Временска рамка на мировните мисии на Обединетите Нации
Обединетите нации одобриле 71 мировна операција заклучно со април 2018 година. Овие не вклучуваат интервенции овластени од ООН како Корејската војна и Заливската војна. Во 90-тите години на минатиот век се случиле најмногу мировни операции на ООН досега. Мировните операции ги надгледувал Одделот за мировни операции и имаат некои заеднички одлики, имено вклучување на воена или полициска компонента, честопати со овластување за употреба на сила според Поглавје VII од Повелбата на Обединетите нации. Мировните операции се разликуваат од специјалните политички мисии (SPM), кои ги надгледува Одделот за политички работи (DPA). Специјалните политички мисии не се вклучени во табелите подолу.
40-ти години на XX век
уредиПочеток | Крај | Име | Акроним | Територија | Цел | Коментар |
---|---|---|---|---|---|---|
1948 година | Во тек | Организација за надзор на примирјето на Обединетите нации | UNTSO | Израел; | Да се следи прекинот на огнот во арапско-израелскиот конфликт. | Овластен во јуни 1948 година по Првата арапско-израелска војна. Првата мировна мисија на ООН. |
1949 година | Во тек | Група на воени набудувачи во Индија и Пакистан на Обединетите нации | UNMOGIP | Индија | Да се следи прекинот на огнот помеѓу Индија - Пакистан во конфликтот во Кашмир. | Овластен по Првата индо-пакистанска војна. |
50-ти години на XX век
уредиПочеток | Крај | Име | Акроним | Територија | Цел | Коментар |
---|---|---|---|---|---|---|
1956 година | 1967 година | Први Итни сили на Обединети нации | UNEF-I | Египет | Да се надгледува повлекувањето на египетските и израелските трупи од Суецската криза. | Први вооружени мировници. Завршила во јуни 1967 година за време на Шестдневната војна. |
1958 година | 1958 година | Група за набљудување во Либан на Обединети Нации | UNMOGIP | Либан | Да се спречи војската и оружјето да влезат во Либан за време на кризата. | Завршила во декември 1958 година. |
60-ти години на XX век
уредиПочеток | Крај | Име | Акроним | Територија | Цел | Коментар |
---|---|---|---|---|---|---|
1960 година | 1964 година | Операција во Конго на Обединетите нации | ONUC | Република Конго — Конго | Спречување на странска интервенција и зачувување на територијата на Конго за време на кризата во Конго. | Завршила во јуни 1964 година. |
1962 година | 1963 година | Безбедносни сили во Западна Нова Гвинеја/Западен Иријан на Обединетите нации | UNSF | Холандија — | Да се следи прекинот на огнот за време на транзицијата на Западен Иријан од холандска во индонезиска власт. | Завршила во април 1963 година. |
1963 година | 1964 година | Набљудувачка мисија во Јемен на Обединетите нации | UNYOM | Јемен, т.е. Северен Јемен |
Надгледување на заминувањето трупите на Саудиска Арабија и Египет од граѓанската војна во Северен Јемен. | Завршила во септември 1964 година. |
1964 година | Во тек | Мировни сили во Кипар на Обединетите нации | UNFICYP | Кипар | Спречување на конфликтот помеѓу кипарските Грци и Турци. | |
1965 година | 1966 година | Мисија во Доминиканската Република на претставникот на генералниот секретар | DOMREP | Доминиканска Република | Следење на ситуацијата предизвикана од опозицијата во Доминиканската Република. | Завршила во октомври 1966 година. |
1965 година | 1966 година | Набљудувачка мисија во Индија-Пакистан на Обединетите нации | UNIPOM | Индија, | Надгледување на прекинот на огнот во Индија-Пакистан надвор од Кашмир по втората индо-пакистанска војна. | Завршила во март 1966 година. |
70-ти години на XX век
уредиПочеток | Крај | Име | Акроним | Територија | Цел | Коментар |
---|---|---|---|---|---|---|
1973 година | 1979 година | Втори Итни сили на Обединетите нации | UNEF-II | Египет | Надгледување на повлекувањето на силите од Синајскиот полуостров по Јомкипурската војна помеѓу Египет, Сирија и Израел. | Завршила јули 1979 година. |
1974 година | Во тек | Набљудувачки сили за разоружување на Обединетите нации | UNDOF | Голанска Висорамнина, оспорена помеѓу: |
Одржување примирје меѓу Сирија и Израел на Голанската висорамнина. | |
1978 година | Во тек | Привремени сили во Либан на Обединетите нации | UNIFIL | Либан | Надгледување на повлекувањето на Израел од Либан. Чување на меѓународниот мир и безбедност и помош кон либанската влада да го врати својот делотворен авторитет во областа. |
80-ти години на XX век
уредиПочеток | Крај | Име | Акроним | Територија | Цел | Коментар |
---|---|---|---|---|---|---|
1988 година | 1990 година | Мисија за несебична помош во Авганистан и Пакистан на Обединетите нации | UNGOMAP | Д. Р. Авганистан, т.е. Авганистан; Пакистан |
Оневозможување на Авганистан и Пакистан од меѓусебно кочење. | Завршила во март 1990 година. |
1988 година | 1991 година | Група на воени набудувачи во Иран-Ирак на Обединетите нации | UNIIMOG | Ирак, т.е. Баатистички Ирак; Иран |
Да биде под надзор на примирјето по војната во Иран и Ирак. | Завршила во февруари 1991 година. |
1989 година | 1991 година | Прва Мисија за верификација на Ангола на Обединетите нации | UNAVEM-I | Ангола | Надгледување на повлекувањето на кубанските трупи од граѓанската војна во Ангола. | Завршила во јуни 1991 година. |
1989 година | 1990 година | Група за асистирана транзиција на Обединетите нации | UNTAG | Југозападна Африка Намибија (1990-) |
Надгледување на изборите во Намибија и преминот кон независност од Јужна Африка. | Завршила во март 1990 година. |
1989 година | 1992 година | Група на набљудувачи во Средна Америка на Обединетите нации | ONUCA | Никарагва | Набљудување на прекинот на огнот во граѓанската војна во Никарагва. | Завршила во јануари 1992 година. |
90-ти години на XX век
уредиПочеток | Крај | Име | Акроним | Територија | Цел | Коментар |
---|---|---|---|---|---|---|
1991 година | 2003 година | Мисија за набљудување во Ирак-Кувајт на Обединетите нации | UNIKOM | Кувајт Баатистички Ирак |
Засилување на Кувајтско-Ирачката граница по Заливската војна. | Завршила во 2003 година. |
1991 година | 1995 година | Втора Мисија за верификација на Ангола на Обединетите нации | UNAVEM-II | Ангола | Овозможување на прекин на огнот во Граѓанската војна во Ангола. | Завршила во февруари 1995 година. |
1991 година | 1995 година | Мисија за набљудување во Ел Салвадор на Обединетите нации | ONUSAL | Ел Салвадор | Овозможување на прекин на огнот во Граѓанската војна во Ел Салвадор. | Завршила во април 1995 година. |
1991 година | Во тек | Мисија за референдум во Западна Сахара на Обединетите нации | MINURSO | Западна Сахара Мароко ја оспорува независноста |
Овозможување на прекин на огнот и помош за организирање референдум за иднината на регионот по Војната во Западна Сахара. | |
1991 година | 1992 година | Предвремена Мисија во Камбоџа на Обединетите нации | UNAMIC | Камбоџа | Подготовка на преодна управа во Камбоџа на Обединетите нации по Камбоџанско-Виетнамската војна. | Завршила во март 1992 година. |
1992 година | 1995 година | Сила за заштита на Обединетите нации и Сила за превентивно распоредување на Обединетите нации |
UNPROFOR и UNPREDEP | Хрватска Босна и Херцеговина Македонија |
Заштитување на територијата на Хрватска, Босна и Херцеговина, и Македонија за време на Југословенските војни. | Реструктурирана во декември 1995 година. |
1992 година | 1993 година | Преодна управа во Камбоџа на Обединетите нации | UNTAC | Камбоџа | Помош за реорганизирање на Камбоџа. | Завршила во септември 1993 година. |
1992 година | 1993 година | Прва Операција во Сомалија на Обединетите нации | UNOSOM-I | Сомалија | Овозможување на прекин на огнот за време на Граѓанската војна во Сомалија, реорганизирана како Заедничка целна сила (UNITAF). | Заменета во март 1993 година од UNOSOM-II. |
1992 година | 1993 година | Мисија за набљудување за верификација на референдумот во Еритреја | UNOVER | Етиопија | Набљудување на референдумот за независност на Еритреја од Етиопија. | Завршила во април 1993 година. |
1992 година | 1994 година | Операција во Мозамбик на Обединетете нации | ONUMOZ | Мозамбик | Набљудување на прекинот на огнот во Граѓанската војна во Мозамбик. | Завршила во декември 1994 година. |
1993 година | 1995 година | Втора Операција во Сомалија на Обединетите нации | UNOSOM-II | Сомалија | Стабилизирање на Сомалија и асистенција на хумабитарните напори за време на Граѓанската војна во Сомалија. | Завршила во март 1995 година. |
1993 година | 1994 година | Мисија за набљудување во Уганда-Руанда на Обединетите нации | UNOMUR | Руанда Уганда |
Овозможување на прекин на огнот помеѓу Руанда и бунтовничката група заснована во Уганда за време на Граѓанската војна во Уганда. | Завршила во септември 1994 година. |
1993 година | 2009 година | Мисија за набљудување во Грузија на Обединетите нации | UNOMIG | Грузија Абхазија (независноста од Грузија е непризнаена од меѓународната заедница) |
Овозможување на прекин на огнот помеѓу Грузија и абхазиските сепаратисти по Абхазиската војна. | Русија ставила вето на екстензијата во јуни 2009 година. |
1993 година | 1996 година | Мисија за набљудување во Либерија | UNOMIL | Либерија | Набљудување на прекинот на оган и избори по Првата граѓанска војна во Либерија. | Завршила во јуни 1997 година. |
1993 година | 1996 година | Мисија во Хаити на Обединетите нации | UNMIH | Хаити | Стабилизација на Хаити по неуспешниот државен удар. | Завршила во јуни 1996 година. |
1993 година | 1996 година | Придружна мисија во Руанда на Обединетите нации | UNAMIR | Руанда | Набљудување на прекинот на оган и поддршка на олеснителните напори по Геноцидот во Руанда. | Завршила во март 1996 година. |
1994 година | 1994 година | Група за набљудување во Појасот Аузу на Обединетите нации | UNASOG | Чад | Набљудување на либиското повлекување од оспорената територија доделена од Меѓународниот суд на правдата на Чад. | Завршила во јуни 1994 година. |
1994 година | 2002 година | Мисија на набљудувачи во Таџикистан на Обединетите нации | UNMOT | Таџикистан | Набљудување на прекинот на оган во Граѓанската војна во Таџикистан. | Завршила во мај 2000 година. |
1995 година | 1997 година | Трета Мисија за верификација на Ангола на Обединетите нации | UNAVEM-III | Ангола | Набљудување на прекинот на оган и разоружување. | Завршила во јуни 1997 година. |
1995 година | 1996 година | Операција за враќање на самодовербата во Хрватска на Обединетите нации | UNCRO | Хрватска | Обиди за овозможување на прекин на огнот во Војната во Хрватска. | Завршила во јануари 1996 година. |
1995 година | 1999 година | Сила за превентивно распоредување на Обединетите нации | UNPREDEP | Македонија | Замена на UNPROFOR во Македонија и набљудување на границата со Албанија. | Завршила во февруари 1999 година. |
1995 година | 2002 година | Мисија во Босна и Херцеговина на Обединетите нации | UNMIBH | Босна и Херцеговина | Набљудување на човековите права, деминирање, и помош по Босанската војна | Завршила на 31 декември 2002 година. |
1996 година | 1998 година | Транзициска администрација за Источна Славонија, Барања и Западна Сирмија на Обединетите нации | UNTAES | Источна Славонија, Барања и Западна Сирмија | Супервизија на интеграцијата на регионот кон Хрватска. | Завршила во јануари 1998 година. |
1996 година | 2002 година | Мисија на набљудувачи во Превлака на Обединетите нации | UNMOP | Хрватска | Набљудување на демилитаризацијата на Превлашкиот полуостров, Хрватска. | Завршила во декември 2002 година. |
1996 година | 1997 година | Мисија за поддршка во Хаити на Обединетите нации | UNSMIH | Хаити | Модернизирање на полицијата и армијата на Хаити. | Завршила во јули 1997 година. |
1997 година | 1997 година | Мисија за верификација на Гватемала на Обединетите нации | MINUGUA | Гватемала | Набљудување на прекинот на оган во Граѓанската војна во Гватемала. | Завршила во мај 1997 година. |
1997 година | 1999 година | Мисија за набљудување на Ангола на Обединетите нации | MONUA | Ангола | Набљудување на прекинот на оган и разоружување. | Завршила во февруари 1999 година. |
1997 година | 1997 година | Мисија за транзиција на Хаити на Обединетите нации | UNTMIH | Хаити | Помош за стабилизација на Хаити. | Завршила во ноември 1997 година. |
1997 година | 2000 година | Мисија за цивилната полиција во Хаити на Обединетите нации | MIPONUH | Хаити | Модернизација на полицијата на Хаити. | Завршила во март 2000 година. |
1998 година | 1998 година | Поддршка за цивилната полиција во Хрватска на Обединетите нации | UNPSG | Хрватска | Надзор врз полицијата на Хрватска. | Завршила во октомври 1998 година. |
1998 година | 2000 година | Мисија во Централноафриканската Република на Обединетите нации | MINURCA | ЦАР | Одржување на безбедноста и стабилноста во Централноафриканската Република. | Завршила во февруари 2000 година. |
1998 година | 1999 година | Мисија за набљудување во Сиера Леоне на Обединетите нации | UNOMSIL | Сиера Леоне | Надзор врз разоружувањето и демобилизацијата во Граѓанската војна во Сиера Леоне. | Завршила во октомври 1999 година. |
1999 година | Во тек | Привремена мисија на Косово на Обединетите нации | UNMIK | Косово Србија (против независност) |
Добивање административна власт, вклучително и спроведување на правдата во Република Косово. | |
1999 година | 2005 година | Мисија во Сиера Леоне на Обединетите нации | UNAMSIL | Сиера Леоне | Помош за стабилизација и разоружување на Сиера Леоне. | Завршила во декември 2005 година. |
1999 година | 1999 година | Мисија во Источен Тимор на Обединетите нации | UNAMET | Индонезија Индонезиски Источен Тимор |
Надгледување на популарното мислење за референдум во однос со политиката на Индонезија. | Завршила во 1999 година, заменета со следната мисија UNTAET. |
1999 година | 2002 година | Транзициска администрација во Источен Тимор на Обединетите нации | UNTAET | Индонезија Индонезиски Источен Тимор Источен Тимор (независен) |
Транзиција на Источен Тимор кон независност. | Завршила во мај 2002 година. |
1999 година | 2010 година | Мисија за организација во Демократска Република Конго на Обединетите нации | MONUC | ДР Конго | Набљудување на прекинот на оган во Демократска Република Конго. | Завршила во јуни 2010 година. |
00-ти години на XI век
уредиПочеток | Крај | Име | Акроним | Територија | Цел | Коментар |
---|---|---|---|---|---|---|
2000 година | 2008 година | Мисија во Етиопија и Еритреја на Обединетите нации | UNMEE | Етиопија Еритреја |
Спроведување прекин на огнот по војната во Еритреја - Етиопија. | Завршила во јули 2008 година откако Еритреја (принудени да ги истераат трупите на ООН) и Етиопија (одбиле да ја прифатат пресудата на Меѓународниот суд на правдата за границата) одбиле да соработуваат. |
2002 година | 2005 година | Мисија за поддршка во Источен Тимор на Обединетите нации | UNMISET | Источен Тимор | Обезбедување на сигурноста и стабилизирање на современата состојба по независноста на земјата. | Завршила во мај 2005 година. |
2003 година | 2018 година | Мисија во Либерија на Обединетите нации | UNMIL | Либерија | Надзор на примирјето и обука на националната полиција по Втората граѓанска војна во Либерија. | |
2004 година | 2017 година | Операција на Обединетите нации во Брегот на Слоновата Коска | UNOCI | Брег на Слоновата Коска | Олеснување на спроведувањето на мировниот процес по Првата граѓанска војна во Брегот на Слоновата Коска. | |
2004 година | 2017 година | Мисија за стабилизација на Хаити на Обединетите нации | MINUSTAH | Хаити | Враќање на стабилноста на Хаити. | Подоцна е координирана безбедносна реакција за земјотресот во Хаити во 2010 година. |
2004 година | 2006 година | Операција во Бурунди на Обединетите нации | ONUB | Бурунди | Помош во спроведувањето на договорите на Аруша. | Завршила во декември 2006 година, заменета со BINUB. |
2005 година | 2011 година | Мисија во Судан на Обединетите нации | UNMIS | Судан | Поддршка за спроведувањето на Сеопфатниот мировен договор по Втората граѓанска војна во Судан, извршување на одредени функции во врска со хуманитарната помош и заштитата и унапредувањето на човековите права. | Завршила во јули 2011 година, наследен од МОНЈС. |
2006 година | 2012 година | Интегрирана мисија во Источен Тимор на Обединетите нации | UNMIT | Источен Тимор | Поддршка на Владата за консолидирање на стабилноста, унапредување на културата на демократското управување и олеснување на политичкиот дијалог меѓу заинтересираните страни во Тимор, во нивните напори да се воспостави процес на национално помирување и да се поттикне социјално заедништво. | |
2007 година | Во тек | Хибридна операција во Дарфур на Обединетите нации и Африканската унија | UNAMID | Судан | Следење на трговијата со оружје и испораката, овозмжување и прекин на огнот за време на војната во Дарфур. | |
2007 година | 2010 година | Мисија во Централноафриканската Република и Чад на Обединетите нации | MINURCAT | ЦАР Чад |
Основана поради бегалската криза од геноцидот во Дарфур во Судан. | Завршила во декември 2010 година поради противење на владата на Чад. |
10-ти години на XI век
уредиПочеток | Крај | Име | Акроним | Територија | Цел | Коментар |
---|---|---|---|---|---|---|
2010 година | Во тек | Мисија за стабилизација на организацијата во Демократска Република Конго на Обединетите нации | MONUSCO | ДР Конго | Следење на прекинот на оган во Демократска Република Конго. | |
2011 година | Во тек | Привремена безбедносна сила за Ајбеј на Обединети нации | UNISFA | Абјеи е оспорен од: Судан Јужен Судан |
Да се следи прекинот на огнот во Абјеи. | |
2011 година | Во тек | Мисија во Јужен Судан на Обединети нации | UNMISS | Јужен Судан | Помош на новата држава Јужен Судан. | |
2012 година | 2012 година | Мисија за поддршка во Сирија на Обединети нации | UNSMIS | Сирија | Да се проследи договорот за прекин на огнот во Граѓанската војна во Сирија. | |
2017 година | Во тек | Мисија за поддршка на правдата на Хаити на Обединети нации | MINUJUSTH | Хаити | Помош на Владата за понатамошен развој на националната полиција на Хаити (HNP); зајакнување на институциите за владеење на правото на Хаити, вклучително и правдата и затворите; и промоција и заштита на човековите права во Хаити. |