Грајфсвалдски универзитет
Грајфсвалдски универзитет (службено Универзитет Ернст Мориц Арнт Грајфсвалд; германски: Ernst-Moritz-Arndt-Universität Greifswald) — јавен истражувачки универзитет, сместен во Грајфсвалд, Германија, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија.
Ernst-Moritz-Arndt-Universität Greifswald | |
латински: Universitas Gryphiswaldensis | |
Гесло | Wissen lockt. Seit 1456. (Знаењето привлекува. Од 1456.) |
---|---|
Вид | јавен |
Основан | 1456, Свето Римско Царство (предавања од 1436)[1] |
Ректор | Ханелоре Вебер (352.) |
Административен кадар | 5.400[2] (2008) |
Студенти | 12.300[3] (10/2009) |
Место | Грајфсвалд, Мекленбург-Западна Померанија, Германија 54°05′41″N 13°22′29″E / 54.094638° СГШ; 13.374626° ИГД |
Кампус | урбан |
Прекар | EMAU |
Припадност | CBUR, DAAD, DFG, EUA, HRK |
www.uni-greifswald.de | |
Основан во 1456 (со предавање постои од 1436[1]), тој е е еден од најстарите универзитети во Европа, со генерации на познати дипломци и наставен кадар, кои студирале или работеле во Грајфсвалд. Како четврти најстар универзитет во денешна Германија, додека привремено бил најстар универзитет во рамките на Кралствата Шведска (1648–1815) и Прусија (1815–1945), соодветно. Околу две третини од 12.000 студенти доаѓаат надвор од покраината. Поради атмосферата на мал град, присуството на студентите од самиот универзитет е многу изразено, па поради тоа, Грајфсвалд често е опишуван како „универзитет со град изграден околу него“, наместо град со универзитет.
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Грајфсвалдски универзитет на Ризницата ?
54°5′40.70″N 13°22′28.65″E / 54.0946389° СГШ; 13.3746250° ИГД