Ангерминде
Ангерминде (германски: Angermünde; полски: Węgryujście) — град во округот Укермарк, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа на Миндеското Езеро, 43 километри североисточно од Берлин. Неговата железничка станица е јазол за линиите до Пренцлау, Бад Фрајенвалде и Швет.
Ангерминде | |
Главниот плоштад | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Бранденбург |
Округ | Укермарк |
Градски единици | 24 |
Градоначалник | Волфганг Краков (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 326,44 км2 |
Надм. височина | 50 м |
Население | 13.692 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 42 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | UM |
Пошт. бр. | 16278 |
Повик. бр. | 03331 |
Портал | www.angermuende.de |
Местоположба на градот Ангерминде во рамките на округот Укермарк | |
Координати | 53°02′0″N 14°00′0″E / 53.03333° СГШ; 14.00000° ИГД |
Преглед
уредиНаселението во градот се движи околу 10.000 жители, но тоа е во постојан пад поради опаѓањето на неговата традиционална индустрија, емајлирање на садови. Во градот се наоѓаат неколку протестантски цркви, неколку училишта и неодамна обновениот историски плоштад со старото градско собрание. Сместен во околина богата со шуми во кои се наоѓа разновиден дивеч во историската област Укермарк, со неговите многубројни езера, денес, главно се потпира на приходите од туризмот.
Градот е познат и по победата на Фридрих Први во 1420 над Померанија.
Галерија
уреди-
Градски бедем
-
Миндеското Езеро во Ангерминде
-
Капела на Светиот Дух
-
Црква во Шмидеберг
-
Дрвена куќа во Шмидеберг
Наводи
уреди- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
Надворешни врски
уреди„Ангерминде“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
Оваа статија за место во Бранденбург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |