашања поврзани со професионалниот спорт, напишани од инсајдерска гледна точка. Тој задирнал во различни теми како што се: машкиот шовинизам во спортот, суровиот натпреварувачки дух, што тој го смета за нездрав и неадекватен, корпоративната машинерија зад институционализираните спортови и недостатокот на разбирање од јавноста за професионалните спортисти. Начинот на живот на спортистите како клише, спортските медиуми, навивачите, раководството на клубовите и засегнатите страни и официјални лица кои ги водат различните лиги.[7][8][9][10][11][12][13]

Признанија

уреди
Перт Глори
  • Второпласирани во Национална фудбалска лига: 1999–2000
Базел
  • Освоен е Швајцаскиот куп: 2002, 2003, 2007, 2008
  • Освоена е Швајцарската Супер лига: 2002, 2004, 2005, 2008
  • Освоен е Уренкупот: 2003, 2006, 2008 година
Бурсаспор

Наводи

уреди
  1. Cook, Jonathan (16 March 2005). „Glory star endures trip to hell and back“. The West Australian. стр. 124.
  2. Cook, Jonathan (16 March 2005). „Injury, depression take toll on Ergic“. The West Australian. стр. 123.
  3. „Keine Vertragsverlängerung mit Ivan Ergic“ [No contract extension for Ergic] (германски). FC Basel. 16 June 2009. Архивирано од изворникот на 19 June 2009. Посетено на 14 December 2013.
  4. „Young Socceroo Matches for 1999“. OzFootball.net. Посетено на 20 May 2020.
  5. „AIS to Champions League - Ergic and Milicevic's parallel careers“. SBS. 31 July 2008. Посетено на 17 September 2021.
  6. „Milicevic's Dark Days“. theworldgame.sbs.com.au. Архивирано од изворникот на 16 April 2009.
  7. Ergić, Ivan (1 December 2008). Фудбал као мушка ствар [Football as a male thing] (српски). politika.rs. Посетено на 14 December 2013.
  8. Ergić, Ivan (2 March 2009). "Фудбалски сан" као производ класне дискриминације ["Football Dream" as a product of class discrimination] (српски). politika.rs. Посетено на 14 December 2013.
  9. Ergić, Ivan (6 April 2009). Фудбал као ријалити шоу [Football as a reality show] (српски). politika.rs. Посетено на 14 December 2013.
  10. Ergić, Ivan (7 September 2009). Пожељан је убилачки инстикт [Killing instinct is advisable] (српски). politika.rs. Посетено на 14 December 2013.
  11. Ergić, Ivan (5 October 2009). Професионализација заувек раздвојила спортисте и навијаче [Professionalism separated sportsmen and their fans forever] (српски). politika.rs. Посетено на 14 December 2013.
  12. Ergić, Ivan (8 December 2009). Депресија и друштво [Depression and the society] (српски). politika.rs. Посетено на 14 December 2013.
  13. Ergić, Ivan (9 December 2009). Такмичарско друштво елиминише неприлагодљиве [Competitive society eliminates the ones who don't adapt] (српски). politika.rs. Посетено на 14 December 2013.

Надворешни врски

уреди