Померански покраински музеј
Померански покраински музеј (германски: Pommersches Landesmuseum) — јавен музеј во Грајфсвалд, Западна Померанија, посветен на историјата и уметноста на Померанија (Поморје). Најголемите изложби прикажуваат археолошки пронајдоци и артефакти од областа на Померанија и слики, од автори како што е Каспар Давид Фридрих, кој бил жител на Грајфсвалд. Музејот работел во текот на периодот 1998-2005 во историскиот францискански манастир.
Близу Бинц на блискиот остров Риген, се гради придружен објект на музејот во непосредна близина на Замокот Границ, поранешна ловечка куќа на принцовите од Риген. Овој објект ќе биде посветен на историјата на островот.
Музејот на почетокот на XX век во Штетин, тогашен главен град на покраината Померанија, бил наречен „Померански покраински музеј за старите времиња“ (Provinzialmuseum pommerscher Altertümer), кој подоцна бил именуван само со Померански покраински музеј од 1934.[1]
Наводи
уреди- ↑ Werner Buchholz, Pommern, Siedler, 1999, p. 438, ISBN 3-88680-272-8