Кос (германски: Koos) — најголем од неколкуте мали острови во Грајфсвалдскиот Залив, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Има површина од 772 хектари и максимална височина од само над три метри.[1] Островот е во голем дел ненаселен природен резерват со ограничен пристап.[2][3] Тој е одвоен од копното со Коскиот Залив и Коското Море (Kooser Bucht и Kooser See), два залива поврзани со тесен премин Бек (Beek).[1]

Местоположбата на Кос (црвено) во поранешниот округ Источна Западна Померанија, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија

Во 1241, Барнута, кнез на Риген, го доделил Кос (тогаш Хостен (Chosten)) на манастирот Елдена (тогаш „Хилда“),[4] подоцна станал посед на ханзеатскиот град Грајфсвалд, сместен неколку километри кон југ. Средновековниот бург бил наведен на островот, но не е потврден.[5] Холандската населба од XVII век исчезнала во XVIII век. Кос е администриран од блискиот град Грајфсвалд.[3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Карта на Кос, височина и населби
  2. Прогласување на Кос како дел од Природниот резерват „Остров Кос, Коско Море и Вампенски гребен“ (Naturschutzgebiet „Insel Koos, Kooser See und Wampener Riff“) [1] Архивирано на 16 јули 2011 г.
  3. 3,0 3,1 Детален список на заштитени области во рамките на Грајфсвалд
  4. Christian Lübke, Struktur und Wandel im Früh- und Hochmittelalter: eine Bestandsaufnahme aktueller Forschungen zur Germania Slavica, Franz Steiner Verlag, 1998, стр. 308, ISBN 3-515-07114-8
  5. Christian Lübke, Struktur und Wandel im Früh- und Hochmittelalter: eine Bestandsaufnahme aktueller Forschungen zur Germania Slavica, Franz Steiner Verlag, 1998, p.305, ISBN 3-515-07114-8

54°10′N 13°25′E / 54.167° СГШ; 13.417° ИГД / 54.167; 13.417