Грајфсвалд

град во Германија

Грајфсвалд (германски: Greifswald), служб. Универзитетски и Ханзин град Грајфсвалд (на германски Universitäts- und Hansestadt Greifswald) — град во североисточниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, во Германија. Градот претставува административно седиште на новосоздадениот округ Западна Померанија-Грајфсвалд, создаден со административната реформа во 2011 година.

Грајфсвалд
Градското собрание, знаменитост на Грајфсвалд
Градското собрание, знаменитост на Грајфсвалд
Градското собрание, знаменитост на Грајфсвалд
Грб на Грајфсвалд
Грајфсвалд во рамките на Германија
Грајфсвалд
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Западна Померанија-Грајфсвалд
Градски единици 8 окрузи
Градоначалник Артур Кениг (ДХС)
Основни податоци
Површина 50,50 км2
Надм. височина 5 м
Население 59.691 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 1.182 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HGW
Пошт. бр. 17489-17493
Повик. бр. 03834
Портал www.greifswald.de
Местоположба на градот Грајфсвалд во рамките на округот Западна Померанија-Грајфсвалд
Карта
Карта
Координати 54°5′N 13°23′E / 54.083° СГШ; 13.383° ИГД / 54.083; 13.383
Градското собрание и катедралата Св. Никола на средишниот плоштад во Грајфсвалд.
Градското собрание погледнато од катедралата во Грајфсвалд, рибарскиот пазар во преден план, а главниот плоштад во позадина

Се наоѓа на еднакво растојание од околу 250 километри од двата најголеми града во Германија, Берлин и Хамбург. Градот се наоѓа на Балтичкото Море, а низ самиот град тече малата река Рик. Исто така, градот се наоѓа во близина на двата најголеми острова во Германија, Риген и Узедом, и е близу до трите од 14. германски национални паркови. Порано бил урбан округ или слободен град, додека денес е сведен на окружен главен град.

Заедно со Штралзунд, Грајфсвалд создава еден од четирите високоурбани центри на Мекленбург-Западна Померанија.

Населението во градот изнесува 55.000 жители, вклучувајќи многу од 12.500 студенти и 5.000 вработени на Универзитетот во Грајфсвалд. Грајфсвалд е меѓународно познат поради истоимениот универзитет, неговата блиска Долина БиоКон, гасоводот Северен поток и проектите за јадрено соединување Венделштајн 7-Х.

Географија

уреди

Грајфсвалд е сместен во североисточниот дел на Германија, на приближна иста оддалечност од двата најголеми острова во Германија, Риген и Узедом. Градот е сместен во јужниот дел на Грајфсвалдскиот Залив, историскиот стар дел на градот е на околу 5 километри спротиводно по реката Рик, која поминува низ градот. Областа околу Грајфсвалд е главно рамна и едвај достигнува повеќе од 20 метри надморска височина. Двата острова, Кос и Римс, се исто така дел од Грајфсвалд. Три од четинаесетте национални паркови на Германија можат да се посетат од Грајфсвалд со автомобил за не повеќе од еден час возење.

Грајфсвалд е исто така приближно еднакво оддалечен од двата најголеми германски града, Берлин (240 км) и Хамбург (260 км). Најблиски поголеми градови се Штралзунд и Росток.

Крајбрежниот дел на Грајфсвалд на устието на Рик, именуван Грајфсвалд-Вик, се развил од рибарско село. Денес поседува мала плажа, марина и главното пристаниште во Грајфсвалд.

Градски делови

уреди
 
Карта на градските делови на Грајфсвалд
Градски дел
(денешни)
Градски дел
(историски)
Површина
(ха)
Жители
1992
Жители
2002
Жители
2011
Зона „Грајфсвалд“
„Иненштат“
(центарот)
Иненштат 87,0 4.786 3.756 4.619
Штајнбекерфорштат 349,6 185 211 385
Флајшерфорштат 52,7 3.565 3.083 4.317
Нердлихе Миленфорштат 173,8 4.400 4.149 4.389
Зидлихе Миленфорштат,
Обстбаузидлунг
108,1 5.449 4.608 5.436
Фетенфорштат,
Штатрандзидлунг
657,3 2.265 3.209 4.006
Индустригебит 634,7 785 696 817
Зидштат (види подолу)
Зона „Грос Шенвалде“ и „Којтенхаген“ (припоени 1974)
„Шенвалде II“ Грос Шенвалде
(вкл. Којтенхаген)
580,8 310 1.055 1.070
Шенвалде II 88,0 13.525 9.065 8.583
„Шенвалде I
и Зидштат"
Шенвалде I
и Зидштат
132,1 15.236 11.396 10.740
Зона „Елдена“, „Ладебов“ и „Вик“ (1939), „Фридрихсхаген“ (1974), „Римс“ (1957)
„Елдена“ Елдена 675,5 1.319 2.163 2.242
„Остзефиртел“ Остзефиртел 219,7 10.657 7.258 6.075
„Вик/Ладебов" Ладебов 544,4 578 525 681
Вик 44,2 378 458 418
„Фридрихсхаген“ Фридрихсхаген 436,5 142 207 202
„Римс“ Римс/остров Кос 233,6 1.020 665 545

Соседни општини

уреди

Грајфсвалд се граничи со следниве општини (почнувајќи од десно, надесно): Мезекенхаген, Нојенкирхен, Лесин, Кемниц, Дидрихсхаген, Вајтенхаген, Хинрихсхаген, Левенхаген и Вакеров (сите општини во округот Западна Померанија-Грајфсвалд).

Клима

уреди
Клима на Грајфсвалд
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Просечна максимална (°C) 1,8 2,3 6,5 11,1 16,8 19,7 21,4 21,5 17,5 13,1 7,1 3,7 11,9
Просечна минимална (°C) −2,9 −2,8 0,4 2,9 7,5 10,9 12,7 12,6 9,9 6,6 2,5 −0,5 5,0
Просечно кол. врнежи (мм) 40 30 39 39 49 59 63 54 53 43 51 47 567
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) 10 8 10 8 8 8 10 9 9 9 11 11 111
Влага (%) 86 83 79 75 74 77 76 76 80 82 85 87 80
Сончеви часови (дневно) 1,4 2,2 3,9 5,6 8,0 8,0 7,7 7,4 5,3 3,5 1,7 1,3 4,7
Извор: wetterkontor.de

Историја

уреди

Рана историја

уреди
 
Манастирот Елдена бил основан во 1199. Денес се останати само руини од него.

Грајфсвалд бил основан во 1199 година, кога цистерцијанските монаси го основале манастирот Елдена.[2] Во 1250, Вартислав III му доделил градски права на Грајфсвалд.[2]

Средниот век и реформацијата

уреди
 
Ќелија
 
Источната страна на историскиот стар дел на градот (погледната од кулата на катедралата)

Во средновековни времиња, територијата на Грајфсвалд била ненаселена пошумена област, која претставувала граница помеѓу данското Кнежевство Риген и померанското Грофовија Гицков, кое во тоа време било исто така под данска власт. Во 1199, ругенскиот принц Јаромар I им дозволил на цистерцијанските монаси да го изградат манастирот Хилда, сега манастир Елдена, на устието на реката Рик. Помеѓу земјите кои им биле доделени на монасите била и природната солана, во близина на реката, место низ кое поминувал и важниот трговски пат Вија Регија. Ова место било именувано Грип(хе)сволд(е) (Gryp(he)swold(e)), кое претставува долногермански претходник на современото име на градот. Меѓутоа, легендата вели дека на монасите им било покажано најдоброто место за населување од моќниот грифон, кој поставил дрво кое се претпоставувало дека израснало на најстарата улица во Грајфсвалд, „Шухаген“ (Schuhagen). Изградбата на градот се одвивала врз основа на шема на правоаголни улици, со цркви и плоштади во средишните места. Првично бил населен со Германци во текот на нивното населување на овие простори, но биле привлечени и доселеници од други народи и Вендите.

Трговијата со сол му помогнала на манастирот Елдена да стане високо влијателен верски центар, а Грајфсвалд станал добро познат пазар. Кога Данците ги препуштиле померанските земји јужно од Рик, откако ги загубиле во Битката кај Борнхефед во 1227, градот станал место од особен интерес на померанските војводи. Во 1241, ругенскиот принц Вислав I и померанскиот војвода Вартислав III му доделиле пазарни права на Грајфсвалд. Во 1250, војводата му доделил градска права на Грајфсвалд, откако дозволил да се припои градот како феуд на манастирот Елдена во 1248.

Кога Јаско Залцведелски од Гицков го основал францисканскиот манастир во рамките на ѕидините на Грајфсвалд, цистерцијанците од Елдена го изгубиле поголемиот дел од влијанието на понатамошниот развој на градот. Веднаш зад западните граници на Грајфсвалд, никнувало ново предградие, во вид на град, (Neustadt), одвоен од Грајфсвалд со каналот. Во 1264, Нојштат бил припоен, а каналот бил пополнет.

Манастирот Елдена и други градби во Грајфсвалд биле изградени со тули во готски стил.

Доживувајќи силен пораст на населението, Грајфсвалд станал еден од најраните членови на Ханза кон крајот на XIII век, со што дополнително се развила трговијата и богатството. По 1296, граѓаните на Грајфсвалд не требало повеќе да служат во војската на Померанија, а померанските војводи не престојувале во градот.

Во 1456, градоначалникот на Грајфсвалд Хајнрих Рубенов ги поставил темелите на еден од најстарите универзитети во светот, Грајфсвалдскиот универзитет, кој бил еден од првите во Германија, и периодично, бил настар во Шведска и Прусија, соодветно.

При реформацијата, манастирот Елдена престанал да ја извршува својата функција. Неговите поседи припаднале на померанските војводи; тулите од неговите готски градби биле искористени од месното население за друг градби. Елдена го изгубила својот одвоен статус и подоцна била припоена во градот Грајфсвалд. Верските објекти во рамките на градските ѕидини, манастирите на црните фратри (доминиканци) во северозападниот дел и на сивите фратри (францисканци) во југоисточниот дел, биле секуларизирани. Зградите на доминиканците („црниот манастир“) биле претворени во универзитет; местото сè уште се користи како дел од средновековниот кампус. Францисканскиот манастир („сивиот манастир“) и неговите подоцнежни градби сега се дел од Померанскиот покраински музеј.

Во текот на Триесетгодишната војна, Грајфсвалд бил окупиран од царските сили од 1627 до 1631,[3] и потоа од шведските сили.[4]

1631/48—1815: Шведска

уреди
 
Грајфсвалд во 1652
 
Живиот плоштад на Грајфсвалд (Marktplatz)

Кога шведските сили влегле во Војводството Померанија во 1630 и постепено биле истуркувани царските сили, Грајфсвалд станал последното царско упориште во Померанија.[3] Бил опколен од Шведска на 12 јуни 1631[3] и поразен на 16 јуни, кога царскиот командант Перузи[5] бил убиен во текот на јавање.[3] Густав II Адолф Шведски дури и се вратил од Бранденбург да ја надгледува опсадата и по неговото пристигнување ја добил универзитетската почит за слобода.[3] По Триесетгодишната војна (1618–1648), Грајфсвалд и областа околу него, службено станал дел од Кралството Шведска како последица на војната. Шведска Померанија, како што била тогаш наречена, останала дел од шведското кралство до 1815, кога станала дел од Прусија, како Покраина Померанија.

Триесетгодишната војна предизвикала појава на глад низ цела Германија и до 1630, населението на Грајфсвалд се намалило за две третини. Многу градби останале празни и започнале да се распаѓаат. Наскоро се случиле други војни: Шведско-полска војна и Шведско-бранденбуршка војна, во кои бил вклучен тогашниот шведски град Грајфсвалд. Во 1659 и 1678, трупите на Бранденбург го бомбардирале градот. Првите бомбардирања главно се случиле во североисточниот дел на градот, кога 16 куќи биле запалени. Второто бомбардирање срамнило 30 куќи и оштетило уште стотици низ целиот град. Топовските ѓулиња од ова второ бомбардирање сè уште можат да се видат во ѕидините на Црквата Св. Богородица.

Во текот на Големата северна војна (1700–1721, градот бил вклучен во 1711–1713), Грајфсвалд бил дом на многу војници, кои уништиле неколку домови. Кога бил опколен соседниот Штралзунд, рускиот цар Петар Велики се здружил со Џорџ I со Грајфсвалдскиот договор. Во 1713, градското собрание и шталите биле запалени. Во 1736, уште поголем пожар уништил 26 куќи и оштетил неколку куќи. Веќе во 1669 и 1689, шведската влада издала декрет (Freiheitspatente) кој го иззел од данок секој кој градел или обновувал куќа. Овие декрети важеле, иако често изменувани, до 1824.[6]

Во 1763 била основана ботаничката градина во Грајфсвалд.

1815—денес: Германија

уреди
 
Главниот плоштад (Marktplatz)
 
Сликарот Каспар Давид Фридрих (1774–1840) го овековечил неговиот роден град во неколку негови слики („Ливада кај Грајфсвалд“ (Wiesen bei Greifswald), 1820).
 
Жена на рибарскиот бунар од Јо Јастрам во 20 век

Во текот на 19 век Грајфсвалд, познат како Грифија („Gryfia“) на полски бил еден од главните центри на полските студенти во Германија[7] По Вроцлав и Берлин, Грифија бил трет најголем град по број на полски студенти.[8]

Околу 1900, градот по првпат од средниот век значително се проширил надвор од старите градски ѕидини. Исто така, голема железничка линија го поврзала Грајфсвалд со Штралзунд и Берлин, а подоцна била изградена и локална железничка линија до Волгаст.

Градот ја преживеал Втората светска војна без многу уништување, иако бил дом на голем воен гарнизон. Во текот на војната во градот се наоѓал камп за затвореници, наречен Сталаг II-C[9] Во април 1945, Оберст Рудолф Петерсхаген го предал градот на Црвената армија без борба.

Од 1949 до 1990, Грајфсвалд бил дел од Источна Германија. Во тоа време, многу историски градби во средновековните делови на градот биле запоставени, а голем број на стари згради биле срушени. Населението значително се зголемило поради изградбата на атомската централа во Лубмин, која била затворена во почетокот на 1990-тите. Биле изградени нови предградија во карактеристичниот ист индустриски социјалистички стил, т.н. станбени блокови. Тие сè уште се дом на голем дел од градското население. Овие нови предградија биле изградени во источните и југоисточните делови на средишниот Грајфсвалд, преместувајќи го поранешниот центар на градот кон северозападниот крај на новите делови.

Обновата на стариот град започнала кон крајот на 1980-тите. Скоро целиот град бил повторно обновен. Пред тоа скоро сите градби во стариот северен град до самото пристаниште биле уништени и подоцна обновени. Историскиот плоштад е особено вреден за споменување и е еден од најубавите во северна Германија. Градот привлекува многу туристи, поради неговата близина до Балтичкото Море.

Грајфсвалд го достигнувал врвот во населението во 1988 со околу 68.000 жители, но подоцна тоа се намалило на 55.000, колку што и моментално има. Причините за опаѓањето можат да се најдат во преселувањето во западните градови на Германија, како и преминот од град во село. Меѓутоа, бројот на студенти четирикратно се зголемил од 3.000 во 1990 на повеќе од 11.000 во 2007 и универзитетот вработува 5.000 луѓе; скоро еден од тројца луѓе во Грајфсвалд е поврзан на некој начин со високото образование.

И покрај неговото релативно мало население, Грајфсвалд одржува големо регионално значење, кое се поврзува со неговата академска улога како универзитетски град и седиште на централните функции на поранешната пруска покраина Померанија до Втората светска војна, како и седиште на бискупот на Померанската лутеранска црква, покраинскиот архив (Landesarchiv) и Померанскиот музеј (Pommersches Landesmuseum). Три судови на покраината Мекленбург-Западна Померанија исто така се наоѓаат во Грајфсвалд:

  • Врховен административен суд (Oberverwaltungsgericht);
  • Покраински уставен суд (Landesverfassungsgericht); и
  • Финансиски суд (Finanzgericht)

Стопанство

уреди
 
Енергетскиот сектор е важен за градската економија. Дури и црквите во Грајфсвалд имаат сончеви плочи на покривот.
 
Продавници низ градот: Грајфсвалд е важно шопинг одредиште за целата област.

Грајфсвалд и Штралзунд се најголемите градови во делот на Западна Померанија во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија. Од големо значење за градската економија е локалниот универзитет со неговите 12.000 студенти и близу 5.000 вработени, како и други вработени во независните истражувачки објекти како Институтот Фридрих Лефлер и независните фирми.

Грајфсвалд е исто така седиште на епископијата на Померанската Евангелистичка Црква, како и седиште на покраинскиот Уставен суд и Финансискиот суд.

Туризмот игра огромна улога бидејќи Грајфсвалд се наоѓа помеѓу островите Риген и Узедом на популарниот германски балтички брег, кој привлекува многу туристи.

Еден од најголемите производители во Европа за сончеви плочи, фирмата од Берлин Солон СЕ, има производствен објект во Грајфсвалд. Третиот најголем производител во светот за јахти, Ханза Јахти, е основан во Грајфсвалд. Во енергетскиот сектор, меѓународниот гасовод од Русија до Германија завршува во Лубмин (близу Грајфсвалд). Riemser Arzeimittel е фармацевтска компанија основана на островот Римс, кој е дел од градот Грајфсвалд. Сименс комуникации има свој објект во градот.

Во студија од 2008,[10] Грајфсвалд бил прогласен за најдинамичен град во Германија. Според друга студија од 2008 година, Грајфсвалд е „најмлад град“ во Германија, бидејќи има највисок процент на домаќинства помлади од 30 години.[11]

Политика

уреди

Градски Совет

уреди
 
Знаме на Грајфсвалд

Политиката во Грајфсвалд, како во поголемиот дел на Западна Померанија, е традиционално преовладаен од партијата од десниот центар ДХС. Градскиот Совет е избран на петгодишен мандат. Од последните избори на 7 јуни 2009, 43 градски советници припаѓаат на следните партии:

Збратимени градови

уреди

Грајфсвалд е збратимен со следниве градови:

Образование

уреди

Универзитет

уреди
 
Грајфсвалдски универзитет.
 
Градската библиотека.

Основан во 1456, Грајфсвалдскиот универзитет е еден од најстарите универзитети, како во Германија и Европа. Моментално, околу 12.300 студенти студираат на пет факултет: теологија, право/економија, медицина, општествени науки и математика/природни науки.

Универзитетот соработува со многу истражувачки факултети, како што се:

  • Институт Макс Планк за плазмафизика (плазмафизика) кој е нејзино второ седиште (по Гархинг) во Грајфсвалд и експериментира со стеларатор, Венделштајн 7-X.
  • Институт за напредни студии Алфрид Круп
  • Институт Фридрих Лефлер на островот Римс (Национален истражувачки институт за животинско здравје)
  • Институт за ниски температури - плазмафизика
  • Центар за технологија
  • Центар за бионаука

Средни школи

уреди

Култура

уреди
 
Театар Западна Померанија
 
Померански покраински музеј

Грајфсвалд има голем број на музеи и изложби, од кои најпознати се Померанскиот покраински музеј (германски: Pommersches Landesmuseum): историја на Померанија и уметност, вклучувајќи дела од Каспар Давид Фридрих, роден во Грајфсвалд. Грајфсвалдскиот универзитет исто така нуди голем број на збирки, некои од нив се достапни на јавноста.

Со оглед на неговата големина и број на население, Грајфсвалд нуди широк избор на настани:

  • Театар Западна Померанија (Theater Vorpommern): театар, оркестар и опера
  • Градска сала Грајфсвалд (Stadthalle Greifswald): конвенциски центар со средна големина
  • Фестивалски игри Мекленбург-Западна Померанија (Festspiele Mecklenburg-Vorpommern): Грајфсвалд е еден од неколкуте места на класичниот музички фестивал
  • Нордиски звук (Nordischer Klang) — најголемиот фестивал за нордиската култура надвор од самите нордиски земји
  • Фестивал Бах
  • Елдена Џез
  • Летниот панаѓур Гафелриг (Gaffelrigg)
  • Музејско пристаниште (Museumshafen): историски бродови во „музејското пристаниште“
  • вообичаено литературни читања во Кепенхаус (Koeppenhaus)
  • Културен центар Св. Спиритус (St. Spiritus)
  • Меѓународен студентски фестивал Грајфсвалд (GrIStuF e. V.)
  • Грајфсвалдски музички ноќи (Greifswalder Musiknacht)
  • Грајфсвалдски бродски фестивал (Greifswalder Drachenbootfest)

Знаменитости

уреди

Камењата на сеќавањето во Грајфсвалд (Stolperstein), дел од европскиот меморијален проект, се наоѓаат на разни места низ Грајфсвалд. Бакарните плочки, напишани со имиња на Евреи кои исчезнале во Холокаустот, се вградени во тротоарите пред куќите во кои некогаш тие живееле. Дел од овие плочки во Грајфсвалд ги обележува и погромите на 9 ноември 1938 во кои Евреите од Грајфсвалд биле уапсувани и убивани, а разни фирми на Евреи и синагоги биле уништувани.[15] На 9 ноември 2012 било откриено дека 11 плочки биле откорнати, наводно од неонацисти, што било сметано за антисемитски чин, кој се случил на 74-годишнина од Кристалната ноќ.[16]

Сообраќај

уреди
 
Грајфсвалд е пресечен од реката Рик, која се влева во Грајфсвалдскиот Залив.

Според студија од 2009 година, 44% од сите луѓе во Грајфсвалд ги користат нивните велосипеди за секојдневен превоз низ градот, што е највисока таква стапка во Германија.[17] Во градот постои и јавен градски и регионален автобуски превоз. Локалните автобуси се управувани од градското претпријатие Грајфсвалд.

Грајфсвалд се наоѓа на подеднакво растојание од околу 250 километри од двата најголеми града, Берлин и Хамбург, до кои може да се дојде преку автопатот А20 со кола за околу два часа. Исто така, постојат железнички врски до и од Хамбург (преку Штралзунд и Росток), и Берлин. Омилените летни туристички одредишта Узедом и Риген се достапни и со кола и со воз.

Железничката станица Грајфсвалд го поврзува градот со Штралзунд, Цисов, Узедом, Ангерминде, Еберсвалде и Берлин. Станицата е исто така опслужувана од возовите ИЦЕ и EuroCity до градови во Германија и во Чешка.

Грајфсвалд поседува пристаниште на Балтичкото Море, како и неколку марини. Историскиот градски центар е на околу 3 километри од брегот и може да се стигне до него со јахти и мали бротчиња преку реката Рик. Грајфсвалдскиот Залив е омилено место за едрење и сурфање, додека најголемите германски острови, Риген и Узедом, се наоѓаат на неговите брегови.

Познати луѓе

уреди
 
Каспар Давид Фридрих (портрет на Герхард фон Кигелген, околу 1810–20)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2022 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. 2023. (германски)
  2. 2,0 2,1 „Нема име“. Грајфсвалд. Архивирано од изворникот на 2011-05-17. Посетено на 8 април 2011.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Langer, Herbert (2003). Asmus, Ivo; Droste, Heiko; Olesen, Jens E. (уред.). Gemeinsame Bekannte: Schweden und Deutschland in der Frühen Neuzeit. Die Anfänge des Garnisionswesens in Pommern (германски). Berlin-Hamburg-Münster: LIT Verlag. стр. 403. ISBN 3-8258-7150-9.
  4. Langer, Herbert (2003). Asmus, Ivo; Droste, Heiko; Olesen, Jens E. (уред.). Gemeinsame Bekannte: Schweden und Deutschland in der Frühen Neuzeit. Die Anfänge des Garnisionswesens in Pommern (германски). Berlin-Hamburg-Münster: LIT Verlag. стр. 397. ISBN 3-8258-7150-9.
  5. исто така Перуци, Перус; Warlich, Bernd. „Der Dreißigjährige Krieg in Selbstzeugnissen, Chroniken und Berichten“. Perusi [Peruß, Perusius], Fra Luigi [Lodovico Francesco] de. Volkach. Архивирано од изворникот на 2013-02-10. Посетено на 31 август 2012.
  6. Felix Schönrock's studies in: Frank Braun, Stefan Kroll, Städtesystem und Urbanisierung im Ostseeraum in der frühen Neuzeit: Wirtschaft, Baukultur und historische Informationssysteme: Beiträge des wissenschaftlichen Kolloquiums in Wismar vom 4. Und 5 септември 2003,2004, pp.184ff, ISBN 3-8258-7396-X, 9783825873967, [1]
  7. S. Wierzchosławski, Polskie organizacje studenckie na uniwersytecie w Gryfii w drugiej połowie XIX i początkach XX wieku, Studia Historica Slavo- Germanica T. X — 1981, s. 127 – 140
  8. Die Universität Greifswald in der Bildungslandschaft des Ostseeraums, стр. 372 Dirk Alvermann, Nils Jörn, Jens E. Olesen
  9. Jewish Library Nazi POW Camps
  10. Siehe Handelsblatt: http://www.handelsblatt.com/news/Default.aspx?_p=302919&_t=ft&_b=1245899
  11. Студијата покажа: Грајфсвалд е германскиот „најмлад град“
  12. Хасинен, Раино. „Kotka - International co-operation: Twin Cities“. Град Котка. Архивирано од изворникот на 2017-06-29. Посетено на 22 октомври 2013.
  13. „Kontakty partnerskie Miasta Szczecin“. Urząd Miasta Szczecin (полски). Архивирано од изворникот 2012-08-18. Посетено на 29 јули 2013.
  14. Greifswald.de(германски)
  15. „Neo-Nazis vandalize German Holocaust monument on Kristallnacht anniversary“. CFCA. Архивирано од изворникот на 2015-04-28. Посетено на 26 јануари 2013.
  16. „Alle Stolpersteine in Greifswald gestohlen“. Norddeutscher Rundfunk. Посетено на 26 јануари 2013.
  17. Greifswald ist Fahrradhauptstadt Deutschlands, 20 октомври 2009

Надворешни врски

уреди