Мисија за набљудување во Уганда-Руанда на Обединетите нации

Мисијата за набљудување во Уганда-Руанда на Обединетите нации (UNOMUR) била мировна мисија основана од Советот за безбедност на Обединетите нации со Резолуцијата 846 и траела од јуни 1993 до септември 1994 година. Мисија се состоела од „следење на границата помеѓу Уганда и Руанда и да потврди дека не се обезбедува воена помош преку неа“. Со седиште во Кабале, Уганда мандатот покривал граница од 310 километри. Земјите кои придонеле за УНОМУР се Бангладеш, Боцвана, Бразил, Унгарија, Холандија, Сенегал, Словачка и Зимбабве.[1]

Руанда (црвена) и Уганда (зелена).

Мандат

уреди

Главниот воен набљудувач на мисијата од јуни до октомври 1993 година бил бригадир генералот Ромео Далер од Канада, кој подоцна станал славен како командантот на силите на Придружната мисија во Руанда на Обединетите нации за време на геноцидот во Руанда. Далер пристигнал во Уганда на почетокот на октомври 1993 година, каде офицерот за врска од Армијата на националниот отпор (АНО) го известил дека мора да биде информиран за сите патроли на УНОМУР најмалку дванаесет часа однапред и дека сите патроли ќе имаат придружба на АНО. Кога Далер протестирал дека целата поента на Мисијата е да се открие сомнителна активност со „елемент на изненадување“, службеникот на АНО сепак инсистирал на тоа. Исто така, и покрај фактот дека Уганда се согласила дека областа на верификација ќе се движи 100 км навнатре во границата со Уганда, кој го вклучувал и транспортниот центар на Мбарара, АНО инсистирале на 20 км ограничување, ставајќи ја Мбарара вон границите.[2]

Далер забележал:

Границата беше сито, преполна со мали планински патеки што беа таму со милениуми. Со оглед на мојата мала сила од осумдесет и еден набудувач и фактот дека немавме хеликоптери со можност за ноќно гледање, задачата да се задржи границата под надзор беше во најдобар случај симболична.[3]

Далер наскоро бил назначен за шеф на новата мисија во Руанда и ја напуштил Уганда на 21 октомври. Неговата замена за главен воен набљудувач бил поранешниот команден полковник Бен Мативаза од Зимбабве, а подоцна полковникот Асрарул Хаке од Бангладеш.

UNOMUR подоцна ќе биде ставена под команда на UNAMIR. По геноцидот и избувнувањето на граѓанската војна во Руанда, мандатот на мисијата завршил на 21 септември 1994 година.

Наводи

уреди
  1. „UNITED NATIONS OBSERVER MISSION -UGANDA-RWANDA“. United Nations.
  2. Dallaire, Roméo (2003). Shake Hands with the Devil. Carroll & Graf: New York. ISBN 0-7867-1510-3, pp. 93-96
  3. Dallaire 2003, p. 95

Надворешни врски

уреди